Порака и предупредување до Скопје и Тирана испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на состанокот на пратеничката група на Нова демократија, велејќи дека „прават сметка без крчмарот“, јави дописничката на МИА од Атина. За нашата земја, односно како што рече за северните соседи, Мицотакис посочи дека има прекршување на меѓународното право и обврските од меѓународните договори, а индиректно упати критики и до опозициската ...

Денко Малески Биди умерен во победата и грациозен во поразот, гласи една стара поговорка.Немаше потреба од такви страшни зборови од страна на новиот премиер Мицковски упатени кон опозицијата и кон сите оние кои ја поддржуваа нивната политика кон Грција. Демократијата значи право на несогласување, па оттаму потребата од внимание до каде ќе се оди во со инсистирање на своето мислење и непочитување на туѓото. На компромисите кои ги направи нашата ...

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов им порача на македонските власти дека мораат да ги почитуваат меѓународните договори. Тој рече дека ќе иницира средба со новоизбраниот македонски премиер, Христијан Мицкоски. „Договорите, особено меѓународните и вткаени во преговарачката рамка на ЕУ, се почитуваат“ рече Борисов, обраќајќи му се на премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, објави БГНЕС. Ова следи откако Мицкоски пред неколку дена коментираше дека треба ...

Руските власти соопштија дека со посредство на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размениле 90 украински воени заробеници за 90 руски војници заробени во Украина. „На крајот на преговарачкиот процес, 90 руски војници кои беа во животна опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев“, објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм. За возврат, беа предадени 90 воени заробеници од украинските ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Сончево и топло време со мала до умерена облачност прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Вакво време е најавено за претпладневните часови, а од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе ...

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се изјасни денеска пред американскиот суд во Саипан за виновен за кршење на американскиот Закон за шпионажа, во спогодбата со правосудството на САД со која заврши долгогодишната правна битка, и ја напушти судницата како слободен човек, јавуваат светските новински агенции. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага. Во склад со спогодбата за признавање ...

Кенијците протестираат против новиот предлог-закон за финансии со кој се воведуваат непопуларни даночни предлози кои предизвикаа бес во целата нација, јавува Би-Би-Си. Предлог-законот, кој содржи одредби за кои се смета дека наметнуваат дополнителни оптоварувања на обичните граѓани и фирмите, предизвика големи негодувања во јавноста, која и онака е оптоварена со високите трошоци за живот. Тоа покрена протести, кои главно ги спроведува помладиот ...

Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на поранешниот руски министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и за водечкиот руски генерал, началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, за наводни злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина. „Шојгу и Герасимов се обвинети дека се одговорни за воени злосторства, за насочување напади на цивилни објекти и нанесување прекумерни случајни повреди на цивили, како и за ...

Израелските сили убија најмалку 24 Палестинци во три одделни воздушни напади на градот Газа денеска утрово, а меѓу убиените се сестра и роднини на водачот на Хамас, Исмаил Ханијех, соопштија здравствените власти и лекарите во Газа. Израелски тенкови се пробија во текот на ноќта во западните области на Рафа на југот на енклавата, кревајќи во воздух куќи, изјавиле жители. Израелската војска во два воздушни напади погодила две училишта во градот ...

Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која претходно, на почетокот на јуни, отплови кон Куба, изведе вежби во Атлантскиот Океан барајќи подморници со помош на хеликоптер, соопшти денеска Министерството за одбрана. Екипажот на хеликоптерот „вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантскиот Океан“, соопшти Министерството на „Телеграм“. На оддалеченост поголема од 50 километри од бродот, пилотите изведоа низа мерки во ...

Словенечките туристички сместувачки капацитети во мај забележаа речиси 600.000 пристигнувања на туристи. Остварени се нешто помалку од 1,4 милиони ноќевања. Податоците за првите пет месеци од оваа година, исто така, се подобри од лани. Таканаречената мртва сезона на Блед беше за 25 отсто подобро посетена отколку лани. Таа туристичка дестинација многу добро се покажа за летните месеци. „Резервациите и изнајмувањата до крајот на септември се ...

Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри. Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Вреди. Тие доаѓаат на местата на Мицкоски и ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, и јорданскиот крал, Абдула Втори, вчера го повикаа Израел да ги укине сите копнени „ограничувања“ за испорака на хуманитарна помош во Газа, се вели во соопштението на францускиот претседателски кабинет. На работниот ручек во Елисејската палата тие ја повторија „потребата да се воспостави, без дополнително одлагање, итен и траен прекин на огнот во Газа и уште еднаш повикаа на ослободување на сите ...

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата. Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ. „Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. ...

Цените на нафтата беа малку пониски во вчерашното тргување во Азија. Како што пренесуваат странските новински агенции, инвеститорите чекаат вести кои ќе наведат детали во врска со очекуваното намалување на каматните стапки. Барел тексашка нафта од 159 литри за испорака во август вчераутро по средноевропско време чинеше 80,65 долари, осум центи помалку од петокот. Во Лондон, северноморската терминска цена на сировата нафта „Брент“ за август ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го обвини Израел дека шири дезинформации за себе, за време на повеќе од осуммесечната војна меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа. „Го слушнав истиот извор многу пати како тврди дека никогаш не сум го нападнал Хамас, дека никогаш не сум го осудил Хамас, дека сум поддржувач на Хамас“, рече Гутереш на конференција за новинари зборувајќи за интегритетот на ...

Официјална Москва е подготвена да разговара за евроазиските безбедносни прашања со Шангајската организација за соработка (ШСО) предводена од Русија и Кина, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Евроазискиот економски сојуз (ЕАЕУ), како и со земјите од БРИКС (Бразил, Русија , Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати), изјави рускиот претседател Владимир Путин после неговата посета на Северна Кореја на 18 ...

ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. ...

Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...

Русија и Белорусија, покрај Северна Кореја, Туркменистан и Сирија, се најдоа во списокот од 13 држави чии власти ја финансираат трговијата со луѓе, се наведува во најновиот Извештај за трговија со луѓе во 2024 година. Извештајот беше претставен синоќа од државниот секретар Ентони Блинкен. -Дигиталните инструменти го засилија опфатот, големината и брзинта на трговијата со луѓе. (Трговците со луѓе) користат онлајн платформи за продажба на ...

Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во ...

Папата Франциско ја загуби контролата врз својата либерална револуција, пишува порталот Политико“, наведувајќи дека се кува голема побуна против популарниот верски водач, и тоа во истиот географски регион којшто во 16 век го изнедри протестантското реформаторско движење. Во текстот потпишан од Бен Мунстер се наведува дека главното движење на отпорот кон пребавната либерализација на Католичката црква расте во Германија, но дека либералните ...

Ако е точно дека досегашната шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, навистина е главната и практично единствената сериозна кандидатка на Европската народна партија (ЕПП) за нов мандат на чело на најважната европска институција, тогаш и ЕПП и Лејен се соочуваат со пресуден правосудски предизвик. Имено, поради аферата „Фајзергејт“, францускиот лобист Фредерик Балдан поднесе кривична пријава против Лејен пред истражниот суд во Лиеж, ...

Во јужнокорејска фабрика за производство на литиумски баретии денеска избувна пожар. Новинската агенција „Јонхап“ извести дека во фабриката се пронајдени околу 20 тела. Огнот, кој во голема мера е изгаснат, избувна околу 10.30 часот (1.30 часот по Гринич) во фабрика на производителот на батерии „Аричел“, во Хвасеонг, јужно од главниот град Сеул. „Пожарот избувнал откако низа батериски ќелии експлодирале во магацинот во кој имало околу 35.000 ...

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК). – Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е ...

Северна Македонија: Новата Влада положи заклетва под уставното име откако доби доверба од Собранието“; „Мицкоски: Го карактеризираше „срамен“ терминот „Северна“ во уставното име на неговата земја“; Северна Македонија: Изгласана доверба од Собранието за новата Влада на Мицкоски“; „Владата на Мицкоски доби доверба – Заклетва со уставното име на земјата“, се дел од насловите на текстовите во грчките медиуми за синоќешното гласање на новата Влада ...

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ќе го започне својот мандат. Во Владата е предвидено примопредавање на премиерската функција од досегашниот претседател на техничката влада, Талат Џафери, по што двајцата ќе имаат кратка средба. Церемонии за примопредавање на функциите ќе се спроведат и во министерствата меѓу министрите од техничката Влада и новоизбраните министри. Собранието по дводневна расправа синоќа ...

Романската воздухопловна база Михаи Когалничеану (МК), која го добила името по блиското село, а тоа, пак, по либералниот политичар од 19 век, сега ќе се претвори во најголемата база на НАТО во Европа. Ќе биде поголема и од Рамштајн во Германија, пишува Би-Би-Си. Одалечена е само 20 километри од брегот на Црното Море, 300 километри од Одеса и 400 километри од Севастопол на Крим, кој беше окупиран од Русија. Шест РАФ-ови авиони од типот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
46%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
38%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
0.0
47%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.69
29%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
69%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
8.23
52%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
48%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.51
39%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1020
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
39%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.83
42%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052