
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас вчера му ја дадоа Наградата за мир „Преспа“ на медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц. Зоран Заев, со објава на неговиот фејсбук-профил од Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, вели дека со поддршката и посветеноста на Нимиц, двете земји успеаја да изградат меѓусебна соработка и да се дојде до решение не само за името, туку да се ...
Денеска се случи трагедија на Галичица, кога возило излета во провалија. Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Според екипите што се на терен на местото на настанот ...
Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до ...
Лидерите на земјите членки на ЕУ на синоќешниот неформален самит во Брисел не успеаја да постигнат договор околу нашироко очекуваниот пакет за распределба на највисоките раководни места во Унијата, туку, како што информира претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по средбата, само имале „добра дискусија“. – Средбата претставуваше добра можност да се разменат мислења околу изборните резултати и за подготовка на формалната средба на ...
Масовниот одговор од страна на вработените во „Алкалоид“, на повиците за хуманост во општествени рамки, е најдоследна потврда за хуманата мисија која компанијата ја негува речиси девет децении. Одлучноста и подготвеноста за колективна помош и за брз хуманитарен одговор во заедницата, беше стартна позиција на многу значајни проекти и активности во знакот на солидарноста, реализирани под закрила на „Алкалоид“ и „Црвениот крст“. И годинава ...
Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си изјави дека Кина треба да се соочи со последици за поддршката на руската војна во Украина доколку не го промени своето однесување. Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници. -Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон. Во ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен. Во четврток преку денот ...
Грчката полиција соопшти дека Управата на полицијата во Атина донела одлука да го забрани собирот што го најавија членовите на Светската конфедерација на пан-македонските грчки здруженија „Коин на Македонците“, закажан за понеделник (17.6.) во 16:30 часот надвор од Атинскиот конзерваториум. Денеска во Конзерваториумот во Атина ќе се одржи Меѓународната конференција за „Мир и одржлив развој“ во коорганизација на „Институтот Алексис Ципрас“ и ...
Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ вечерва ќе имаат неформална средба во Брисел, на која ќе разговараат околу изборот на носителите на највисоките функции во Унијата по изборите за Европскиот парламент. Европскиот совет, што го сочинуваат лидерите на членките на блокот, има клучна улога во изборот на претседателите на Советот на ЕУ и на Европската комисија и на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, а УВ индексот осум, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а ...
Додаток за прекувремена работа се исплаќа во само 26 од 36 институции, а додаток за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа во ниту една институција утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР). Констатирал и дека модулот за пресметка на плати се користи само од 29 институции, а модулот за управување со учинокот не се користи воопшто. Укажува да се преиспитаат законски утврдените рокови за одобрување на плановите за вработување како и да се ...
Пред точно шест години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија и се отвори патот кон евроатлантската интеграција, но и кон нови перспективи во билатералните односи со Грција, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Вкупно 128 перкасти китови (Balaenoptera physalus) може да бидат уловени во морето околу Исланд оваа ловна сезона, според квотата што денеска ја објави исландското Министерство за храна, земјоделство и рибарство. Министерката за рибарство Бјарки Олсен Гунарсдотир по состанокот на владата изјави дека одлуката за доделување дозволи за лов на китови не мора да го одразува нејзиното мислење или мислењето на нејзината партија, Лево-зелено движење. ...
Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра. Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен. Јавното ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да помогне во економското закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредити е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, што вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. ММФ во соопштението наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед на тој аранжман. ...
Собранието на Движењето Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата Влада, кои треба да бидат избрани во Парламентот. -Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од ...
Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата. Според таа анкета, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел. Рчиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го ...
Вечерва во 21:00 часот по македонско време започнува долгоочекуваното УЕФА ЕУРО 2024. Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен. Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер кој почина на 7 јануари годинава. Актуелен шампион е Италија, која триумфираше ...
Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори. Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат за префрлање на одговорноста на официјалните структури на алијансата. Се очекува ...
Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по европските избори во неделата, а Маринакис и на вчерашниот брифинг со ...
– Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 16 јуни 2024 година (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам. ...
Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, ќе се одржи денеска во Скопје како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“. На Самитот, своето учество го потврдиле претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството ...
Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера официјално ја започна кампањата за претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На стартот на кампањата, која ја започнала од Општинската организација на СДСМ во Бутел, Петровска ја презентирала програмата насловена како „Манифестот за Социјалдемократија“. „Го презентиравме ‘Манифестот за Социјалдемократија’ програмата со која планирам големи ...
Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер мафија на бизнис – интересите врз интересите на работниот народ, реагираат од Левица. Ова решение, како што оценуваат, дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во ...
Бројот на азиски тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска е зголемен во 13 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, што доведе до зголемување на бројот на заболени, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека климатските промени создаваат поволни услови за ширење на тигрестиот комарец, што доведува до зголемување на бројот на случаи на денга. Центарот предупреди дека ...
Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок. Официјални лица рекоа дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе. Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го ...
Арбен Таравари вчера вечерта и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да не има нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот ...
Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните. На вчерашните средби, проф. д-р Филипче, ја презентираше првата поголема реформа, ...
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за измените на Законот за организација на државната управа коалициските партнери во владата во најава го обезбедија ...
Европската унија ќе и обезбеди на Украина 517 милиони евра преку програми предводени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 143 милиони директно ќе поддржат проекти во градовите, додека остатокот ќе биде инвестиран во клучни области како што се инфраструктурата и енергетскиот сектор, соопшти ЕБОР. Украина, исто така, доби заем од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа, како дел од проектот дизајниран да ...