Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија петти пат ќе го одбележат Светскиот ден на логиката – 14 Јануари. По тој повод, утре напладне на платформата „Зум“, ќе се одржи онлајн-предавање на тема „Втемелувањето и неговата епистемологија“ (Grounding and its Epistemology), со д-р Дамјан Алексиев, постдокторски истражувач при Виенскиот универзитет. Светскиот ден на логиката е утврден од ...
Собранието ја започна постапката за избор на државен обвинител. Во наредните 15 дена, јавните обвинители и кривичните судии кои се заинтересирани за оваа клучна позиција во судството, имаат можност да се пријават на огласот објавен во Службен весник. Огласот трае до 26 јануари, а кандидатите пријавите треба да ги достават до Парламентот. На огласот можат да се пријават само оние кои имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како судии или ...
Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат и камерите на МВР за лов на несовесните граѓани кои од други градови и држави пуштаат улични кучиња низ скопските населби. Откако во Скопје се појавија глутници кучиња од Град Скопје најавуваат засилени мерки во соработка со Министерството за внатрешни работи. Главна цел е да се намали бројката на уличните кучиња кои неретко се агресивни и напаѓаат случајни минувачи и деца. ...
Пијан Кавадарчанец полово ја нападнал ќерка му, а двајца Неготинчани имале сексуални односи пред малолетник. Тиквешијата ја потресоа двата случаи на педофилија, за кои Јавното обвинителство во Кавадарци веќе отвори предмети. Во едниот случај, таткото од Кавадарци, кој често бил во алкохолизирана состојба, ја допирал ќерка му, која имала само 13 години. „Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои ...
Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко време. Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се меѓу блоковите што ...
Општина Кисела Вода денеска почна со изградба на првото од вкупно 10 нови детски катчиња, кои ќе се реализираат во целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во селото Драчево. Како што информираат од локалната самоуправа, на гумирана подлога, која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогана и мрежа за качување. ...
Срцеви заболувања, тешки проблеми со белите дробови, астма, хроничен бронхитис, па дури и канцер – ова не се далечни закани, туку најчестите последици од пушењето цигари предупредуваат лекарите.Најавениот нов закон против пушење ако се имплемнтира до крај ќе даде добри резултати оценува лекарската фела. Според директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза со ограничување на пасивното пушење, значително ќе се намали ризикот ...
Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат и камерите на МВР за лов на несовесните граѓани кои од други градови и држави пуштаат улични кучиња низ скопските населби. Откако во Скопје се појавија глутници кучиња од Град Скопје најавуваат засилени мерки во соработка со Министерството за внатрешни работи. Главна цел е да се намали бројката на уличните кучиња кои неретко се агресивни и напаѓаат случајни минувачи и деца. ...
Градинарите и откупувачите од Струмичко очекуваат да продолжат позитивните трендови на успешни производствени и откупни сезони и во 2026 година. Заедничка е оценката дека најголем дел од производството имаше сигурен откуп и добри цени, но бараат долгорочни решенија за сигурен пласман и производство за познат купувач. Производителот на лути пиперки од село Банско, Даме Тренчовски, кој меѓу првите излегува на пазарот, смета дека и годинава не ...
Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои извештајот за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година. Пред членовите на комисијата говореше Елена Велјановска, заменик директорка на Агенцијата за заштита на личните податоци, која истакна дека извештајот ги содржи постигнувањата и предизвиците со кои се соочува Агенцијата. -Во 2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци презеде ...
На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, ја потврдуваат и извори од грчката компанија. Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според ...
Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализира хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства, информираат од Општината. Со поддршка на општествено одговорни компании биле обезбедени над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои им беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна. – ...
Националниот парк Шар Планина информира дека во текот на 2026 година ќе почне продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постоечкиот мониторинг на балканскиот рис и популациите на дива коза на Шар Планина. Во текот на оваа година следењето и набљудувањето на овие диви животни установата ќе го прави со зголемен број видеокамери. Благодарение на поддршката од проектот на ПОНТ, набавени се ...
Во ноември 2025 година 77 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 проценти се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција, 12 401, по што следуваат Германија, 11 812, Србија, 3 793, Грција 3 506,… Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33,9 проценти се од домашните ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизијата на усогласеност на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за 2024 година. Како што информира, утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека седум од вкупно 16-те зони, на ...
Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено бидејќи Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за тоа кое обвинителство е надлежно за водење на постапката. Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција или ...
Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици, кои можеби не се веднаш видливи, но долгорочно ќе придонесат за создавање поздрава нација, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог алерголог, кого го прашавме за коментар за најавениот нов закон против пушењето. – Новиот закон против пушењето, морам да признам, е доста рестриктивен, но гледам исклучиво позитивни ефекти и бенефити од неговата ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Владата се сретна со амбасадорот на Република Косово, Флориан Ќехаја, соопштија од МЕП. На средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат двете институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнале важноста од ...
Учениците од подрачното ОУ „Никола Парапунов“ од виничкото село Драгобраште наставата во второто полугодие ќе ја започнат во централното училиште во Виница. Причина за ова е што се уште траат градежните активности во училишниот објектот во Драгобраште, информира локалната самоуправа. -Во првото полугодие, исто така се работеше. Се изврши целосната реконструкција на азбестниот кров на училиштето, кој се наоѓаше во исклучително лоша состојба и ...
Царинските службеници на граничниот премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари. Како што информира Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело шверцување и за ...
Во согласност со заклучокот на Советот на Општината, градоначалникот Владко Грозданов синоќа во Мултиукултурниот центар во Кочани организира јавна трибина на која имаше дебатира за иницијативата на Здружението на граѓаните „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на местото во Кочани познато како стар парк, на триаголникот помеѓу улиците Браќа Ставреви и Кеј на револуцијата. Во присуство на заинтересирани граѓани ...
Во рамки на континуираните активности за одржување на јавните површини и унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утрово спроведува обемна интервенција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар „Србија“. Како што информираат од Општина Кисела Вода, за реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски ...
Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното, како и Бабуна на мерното место Богомила каде ...
Владата го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во соопштение посочува дека со усвојувањето на Планот, Владата и Министерството „ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги ...
Сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01), потсетува Управата за јавни приходи (УЈП). -Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски ...
Петнаесет милиони денари се обезбедени за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар, информирал градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, на средбата со претставници на здружение на пензионери од овој регион. Од Општина Центар денеска информираат дека тој се осврнал на проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани. – Во буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска, во рамките на 29-тата седница, ќе го разгледа годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година. Како што се посочува во извештајот, предизвик за Агенцијата и понатаму останува недостигот на стручен кадар со посебен фокус на експерти од областа на заштитата на личните податоци и информатичките науки, кои се клучни за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјата ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 Целзиусови степени. ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Агелер својата дипломатска мисија во земјата ја почна во ноември 2022 година. Таа во декември се најде во фокусот на јавноста не поради протоколарниот крај на мандатот, туку поради политичката одлука од Вашингтон. Американската амбасада тогаш потврди дека таа е меѓу дипломатите што ќе бидат повлечени во пакет, што медиумите го ...
Православните христијани, кои се водат според јулијанскиот календар, вечер ќе ја пречекаат Стара Нова година, која почнува утре на Василица (1/14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние што го носат името на свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне годината ќе му биде ...