
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Сите држави што ги ратификувале статутите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) се должни да ги спроведуваат неговите одлуки, порача високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на МКС да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас. „Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесуира најтешките злосторства според меѓународното ...
Доцна синоќа по наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово, како и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор ...
Пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6, денеска гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници како и лицата сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач. Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени, како и во 1844 во Струга. Во ...
На вечерашната итна седница Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а членовите на Советот го одобрија и барањето за притвор на судијата. Исто така донесена е одлука и за времено оддалечување од судиската функција. -Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за ...
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри. Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени ...
Во Демократска Република Конго е убиен водачот на обидот за државен удар, а 50 лица се уапсени, меѓу кои и тројца американски државјани, изјави за Ројтерс портпаролот на армијата на оваа централноафриканска земја. Пукањето започнало во 4 часот наутро во главниот град Киншаса, јавува репортерот на Ројтерс. Вооружени лица ја нападнале претседателската зграда во центарот на градот, тврди портпаролот Силвен Екенге. Уште еден напад е организиран врз ...
Државниот завод за статистика во петокот ги објави конечните податоци за индексот на потрошувачките цени за април.Со раст од 0,7% во однос на март, годишната стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 3,7%.Ова е најскромниот пораст на годишна ниво од септември 2021 година. Во првите четири месеци од годинава растот на потрошувачките цени во однос на истиот период од лани во просек изнесува 4,0%.Според индексот на потрошувачки цени, најголем ...
Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, треба да биде испорачан на Соединетите Американски Држави поради протекувањето на мноштво доверливи американски документи, што ќе претставува кулминација на 13 години долгите правни битки и притвори. Двајца судии во Високиот суд во Лондон ќе треба да одлучат дали веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и ...
Европската комисија (ЕК) денеска во изјава за „Еуроактив“ ги повика Скопје и Атина обострано да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби. Во изјавата за порталот, портпаролот на Комисијата изјавил дека билатералните договори треба да се спроведуваат со добра волја од двете страни. „Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори ...
Британската влада проценува дека, после бројните одложувања, ќе мора да потроши најмалку шест милијарди долари за спроведување на граничните процедури после Брегзит, објави денеска парламентарната комисија за финансии. Британците изгласаа напуштање на Европската унија во 2016 година, но дури оваа година беа донесени нови правила за гранични контроли за да функционираат ланците на снабдување. Првата фаза, која подразбира воведување на ...
Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на живот од хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси“, соопшти државната телевизија. Ројтерс објави дека хеликоптерот целосно изгорел во падот, повикувајќи се на ирански претставник. „Во несреќата целосно изгоре хеликоптерот на претседателот Раиси… за жал, се стравува дека сите патници се мртви“, рече ...
Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринското интервју, шефот на грчката дипломатија посочи дека „во овој момент постои едно прашање што произлезе по изборите во Северна Македонија“, но и истакна дека тие секако го почитуваат ...
На интернет кружат неколку видеа на кои се гледа џиновски метеор кој во саботата го помина небото над Шпанија и Португалија.Се уште нема официјална потврда дека се работи за метеорит, пишува „Минт“. Неколку корисници на социјалните мрежи споделија слики и снимки од небото осветлено со силна сина светлина. Многумина беа изненадени од феноменот, а некои останаа запрепастени. „Ова беше импресивно! Врз основа на бојата, се чини дека може да биде од ...
Европската унија започна истрага против „Мета“, компанијата во чија сопственост се социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм, за да утврди дали нејзините производи, односно услуги, предизвикуваат зависност кај децата. Истрагата е во врска со потенцијално прекршување на Законот за дигитални услуги, во делот кој се однесува на заштитата на малолетниците. „Постои можност Фејсбук и Инстаграм да ги искористат слабостите и неискуството на ...
Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен од нагоре, поттикнат од финансиските инвеститори кои се намножија на пазарот во очекување на продлабочување на недостигот на резерви. Фјучерсите на Лондонската берза за метали утринава, на почетокот на тргувањето, скокнаа за повеќе од 4%, подигнувајќи го бакарот за прв пат повеќе од 11.000 долари за тон. Скокот на цената на бакарот направи да се зголеми ...
Девојка обвинета за нелегален абортус и дека го фрлила телото на своето новороденче во канта за ѓубре, изјавила дека се „испаничила“ по породувањето. Шест години по грозоморната постапка, на Харвеј (25) и нејзиниот партнер Елиот Бенхам им се суди во судот во Глостер. Кога имала 19 години, Харвеј изјавила дека нејзиното дете се родило мртво при неочекуваното породување во бањата. Обвинителите, пак, тврдат дека Харвеј земала лек за да ја прекине ...
Шпанците се револтирани од призорот групи туристи во бикини како шетаат по улиците на Палма де Мајорка, главниот град на Мајорка, откако наводно пристигнале со „брод за забава“ – најновата појава што ги разбесни локалните жители. Видеото што го сподели здружението на жители на Пасео Маритимо, прикажува пет жени како одат по патот, додека група посматрачи ги гледаат од страна. „Почна сезоната на ‘бродовите за забави’“- напишаа група мештани на ...
Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок. Според локалните извештаи, полицијата била ...
Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за коалицирање во новата влада вчера ја одржаа првата средба, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаат обезбедено 61 пратеник. Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори и оти на тој начин се врши изборен инженеринг за менување на соодносот на силите ...
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Варна, во која учествувал автомобил во кој се превезувал поранешниот бугарски премиер и копретседател на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков. Поранешниот бугарски премиер, кој учествува во предизборна кампања, од директниот судар на две возила излегол неповреден, јави БТА. Петков патувал, заедно со три други лица, во автомобил на Службата за национална безбедност (НСО) ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан и тешко ранет во средата, со што стана последниот европски лидер кому му беше извршен атентат. Додека лекарите се борат за неговиот живот, тамошните медиуми откриваат дека во него стрелал словачкиот писател и активист Јурај Цинтула, кој, според снимките објавени после неговото апсење, рекол дека тоа го направил затоа што не се согласува со политиката на словачката влада. Како што пренесува Ројтерс, ...
Германското Министерство за финансии објави дека во Германија се замрзнати 3,9 милијарди евра руски имот. Овие средства вклучуваат пари, акции и јахти кои припаѓаат на санкционирани поединци, организации или компании. Владата, во јуни минатата година, на пратеничко прашање одговори дека проценетата вредност на руските замрзнати средства е 5,2 милијарди евра. Портпаролката објасни дека износот е подложен на пазарни флуктуации и дека на него ...
Просечната возраст на дијагностицирање на ретките болести во Европа е речиси на пет години и повеќето пациенти мора да чекаат и до девет месеци по првиот контакт со нивниот матичен лекар за добивање на дијагнозата, се наведува во студијата на невладината Европска алијанса на организации на пациенти со ретки болести (ЕУРОРДИС). Студијата, објавена во Европскиот билтен за хумана генетика, а по која ќе се расправа на Конференцијата за ретки болести ...
По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од вчера престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО. Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе ...
Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело. Постојано ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово во студиото на грчката телевизија СКАИ беше дециден дека грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од Договорот од Преспа откако опозициската СИРИЗА вчера во парламентот ги достави трите меморандуми, како предлози на закон на официјалната опозиција, но со потполно иста содржина како оние поднесени во септември 2020 година од тогашните министри на Владата на Мицотакис. Трите меморандуми се ...
Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и ...
Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум – природни масти што самата кожа ги лачи за да ја одржи виталноста на влакната. Така, еден од начините да се избегне мрсна коса, е спреј со морска сол, советува стручњакот Скот Мекглин. – (Себумот) е неопходен за зајакнување на надворешните слоеви на косата и заштита на деликатните протеини во внатрешноста на косата… Но, ако Ви се чини дека таа изгледа мрсно многу бргу откако ќе ...