Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната мрежа во Штип. Капитален проект, којшто е е во насока на подобрување и решавање на водоснабдувањето на домаќинствата и стопанските објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека на 35 точки ќе се инсталираат уреди, со кои ќе се регулира протокот на водата за пиење, ќе се намалат загубите на водата низ мрежата, но и веднаш ќе се ...
Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за студенти, стопанственици, туристи и слично, појасни денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за ...
Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините. -Дневната температура ќе има тенденција ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на „Телма“ истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски, не се разликуваат, се наведува во соопштението од СДСМ. – Да се постави тема за пржинската влада на лидерската средба, мора да се има предвид контекстот во кој таа беше воведена, во период кога довербата во институциите беше на најниско можно ниво, за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ ...
Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, е Драган Бокан, претседател на одборот на директори на „Воли трејд“, еден од највлијателните бизнис-лидери во Црна Гора. Со повеќе од 30 години искуство во бизнисот, Бокан споделува вредни информации за развојот на семејниот бизнис, како и за стратегиите за раст, иновации и за одржливост на компанијата. Според Бокан, секој што ...
Нитуен македонски граѓанин на територијата на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), а шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава. – Во моментот од нас не е побарана помош од ниеден македонски граѓанин на територијата на Иран – ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) до комисии во Собранието поднесе иницијатви за изменување и дополнување на Законот за високо образование и на Законот за култура. До собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, КСЗД поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование „со цел отстранување на утврдена ...
Новоизбраните членови на Судскиот совет, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, им честита на новите членки. Потенцира дека тие се додадена вредност на Советот и оти институцијата ќе може да застане на здрави нозе и да ја остварува својата ...
Регистер на бизниси во општината, најави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, за време на денешниот настан со наслов „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“. Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор. -Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. ...
Треба да има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода. Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушењето. – Новиот закон против пушењето, кој е во најава, е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. ...
Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по ...
Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и нови инвеститори очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва со стопанските комори. Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентира план на активности и мерки што ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата веќе го изгласа инспекторот за прекршоци во тетовската полиција Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, кој треба да го замени Селим Адеми. Гаши нагласи дека тоа е работа ...
Избрана е компанијата што ќе го инсталира софтверскиот систем за целосна контрола на водоводната мрежа во Штип. На 35 позицици ќе бидат поставени дигитални контролори кои ќе детектираат дефекти во водоводната мрежа, како кражби и диви приклучоци. Скада системот, вреден околу 600.000евра, е финансиран преку вториот владин повик од унгарскиот кредит и се очекува да почне со работа најдоцна до пролет. „Преку овој систем ќе се има целосен ...
Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска. Тренчевска посочи дека во државата сè уште не постои зрелост за укинување на техничката влада додавајќи ...
Царинската управа информира дека е откриен случај со нелегално работење на фирма што вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Како што соопшти денеска Царинската управа, при претрес во фирмата пронајдени се 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. – Царински ...
СДС, наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех. Да разјасниме за јавноста и за граѓаните, СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визите за граѓаните. Едноставно, станува збор за ПРИВРЕМЕНА ПАУЗА на постапки поврзани ИСКЛУЧИВО СО ...
Tипично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите за што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, посочувајќи на одлуката на опозицискиот СДСM за изолација по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба ...
Делегација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводена од директорот Мухамед Али, учествуваше на World Safety Summit 2026 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, посветен на безбедноста и управувањето со кризи, кој се одржа во рамките на глобалната One Billion Initiative. Во рамките на самитот, како што информираат од ЦУК, директорот Али учествуваше на тркалезна маса со претставници од земјите учеснички, каде што имаше обраќање, во ...
Осумнаесет основни и седум средни училишта во државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и делинквенција. На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (за основни и за средни училишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ...
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. – Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот ...
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. – Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот ...
Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за студенти, стопанственици, туристи и слично, појасни денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за ...
За само еден месец, во прилепската Општа болница, за првпат се изведени дури три животоспасувачки сложени операции. Последната е од само пред неколку дена кога на млад 29-годишен пациент, после доживеан мозочен удар, не само што му е спасен животот, туку тој нема да има и никакви здравствени последици. Сложениот оперативен зафат го изведоа лекари од прилепската болница. Претходните две операции пак, беа сложени хируршки интервенции на ...
Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се осврна на темата за лидерската средба, која се одржа вчера и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДСM, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што рече тој, местото на лидерот на опозицискиот СДСM беше исто така на таа маса затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДСM е ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје – Тетово. – Сите патни правци се проодни. На одредени места, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони – соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, ...
Жените во Македонија поизложени на корупција од мажите. Ова го покажува последната анализа на националната мрежа „Жена за жените – „Дојди кај мене после работа, ќе средиме“, „Ќе мораме да најдеме друг начин да завршиме работа“ – ова се најчестите работи кои жените ги слушаат на своите работни места. Според статистиките, жените имаат поголема изложеност на корупција во споредба со мажите, а во Македонија, според експертите, имаме добри закони ...
Типично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите за што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во вчерашното гостување во емисијата „Став на регионот“ на телевизијата „Њузмакс Балканс“ посочувајќи на одлуката на ...
Македонските граѓани и понатаму ќе можат да патуваат во Соединетите Американски Држави туристички, студентски или преку work and travel програми. Новите рестрикции од Вашингтон не ги засегаат овие категории, потврдуваат од Министерството за надворешни работи. Иако Стејт департментот воведе пауза во обработката на имигрантските визи за 75 држави, меѓу кои и Македонија, тоа не значи забрана за патување или ограничување за туристички и ...
Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 1.046 проблеми од вкупно пријавените 1.153 од страна на граѓаните. Според информацијата од Општината, за останатите 107 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби. Најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување 777, од областа на собирање смет 241, водовод и канализација 74, паркови и ...