Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Патник го фатил возачот за коса додека возел, па му ја удирал главата од волан. Во друг случај повеќемина го нападнале кондуктерот со клоци и го удирале со боксови. На крај завршил во болница. Ова е дел од секојдневието со кое се соочуваат вработените на ЈСП. Велат дека континуирано се изложени на стрес и притисоци од патниците, што може да влијае на безбедноста на сообраќајот. Од синдикатот бараат поголема заштита на вработените, почести ...
26 мерки за намалување на загадувањето, 20 мерки за енергетска ефикасност – да трошиме помалку струја и греење, а да имаме ист или подобар ефект. Три мерки се за енергетска безбедност, 11 мерки се за подобрување на пазарот на електрична енергија – повеќе конкуренција и подобри услови. И една мерка е насочена кон нови технологии, иновации и развој – со овие 61 мерка Македонија оди кон посигурна и независна енергија. Владата донесе нов план со ...
Европската комисија започна интензивни разговори со новото унгарско раководство, испраќајќи јасна порака дека очекува брзо подобрување на односите со Украина и спроведување реформи за деблокирање на околу 35 милијарди евра европски средства. Во Европската комисија, победата на Маѓар се толкува како силен мандат за длабоки промени, но и како причина за зголемени очекувања од новата власт. Според европски дипломати, меѓу првите тестови за Маѓар ...
Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. – Јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и директорот во своето обраќање имаше поенти коишто ја ...
Како сцена од трилер-филм – киднапирање среде бел ден се случи во Неготино. Маж бил насилно грабнат од сопствениот двор, киднаперите го пикнале во автомобил, му ставиле ќеса на главата, го тепале и го однеле во шума за да го присилат да признае дека ја силувал сопругата на еден од киднаперите. Основното јавно обвинителство – Кавадарци отвори истрага против двајца мажи од селото Корешница, на возраст од 37 и 30 години, осомничени за ...
Владата го усвои интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 – 2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од ...
Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон Криволак и на повеќе локации во државата ќе се реализира теренската тактичка вежба „Блесок 26“. Како што информира началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на денешниот брифинг со новинарите, „Блесок 26“ претставува клучна фаза во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како ...
Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 109 гигават часови електрична енергија, што претставува остварување од 42 отсто од годишниот план. Споредено со истиот период минатата година произведени се 60 гигават часови електрична енергија повеќе. -Резервите во акумулацијата „Дебарското Езеро“ во 2025 на 31 март биле 14 GWh, додека на 31 март годинава се 26 GWh, ...
Анализата на цените на основните прехранбени производи ќе покаже дали има потреба од носење мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат кој го подготви Министерството за економија се разгледува на владина седница и по негово детално проучување, Владата ќе ги знае следните чекори кои ќе ги преземе. Дел од мерките кои се разгледуваат како можни опции се намалување на ДДВ-то на основните ...
Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), Ацо Ристов, ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ. Комисијата соопшти дека на средбата за примопредавање на функцијата нејзините членови го информирале новиот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои е надлежна РКЕ, а кои се ...
Нема откажани, но нема ни поголем интерес за нови аранжмани. Глобалната криза, која предизвикува проблеми во авиосообраќајот и туризмот во светот, се чувствува и кај нас. Добрата вест е што засега ударот не е сериозен, но она што загрижува е, пред сè, психолошкиот момент кој влијае врз граѓаните при носењето на одлуките да се патува. Туристичките работници се внимателни, но и загрижени. Се надеваат дека војната ќе се смири и ќе се најдат ...
Поевтин дизел, пониска цена и за бензините. Продолжува трендот на намалување на цената на горивата. Од полноќ, дизелот се намалува за 2,5 денари по литар, додека пак бензините поефтинуваат за денар и половина за литар. Па така, според последните пресметки од регулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе се продава за 95,5 денари за литар, еуросуперот за 84, односно 82 денари за литар. Поевтина цена имаат и мазутот и екстра лесното масло за ...
Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа – комеморативен ден на холокаустот, во знак на сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година, кој е и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот. Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, во 14 часот. На ...
Пушењето цигари предизвикува хронично оштетување на белите дробови и крвните садови, што доведува до појава на карцином, хронична опструктивна болест, спонтан пневмоторакс, артериосклероза, аневризми и каротидна стеноза, кои често доведуваат до потреба од хируршка интервенција. На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија бројот на пациенти континуирано се зголемува, лани се третирани повеќе од 3.100, од кои приближно 150 главно пушачи со ...
Општина Илинден деновиве успешно ја заврши реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Како што информираат од локалната самоуправа, станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај. -Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и ...
Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) годинава првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото, која се одржува од 13 до 16 април. – Со внимателно осмислен настап МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја ...
Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност – нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. – Денеска одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. – Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета – изјави Димитровска. Димитровска при произнесувањето пред судот рече дека сега е вработена во ...
Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 109 гигават часови електрична енергија, што претставува остварување од 42 отсто од годишниот план. Споредено со истиот период минатата година произведени се 60 гигават часови електрична енергија повеќе. -Резервите во акумулацијата „Дебарското Езеро“ во 2025 на 31 март биле 14 GWh, додека на 31 март годинава се 26 GWh, ...
Слават како тие да победиле во Унгарија. Се мешаат во внатрешните работи во Србија и повторно влегоа во конфликт со Вучиќ. Отворено навиваат Доналд Трамп да падне во САД, а не кријат ни дека го поддржуваат и Еди Рама во Албанија. СДСМ целосно заборава дека е политичка партија во Македонија. По се изгледа ги интересира се, освен нивниот катасрофален рејтинг и изборите во сопствената држава. Веќе трет ден слави и Венко Филипче, па дури и свика ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...
Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата. Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ ...
Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19 при ЈУ „Културно-информативен центар“ – Скопје. Станува збор за нова продукција на „Театар за тебе“. Текстот и режијата се на Изабела Јакимова, а во претставата настапуваат Ненад Митевски и Изабела Јакимова. Гласовите се на Гоце Андонов, Сара Томевска и Михаил Велков. „Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која ...
Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението „Полимат 13“ од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус, која во Македонија расте токму на подрачјето на општина Богданци. Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението, е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на глобалната црвена листа на ...
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип. На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см. Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со ...
Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 18 април ќе биде во студиска посета на Република Хрватска, која е организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) во рамки на проектот „Поддршка на европската интеграција на Македонија“. Во делегацијата се потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, ...
„Менса Македонија“ организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи в недела (19 април) од 11 часот на Американскиот универзитет на Европа (поранешен ФОН). – Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2 отсто од светската популација, стекнувате право да станете член на „Менса ...
Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на ...
Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолжен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. – Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДСМ од живата кал во која ја втурнаа. А излезот од ова е ...
Кинескиот танкер „Рич Стари“, кој е под санкции на Соединетите Американски Држави, помина низ Ормуската Теснина откако отпловил од пристаниште во Обединетите Арапски Емирати, и покрај американската блокада, покажуваат податоците за поморски сообраќај на веб-страницата „Марин Трафик“. Податоците покажуваат дека танкерот со кинески екипаж бил натоварен во пристаништето Хамрија, во Обединетите Арапски Емирати. „Рич Стари“ е првиот танкер што ...