Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се вели во извештајот од АМСМ. 13 јануари 2026 СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство. Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот ...

Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени, -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7, во Гевгелија – 5 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во ...

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации за важни реформски закони и процеси што треба да ги зајакнат нашата држава и демократијата, се наведува во соопштението на ДОМ. Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски ...

Македонија до февруари ќе ги заврши домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ, а останатото ќе биде лобирање и договор, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој не смета дека Црна Гора и Албанија пред Македонија ќе ја добијат оваа поволност зашто, како што истакна, сиот ангажман зависи од секоја држава поединечно. -И тогаш кога првпат ја спомнав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме ...

Три месеци пред истекот на вашата лична карта ние автоматски ви испраќаме во вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк, рече вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, објаснувајќи ја функционалноста на алатката „Е-сандаче“. Со воведувањето „е-сандаче“, државата, како што ...

Владата е стабилна. Постои можност за промени, но во моментот нема таква најава – рече вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Андоновски истакна дека меѓусебната комуникација на владините ресори е одлична. Прашан за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и дали е веќе почната внатрепартиската битка за иден лидер со оглед дека во 2029 треба да се избира нов претседател, министерот одговори дека „ВМРО-ДПМНЕ влегува во период на ...

Демократрската унија за интеграција денеска одржала втора седница на Претседателството на Генералниот совет, свикана од претседателот на партијата Али Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, се наведува во соопштението на ДУИ. Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на ...

Македонија до февруари ќе ги заврши домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ, а останатото ќе биде лобирање и договор, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој не смета дека Црна Гора и Албанија пред Македонија ќе ја добијат оваа поволност зашто, како што истакна, сиот ангажман зависи од секоја држава поединечно. -И тогаш кога првпат ја спомнав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме ...

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Владата до Собранието поднела предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра за изградба на фискултурни сали, ама без информација за износот на каматната стапка. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери, кои вртат секој ден, и ...

Изложба на фудбалски дресови на успешни тиквешки и македонски таленти, беше отворена вечерва во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Изложените дресови се дел од колекцијата на Николчо Делов, посветена на спортските успеси, пријателствата и човечките приказни што произлегуваат од Тиквешијата и пошироко и го освојуваат светот. -Претставени се 50 автентични спортски дресови од фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и пингпонг – ...

Состојбата предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег на територијата на целата држава се следи и е стабилна, оцени вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолски регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за ...

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој на 9 јануари со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, избега од местото на настанот и ја напушти државата. Како што наведува МВР на официјалната фејсбук страница, се работи за Саит Саитов од Скопје. -Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и ...

Со прекин на интернетот и телефонските линии, тешко е да се процени точната состојба во Иран. Светските агенции јавуваат за стотици загинати и ранети, како и илјадници уапсени на протестите против режимот. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран предложил преговори по неговата закана дека ќе ја нападне Исламската Република поради крвавото задушување на демонстрациите. Претходно, претседателот на иранскиот парламент ги ...

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде мандатот за состав на влада на ГЕРБ-СДС, а кандидатот за премиер Росен Жељазков веднаш го врати, оценувајќи го како неуспешен и предлагајќи предвремени парламентарни избори да се одржат што е можно побрзо, со конкретен датум 29 март. Жељазков изјави дека пратеничката група на ГЕРБ-СДС донела одлука формално да го преземе мандатот, но да го врати за да продолжи уставната постапка. Според ...

По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Пелагонискиот регион, во Битола, Могила и Новаци, водата се повлекува од поплавените подрачја, иако реката Црна има покачен водостој, а дел од земјоделските површини сè уште се под вода. Во Западниот регион, во Кичево, водостоите на реките се намалени и нема нови поплави. Во тек е расчистување и ...

Во Прилеп нема да се гради нов театар во Центарот за култура, туку темелно ќе се реконструира постоечката стара зграда. Најтеатарскиот град во земјава, по долгогодишните натегања и неисполнети ветувања, конечно е на чекор до остварувањето на желбата наречена театар. Со финансиска помош од општествено одговорни компании, а на иницијатива на новата локална администрација, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ повторно треба да блесне во ...

По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Пелагонискиот регион, во Битола, Могила и Новаци, водата се повлекува од поплавените подрачја, иако реката Црна има покачен водостој, а дел од земјоделските површини сè уште се под вода. Во Западниот регион, во Кичево, водостоите на реките се намалени и нема нови поплави. Во тек е расчистување и ...

Расте бројот на патници од македонските аеродроми. Минатата година има зголемување за 9%. Во месец декември лани, од македонските аеродроми се превезле дури ¼ повеќе патници во споредба со декември 2024. Дополнително зголем е и број на летови за 4 отсто споредено со 2024 година. Само во октомври се воспоставија неколку нови линии. Од охридскиот аеродром се лета до Базел. Од Скопје пак се воспоставија нови линии кон Стокхолм на главниот ...

На граничниот премин Дојран запленети се 5.050 штекови цигари и електронски цигари. Приведен е 56-годишен српски државјанин кој го управувал товарното возило во кое биле шверцувани цигарите. При граничната контрола утврдено е дека е фалсификуван VIN-бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола, а при преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп, пронајден е скриен бункер во кој се откриени вкупно 5.050 штекови, од ...

Министерството за здравство преку донација обезбеди 7.500 вакцини против хепатитис Б, со што 2.500 здравствени работници ќе имаат можност за имунизација и ревакцинација од ова сериозно вирусно заболување. Хепатитис Б го напаѓа црниот дроб и може да предизвика тешки здравствени компликации, а вакцинацијата е најефикасен начин за превенција, вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска. Министерството за здравство преку донација обезбеди 7.500 ...

Во јавната здравствена установа Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, со почетокот на новата година, формирана е комисија за полагање стручни испити за здравствени работници, информираа денеска од оваа здравствена институција. -Започнуваме со уште една значајна и позитивна иницијатива. Формирана е комисија за полагање на стручните испити за здравствените работници со завршено средно и високо стручно образование, што претставува важен ...

Завршија градежните активности за целосна реконструкција на плоштадот Којник во едно од најстарите велешки маала лоциран во високиот стар дел од градот. Со ова жителите од овој дел од градот, но и сите велешани добија уште едно обновено катче со најнова урбана опрема за одмор и релаксација, информира денеска градоначалникот Марко Колев. Реконструкцијата на плоштадот Којник траеше во изминатите четири месеци, со средства обезбедени од ...

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет. Претседателката Сиљановска ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. Ккао што соопшти Министеството за животна средина и просторно планирање, Хоџа и Ќехаја на средбата „ги оценија пријателските односи и ...

Во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево денеска се одржа промоција на книгите „Ангелот по име аутизам“ и „ Светот на аутизмот – Патувањето на Леон“ од авторката и психолог Амела Мемиш Апостоловска, посветени на аутизмот и на искуството на семејствата што живеат со оваа состојба. Настанот беше организиран од Општина Пехчево во соработка со Матичната библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево. На промоцијата учествуваа Габриела Костадинова, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шакиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет. За двете кандидатки, таа рече дека изборот го направила во согласност со нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личниот кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на ...

Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата. Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во ...

Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа д-р Славица Нешова Пановски. Таа потенцира дека постојано имаат нови и ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
1.03
86%
1035
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
69%
1035
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
2.57
71%
1035
weather icon

Софија

-2ᴼ / -8ᴼ
3.6
60%
1037
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.14
93%
1040
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
76%
1034
weather icon

Атина

6ᴼ / 4ᴼ
5.66
67%
1032
weather icon

Тирана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1028
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
74%
1029
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
2.57
91%
1038
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -7ᴼ
2.06
92%
1038
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1033
Currency

61.555

Currency

53.0367

Currency

71.0346

Currency

35.4031

Currency

38.1755

Currency

66.4159

Currency

7.61094

Currency

0.68089

Currency

0.33672

Currency

0.52464

Currency

1.22407

Currency

0.58224

Паладиум

57453.38

Сребро

2897.70

Рутениум

45750.51

Иридиум

198077.91

Калај

49.66

Бакар

11.75

Кобалт

62.83

Злато

147776.72

Цинк

3.20

Алуминиум

3.13

Родиум

324722.54

Платина

74080.83