Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, информираше денеска министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“(АНП-2026) на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на петтиот дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална средба со претседателот на Турција, ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во ...
Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница, на која на дневен ред е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 јули годинава. Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност. Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април. По ...
Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира петто меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“. -Целта на советувањето е да ги обедини релевантните чинители од земјоделскиот сектор за размена на знаење, искуства и предизвици, како и да воспостави силна врска помеѓу научно-истражувачката работа и практичната примена во земјоделството, соопшти УГД-Штип. Најавени се обраќања на министерот ...
На денешната прес-конференција на СДСM, неакредитираниот амбасадор и неуспешен дипломат, Андреј Жерновски истакна дека цитираме: „Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор’’, со што директно кажува лага, како прво, и како второ, Германија не потврди, туку ова е искажан став на новинар во свој новинарски текст на германски портал, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Сфаќаме дека СДСM ги користи сите лоши механизми да ја врати ...
Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја, Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција. – Амбасадорката Џанел му честита на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и ...
На полигонот во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечено беше одбележан 15 април Денот на Командата за обука и доктрини – КОД, кога на 15 април во 1992 година пред 34 години во касарната во Охрид пристигнал првиот регрут на македонската Армија – велешанецот Панче Јамандиев, а по него пристигнувале и другите регрути и во останатите касарни во Македонија. На свеченоста, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и ...
По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Општина Пустец, со посебна почит се потсети на неуморните уметници кои оставиле неизбришлива трага во негувањето на македонскиот идентитет и култура. -Годинашното мото „Негување на заедницата преку уметноста“, нè потсетува дека уметноста не е само творење, туку мост што ги поврзува луѓето, генерациите и нашиот заеднички македонски идентитет. На овој посебен ден, со длабока почит се сеќаваме на ...
Министерството за образование и наука ги објави добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за академската 2025/2026 година. На веб-страницата на МОН се објавени кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со условите наведени во конкурсот во областа на природно-математички науки и инженерство и технологија и кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со конкурсите за општествени и хуманистички науки. ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд на Македонија, Африм Фидани. Како што соопшти ЈОРСМ, работната посета е во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство и Врховниот суд. Савески и Фидани разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото ...
Македонија може да смета на Белгија како искрен, доверлив, цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. -Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европските пат на ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на комисијата – соопшти денеска прес-службата на Министерството за јавна администрација. На состанокот биле разменети информации од заеднички интерес, при што се разговарало за можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите во насока на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 54-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, осомничениот подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната ...
Следува период на променливо облачно и релативно топло време во земјава. Утрешниот ден ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, како и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, проследени ...
Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со белгискиот министер за надворешни работи, европски ...
Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 други во училиште во југоисточниот турски град Кахраманмараш е мртов, соопшти гувернерот на округот. Напаѓачот влегол во две училници со ученици од петто одделение, каде што отворил оган. Тој пристигнал во училиштето со пет парчиња оружје и седум рамки со муниција. Властите го привеле таткото на момчето, кој е поранешен полицаец. – Во моментот на хаосот, тој се застрелал. Не е целосно јасно дали ...
Општина Кавадарци има отворени проекти во вредност од 19 милиони евра, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при презентирањето на нова веб-платформа со проектни активности од сите сфери. Во присуство на раководители на повеќе сектори, тој претстави проекти во рурална и урбана средина и подвлече дека има експанзија во комуналната изградба. – Сите овие проекти и многу други, ќе бидат ставени на новата апликација, на ...
Во државата мора да имаме еднакви услови за сите, без разлика кој бил, дали е сегашен или поранешен висок функционер. И тука не треба да има никаква дилема, барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за пораките на СДСМ дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да одговара, а по промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД ...
Солзи, страв, понижување и груби навреди кон Ивана. Обвинетиот Стојанче Јовановски откако ја истепал ја пријавил во полиција и ја снимал со својот телефон сега починатата сопруга, додека таа плаче и бара одговори од него зошто ја удирал. Обвинителството презентираше неколку видео снимки во судница. Две од нив се од 10 февруари годинава кога Јовановски се јавил во полиција и ја пријавил сопругата за семејно насилство. На двете видеа Ивана ...
СДСМ и Филипче лицемерни, наместо да повикаат на одговорност за своите пулени, за кои постојат сомнеж за тешки милионски криминали, секојдневно преку прес конференции и соопштенија, се занимаваат со поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил токму кога тие беа на власт. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Филипче и партиските колеги, ќе покажат дека сакаат вистинска правда, доколку побараат одговорност и за поранешни ...
Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците. Одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги крши правата на здружување на малцинствата е ветер во грб за претставниците на македонците кои со децении бијат битка против бугарската политика. Претседателот на невладината организација „Толерантност“ Стојко Стојков во изјава за Алфа вели дека бугарските власти се ...
На пет дена до почетокот на Светското првенство во ракомет за ученици ИФС Скопје кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град, подготовките привршуваат и организаторите се подготвени ќе го дочекаат големиот број учесници. Министерот за спорт, Борко Ристовски, верува дека нашата држава ќе биде добар домаќин и достојно ќе се презентира пред гостите од целиот свет. – Ние како држава и како министерство покажавме дека ќе се залагаме ...
Калето, старата Скопска чаршија, Аквадуктот. Ова се само дел од проектите со кои градот Скопје се подготвува за 2028, кога македонската мертропола ќе биде Европски град на културата. Подготовките се во полн ек. На терен се работи на сите овие проекти во соработка со Министерството за култура и со поддршка на Владата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ќе ги искористи како пример искуствата и предизвиците на своите колеги од Кемниц, ...
Туризмот во Македонија продолжува да расте. Во првите два месеци од годинава, бројот на туристи е зголемен за 6 проценти, со пораст и кај домашните и кај странските гости.Според државната статистика, само во февруари, земјава ја посетиле над 48 илјади туристи, од кои повеќе од две третини се странци. Тие оствариле речиси 95 илјади ноќевања, при што најголемиот дел отпаѓа токму на странските гости. “Во периодот јануари – февруари 2026 година, ...
Во одредени маркети некои основни производи поскапеле и над 10% од 1-ви февруари до 1-ви април, но просекот е раст од само 0,4%. Некои производи биле и со намалени цени. Ова го покажа анализата на Министерството за економија на 55 производи во 4-те супермаркети Кам, Зур, Кипер и Веро. Мерки ќе има за да поевтинат производите кои поскапеле најмногу – најави премиерот Мицкоски. Сепак, трговците се чини не пробувале да заработат неосновано на ...
Државата е решена да стави крај на праксата на криење и неплаќање данок. Управата за јавни приходи предупредува дека сите полнолетни граѓани кои оствариле приходи по кој било основ дома или во странство тоа мора да го пријават и да го регулираат. Чешлањето на податоците од 2020 година па наваму, откриле дека голем број од граѓаните не доставиле потврда за уплатен данок, осбено оние кои работеле во странство. Чекајќи нов софтвер УЈП ги ...
Сто нови возила – нов старт за Пошта. Инвестиција од два милиони евра, со јасна цел – побрза испорака, помалку доцнења и модернизација на систем што со години тапкаше во место. Владата го отвора процесот на обновување на институцијата која треба да биде директен сервис на граѓаните – од најголемиот град до најмалото село. Премиерот порачува – ова не е само набавка, туку почетокот на изгрдбата на еден систем кој ќе ја претвори Поштата, во ...
Драго ми е што по подолго време доаѓаат добри вести за „Македонска пошта“. Да потсетам, ова беше институција од која предходната влада беше откажана. Ова беше институција за која се спремаа физибилити-студии за продажба и за приватизација. Како резултат на тоа, претходниот генерален секретар на владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки – изјави на денешниот настан вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...
Неакредитираниот амбасадор и очаен дипломат, Андреј Жерновски, пред 2 недели во гостување на поткаст вели дека нема во сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, туку дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува фејсбук статус на Валентин Манасиевски. Но, светот е мал, па вистината се дознава прилично брзо. Би сакал да ...