Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“ истакнувајќи дека Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на ...

Трите закони за високо образование и наука (за високо образование, за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност) се во владина процедура. Тие од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии. На прес-конференција во Владата денеска, посветана на пакетот закони, министерката Весна Јаневска соопшти ...

Делегација на Собранието, составена од пратеници – членови на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како и претставници од собраниската служба од Секторот за надворешна политика и европски прашања, го почна првиот ден од студиската посета на Република Хрватска, која се реализира во периодот од 15 до 18 април 2026 година. Посетата се одвива во рамките на проектот „Поддршка за европската интеграција на ...

ПР-от на Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, ги насочи СДСM и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата. Нелегитимноста на СДСM, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСM и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник ...

Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески летоска ќе одржи два концерти и тоа на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а на 14 август во Хераклеа во Битола. Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува ...

Заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси – истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на националната конференција за природа. Тој, како што соопшти ресорното Министерство, на граѓанските организации им порачал „да работиме заедно за вистински зелен пресврт“ нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето ...

Со барања за психијатриски вештачења, читање исказ на сведок и предлози за проверка на достапност помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое не присуствуваше ниту еден од предложените сведоци на Јавното обвинителство. Судот ги прифати предлозите на Обвинителството, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој не е достапен на органите на прогон. За сведоците Ана Томева и Лина Крстова, ...

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на кракот на булевар „Трета македонска бригада“ (кај Метро). -Станува збор за проект со кој за првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општина Аеродром. Делницата е во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и тротоари со вкупна површина од 1.500 м², се наведува во ...

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик де Брост. Донацијата, како што соопшти МВР, се состои од ...

Приведен бил кавадарчанец поради управување нерегистриран мопед и без право на управување моторно возило, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16:05 часот на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиja од слобода С.С., на возраст од 20 години од овој град. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од ...

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта 2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп. Николоски најави дека со „МЖ Инфаструктура“ и „МЖ Транспорт“ ...

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. – Ја информираме јавноста дека нема никаков недостиг, туку, напротив, МВР има обезбедено резерви што се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски ...

Ректорите од јавните универзитети, кои денеска присуствуваа и се обратија на прес-конференцијата во Владата, посветена на новите закони за високо образование и за наука, се задоволни од законските решенија и сметаат дека новините што тие ги предвидуваат ќе го унапредат квалитетот на образованието, што ќе резултира и со подобро меѓународно позиционирање на нашите универзитети. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Биљана ...

Изградбата на новиот кружен тек во Куманово и пробивање на кракот на булеварот ќе завршат до крајот на годинава, соопштија денеска надлежните. Тендерската постапка е завршена, избран е изведувач и претходно решени се имотно-правните односи. Проектот е во фаза на реализација. -Тоа се два проекти, пробивање на булеварот и изградба на кружен тек и дополнително проширување на една лента на „Доне Божинов“, до самиот кружен тек-рече градоначалникот ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посети работилницата за мозаик и рубин, која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, станува збор за иновативен пристап, кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата преку практична работа со минерали – со посебен ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. -Знаете дека во делот на есенската жетва имаше ...

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со членови на Советот на Општината, како и со раководители и претставници на општинската администрација. На состанокот е разговарано за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и ...

Еден од главните услови за успех на процесот на пристапување и проширување е самата Европска Унија да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, изјави белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Тимчо Муцунски. Прашан дали Белгија би се откажала од своето право на вето и би го ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски сподели фотографии од утринско трчање низ Скопје со својот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на државата. – Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, денот го почнавме на поинаков начин – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува ...

Национална конференција на тема: „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот Јуридика Прима. Најавено е учество на професори од областа на семејното право, социологија на семејството и семејните студии, судии од Уставниот суд и Врховниот суд, претставници од ресорни министерства, центри за социјална работа, адвокати, медијатори и невладините ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи јавна расправа и да утврди предлог листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата најнапред ќе одржи јавна расправа на која ќе утврди предлог – листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени се седуммина кандидати ...

Пет дена СДСM и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија. Гледајќи ја еуфоријата што владее на „Бихаќска“, човек би помислил дека СДСM победил и Филипче само што не станал премиер, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. До тоа дереџе стигнале СДСM и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во друга држава. Радувањето на СДСM и Филипче за ...

Глоби од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамките на спроведените 1.221 вонредна контрола, кои беа спроведени пред велигденските празници – соопштуваат од АХВ. – Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата „Дрисла“ беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар. Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, ...

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, на едно од гостувањата на телевизиите се осврна на борбата против криминалот и корупцијата за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се ...

Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
73%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.72
68%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
0.45
73%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
58%
1013
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
74%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1017
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Цинк

3.44

Алуминиум

3.60

Рутениум

55395.74

Бакар

12.22

Паладиум

49815.70

Иридиум

253540.09

Родиум

324722.54

Калај

49.91

Сребро

2840.84

Платина

67516.57