Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата. За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес. Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите. -Ќе ги следиме изборите низ државата, во речиси сите голем град, но и во руралните средини. ...

Излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско население Од податоците објавени на официјалната веб страница на Државната изборна комисија за пресекот направен до 9 часот, излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско ...

По обработени податоци од 1009 избирачки места, до 9:00 часот на гласање за претседател излегле 4,17% од лицата со право на глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Како што рече тој, споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9%. Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале ...

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на денешната прва прес-конференција увери дека нема бојкот на претседателските избори и дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател. „На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, ...

Вечерва во Малме со почеток во 21:00 часот ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји. Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и Шведска, која како домаќин избори пласман во финалето. Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа, поради што веќе се одржуваат протести ...

Денеска во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во Скопје времето ќе биде стабилно и ...

Во напад на болница во југозападна Кина, повеќе од десет лица се убиени или ранети, јавуваат државните медиуми, кои не ја прецизираат природата на нападот. „Инцидентот се случил во локалната болница во 13:20 часот по локално време“, соопшти државната новинска агенција „Ксинхуа“. Нападот се случил во округот Женгксионг во североисточниот дел на југозападната провинција Јунан и истрагата е во тек. Масовните насилни злосторства се ретки во Кина, ...

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. Освен изнемоштените и затворениците, денес своето право на глас ќе го остварат и ...

Израел изврши ракетен напад врз Рафа, откако Хамас делумно го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа, кој Израел го отфрли како уште еден „трик“ на терористичката група. Хамас претходно денеска издаде соопштение во кое се вели дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со премиерот на Катар и министерот за разузнавање на Египет Сепак, израелски функционер рече дека предлогот што го прифати Хамас е ...

Толпа радосни луѓе собрани пред Бранденбуршката порта ноќва, една минута после 24 часот, запалија „џоинти“ и на тој начин го поздравија стапувањето во сила на новиот закон кој го декриминализира канабисот. Неколкуте стотици видно расположени момчиња и девојки, од кои многумина танцуваа на звуците на реге музиката, чекаа со високо подигнати запалки за, откако часовникот ќе отчука полноќ, да ги запалат цигарите со марихуана. Огромен лист марихуана ...

Бирото на Европското јавно обвинителство во моментов ја чешла интерната преписка меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и првиот човек на фармацевтската компанија „Фајзер“, Алберт Баурле, пренесува „Политико“. Станува збор за случај што во Лиеж на почетокот на 2023 година го покрена 36-годишниот белгиски лобист Фредерик Балдан, поради сомневање за „злоупотреба на јавна функција, судир на интереси и корупција“. И покрај тоа ...

Десетици професорки се уапсени оваа година ширум Америка за сексуални злосторства врз нивните ученици, додека бројот на „пуми во училницата“ навидум продолжува да расте. Како што пишува „Дејли Мејл“, само во последните 12 месеци во 16 американски држави уапсени се 25 учителки, а се стравува дека ова е само „врвот на сантата мраз“, бидејќи нема централизирано собирање податоци за следење на овој вознемирувачки тренд на напалени учителки. Минатиот ...

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина. Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ. Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид ...

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ. ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, Додавајќи дека ...

Општина Центар пред две недели започна со инсталирање на паметно јавно осветлување на цела територија на општината. Тоа значи дека граѓаните на Општина Центар добиваат јавно осветлување со нова ЛЕД технологија за автоматско димирање односно прилагодување на светлината следствено временските услови или зачестениот сообраќај на улицата. Општина Центар појаснува дека овие светилки не се палат мануелно туку тие почнуваат да светат следејќи го ...

По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е воен плен. Во еуфорија од вратената гордост на граѓаните камбаните ечат за национално единство. Се бара ...

За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. -Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите ...

Тој објасни дека за кандидатите тоа значи спроведување на неопходните реформи и решавање на сите билатерални спорови, а за ЕУ реформа на програмата и буџетот и процесот на одлучување. Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ ќе претставува геополитички императив и „нова средба со историјата“. ...

„Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот на крај ќе победи“, велат од „Европскиот фронт“ Ниту една политичка гарнитура – владејачка гарнитура – нема да се формира без пратениците на „Европскиот фронт“, вели Наим Бајрами од Алијанса за Албанците кој е и актуелен министер за информатичко општество и администрација во техничката влада. Според Бајрами, пратениците на „Европскиот фронт“ се вистинските претставници на ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Србија. Потресот е регистриран во регионот на Кладово, а се тресело и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствуваа и во Ниш. Епицентарот на земјотресот бил кај Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во ...

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, од 5 до 10 мај ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. Билатералните односи со Франција го задржаа силниот импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Џинпинг на Франција. „Кина се радува на соработката со Франција на понатамошното јакнење на ...

Вчера, околу 800 служби за итни случаи формираа 1,5 километар долг човечки ланец за да го пронајдат Аријан (6), кому во понеделникот му се изгуби секој траг.Исчезна во Бремерверде-Елм во Долна Саксонија, пишува магазинот „Феникс“. Германската новинска агенција ДПА јавува дека од вчераутро се пребарува областа северно од куќата на исчезнатото дете. Во изминативе неколку денови таму се пронајдени бројни траги. Во потрагата се користат и беспилотни ...

Најмалку 13 лица се убиени, а многу се ранети, во израелските воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, во јужниот дел на Газа, објавија денеска тамошните медицински служби. Медиумите на Хамас проценуваат дека во нападите загинале 15 лица. Нападите на Рафах, каде што повеќе од еден милион луѓе се засолниле од повеќемесечното израелско бомбардирање, се случија неколку часа пред Египет да биде домаќин на лидерите на исламистичката група Хамас ...

Дваесет луѓе загинаа во експлозија во воена база во Камбоџа, а оштетени се бројни објекти во близина, објави „Скај Њуз“. Воената база „Кампонг Спеу“ се наоѓа на југозапад од споменатата држава во Југоисточна Азија, а покрај 20-те загинати војници, уште неколку се ранети. Оштетени се, се истакнува во текстот на „Скај Њуз“, најмалку 25 куќи кои се наоѓаат во близина на „Кампонг Спеу“, додека во самата база оштетени се четири згради и неколку ...

Еден ден откако тројца Германци беа уапсени под обвинение дека шпионирале за Кина, германската национална телевизија, АРД, објави дека во Дрезден е уапсен Џијан Г. (43), вработен во канцеларијата на европратеникот и главен кандидат на АфД за европските избори, Максимилијан Крах. Постојат сомневања дека работел за кинеската тајна служба. Живеел во Брисел и Дрезден. Џијан Г., наводно, пред десетина години се понудил како доушник на германските ...

Учениците од основните и средните училишта од денеска заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. Ден ...

Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си. Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата. Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни. Тестирани се и ...

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по редкордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. Голем број училишта на Филипините немаат климатизација. Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11 ...

Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април. Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52