Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
СДСM повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ. Кога во нивно време тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција и по „дифолт’“ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така. Сите тендери и јавни набавки што се спроведуваат се ...
Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки. Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. – Засега не гледаме причина да ...
Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што ...
Министерството за економија и труд денеска ја презентира петгодишната национална стратегија за развој на малите и средните претпријатија, која треба да овозможи поголема конкурентност и зголемување на извозниот потенцијал на овие претпријатија. Стратегијата, како што беше посочено на презентацијата, содржи мерки за поедноставување на регулативите, подобрување на пристапот до финансии и поддршка за зелена и дигитална транзиција на овие ...
Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, ...
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик – Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба. Со полагање свежо цвеќе, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит, се наведува во ...
Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево денеска со голема радост ги пречека дел од своите најредовни членови – пензионери, кои со љубов и посветеност се најчести посетители на библиотеката и вистински промотори на културата на читање. Средбата беше организирана како израз на благодарност до возрасните читатели кои со своето секојдневно присуство потсетуваат дека читањето нема возраст и дека книгата останува верен сопатник во секој ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк. – Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со години беше запуштено. Со проектот ...
По речиси три часа, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која требаше да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Покрај Мицкоски, на средбата од коалициските партнери во Владата ...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, денеска изврши надзор на градежните работите на дел од кејот на реката Црн Дрим. Активностите, како што вели Ќура, биле по претставки на граѓани за санација на искршени плочки. – Долгиот период без одржување и инфраструктурни инвестиции доведе до тоа секојдневно да се појавуваат проблеми кои бараат брзи и ефикасни решенија. Тешката механизација што се движела по шеталиштето значително ги оштетила ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа, се наведува во соопштението од Општина Центар. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, ...
Дел од традиционалните обичаи поврзани со празникот Василица и прославата на Старата Нова година постепено исчезнуваат во кумановскиот регион, предупредуваат етнолозите. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно брашно, кој се служел со сланина и ...
Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за онлајн измами на социјалните мрежи, се наведува во соопштението на АПИС. Почитувани, Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат ...
Општина Ресен објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски здруженија, клубови и спортски сојузи на територија на општината за 2026 година. Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубови и организациите од областа на спортот преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми и поддршка и развој на спортските активности кај младите, ...
Социјалистичката партија на Макединија со целосна доверба во г-динот Христијан Мицкоски му ја дава поддршката за претставувањето на политичките партии од Коалицијата “Твоја Македонија”, застапени во Собранието на Македонија, стои во соопштението од СПМ. Социјалистичката партија на Макединија особено ја поддржува иницијативата за укинување на “техничката влада” како рецидив од едно минато време оптеретено со политички притисоци, уцени и ...
Каматните услови што ги обезбеди нашата држава се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари, оцени на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откога вчера беше реализирана аукцијата за издавање на 10-тата еврообврзница. Според Димитриеска-Кочоска, при носењето на оваа одлука ...
Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени. Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении и оти се постигнати историски најниски маргини. Задолжувањето се реализира преку две транши по 500 милиони евра, со рок на достасување од 4 и од 8 години и таквата структура, според министерката, овозможува оптимално распоредување на обврските ...
Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. Од ...
Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар. Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот кој е патрон на овој божји храм. Синоќа во црквата се одржа вечерна богослужба а денеска Света ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска остварија проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата во Министерството за одбрана присуствуваше и одбранбениот аташе Даниел Скваерс. Како што информира Министерството за одбрана, за време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиот период соработката со амбасадорката Агелер и со ...
За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. – За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето ...
Еден човек загина, а неговиот син е повреден во пожар што изби во стан во Тетово. Пожарот бил пријавен вчера вечерта, а се случил во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. Кога пристигнала пожарната, од станот излегувал густ чад. При интервенцијата, пожарникарите влегле во запалениот стан, каде што нашле едно починато лице, а второто, односно неговиот син, било повредено. Починатиот 42-годишник Обрад Стојановиќ работел како наставник ...
Иран ги предупреди земјите во регионот дека, во акт на одмазда, ќе ги нападне американските воени бази на нивните територии во случај ако САД го нападнат Иран. „Техеран им кажа на регионалните земји, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран, и побара од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“, изјави висок функционер од Техеран. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да се сретне со делегацијата на Европскиот парламент која најави посета на Белград, оценувајќи дека „доаѓа непоканета“ и дека нема причина да „губи време“ со европратеници кои, според него, ја мразат Србија. Делегацијата на Европскиот парламент треба да биде во Белград од 22 до 24 јануари. И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, порача дека ниту таа нема да се сретне со ...
Во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот Гренланд. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, е домаќин на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд и на државниот секретар на САД, Марко Рубио, а фокусот на дискусијата е иднината на најголемиот остров во светот. Доналд Трамп изјави дека ја сака земјата и дека ќе ја земе „со лесни или тешки средства“, а по неговата неодамнешна воена ...
Податоците за инфлацијата за декември 2025 година укажуваат на стабилизација на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен пораст не претставува сигнал за нов инфлаторен бран, оцени министерот за економија Бесар Дурмиши. Според него, анализата на инфлаторните движења покажува дека основната инфлација е под контрола, додека одредени краткорочни отстапувања се резултат на поединечни и сезонски фактори, а не на структурни проблеми во ...
Македонија бележи напредок на листата на моќност на пасошите што ја објавува „Хенли Паспорт Индекс“. Македонскиот пасош е рангиран на 38. место, со можност за влез без виза во 128 држави. Сингапур го има најмоќниот пасош во светот, со безвизен пристап до 192 од вкупно 227 дестинации. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја, чии државјани можат да патуваат без виза во 188 земји. Хрватска се најде на шестото место, позиција што ја дели со ...
Православните верници денеска ја празнуваат Василица, празник посветен на свети Василиј Велики, еден од најзначајните светители на христијанската црква, но и почеток на новата година според Јулијански календар. „Св. Василиј Велики го празнуваме затоа што на денешен ден се упокоил и тоа е еден од најголемите богослови кој што живеел во историјата на христијанската црква. Оставил аманет или пример на сите христијани како да се однесуваат во ...
Венко Филипче и СДСМ покажуваат една политичка незрелост, со која сами целосно се изолираат и маргинализираат на политичката сцена во Македонија. Партијата си ја влошува и така катастрофалната состојба во која се наоѓа по минатите парламентарни, а посебно последните локални избори. За политиките на Филипче и партиското раководство веќе подолг период низа силни критики доаѓаат од сите страни, а од и поранешни видни партиски членови и ...