
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Словенечките туристички сместувачки капацитети во мај забележаа речиси 600.000 пристигнувања на туристи. Остварени се нешто помалку од 1,4 милиони ноќевања. Податоците за првите пет месеци од оваа година, исто така, се подобри од лани. Таканаречената мртва сезона на Блед беше за 25 отсто подобро посетена отколку лани. Таа туристичка дестинација многу добро се покажа за летните месеци. „Резервациите и изнајмувањата до крајот на септември се ...
Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри. Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Вреди. Тие доаѓаат на местата на Мицкоски и ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, и јорданскиот крал, Абдула Втори, вчера го повикаа Израел да ги укине сите копнени „ограничувања“ за испорака на хуманитарна помош во Газа, се вели во соопштението на францускиот претседателски кабинет. На работниот ручек во Елисејската палата тие ја повторија „потребата да се воспостави, без дополнително одлагање, итен и траен прекин на огнот во Газа и уште еднаш повикаа на ослободување на сите ...
Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата. Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ. „Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. ...
Цените на нафтата беа малку пониски во вчерашното тргување во Азија. Како што пренесуваат странските новински агенции, инвеститорите чекаат вести кои ќе наведат детали во врска со очекуваното намалување на каматните стапки. Барел тексашка нафта од 159 литри за испорака во август вчераутро по средноевропско време чинеше 80,65 долари, осум центи помалку од петокот. Во Лондон, северноморската терминска цена на сировата нафта „Брент“ за август ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го обвини Израел дека шири дезинформации за себе, за време на повеќе од осуммесечната војна меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа. „Го слушнав истиот извор многу пати како тврди дека никогаш не сум го нападнал Хамас, дека никогаш не сум го осудил Хамас, дека сум поддржувач на Хамас“, рече Гутереш на конференција за новинари зборувајќи за интегритетот на ...
Официјална Москва е подготвена да разговара за евроазиските безбедносни прашања со Шангајската организација за соработка (ШСО) предводена од Русија и Кина, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Евроазискиот економски сојуз (ЕАЕУ), како и со земјите од БРИКС (Бразил, Русија , Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати), изјави рускиот претседател Владимир Путин после неговата посета на Северна Кореја на 18 ...
ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Северна Македонија, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. ...
Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...
Русија и Белорусија, покрај Северна Кореја, Туркменистан и Сирија, се најдоа во списокот од 13 држави чии власти ја финансираат трговијата со луѓе, се наведува во најновиот Извештај за трговија со луѓе во 2024 година. Извештајот беше претставен синоќа од државниот секретар Ентони Блинкен. -Дигиталните инструменти го засилија опфатот, големината и брзинта на трговијата со луѓе. (Трговците со луѓе) користат онлајн платформи за продажба на ...
Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во ...
Папата Франциско ја загуби контролата врз својата либерална револуција, пишува порталот Политико“, наведувајќи дека се кува голема побуна против популарниот верски водач, и тоа во истиот географски регион којшто во 16 век го изнедри протестантското реформаторско движење. Во текстот потпишан од Бен Мунстер се наведува дека главното движење на отпорот кон пребавната либерализација на Католичката црква расте во Германија, но дека либералните ...
Ако е точно дека досегашната шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, навистина е главната и практично единствената сериозна кандидатка на Европската народна партија (ЕПП) за нов мандат на чело на најважната европска институција, тогаш и ЕПП и Лејен се соочуваат со пресуден правосудски предизвик. Имено, поради аферата „Фајзергејт“, францускиот лобист Фредерик Балдан поднесе кривична пријава против Лејен пред истражниот суд во Лиеж, ...
Во јужнокорејска фабрика за производство на литиумски баретии денеска избувна пожар. Новинската агенција „Јонхап“ извести дека во фабриката се пронајдени околу 20 тела. Огнот, кој во голема мера е изгаснат, избувна околу 10.30 часот (1.30 часот по Гринич) во фабрика на производителот на батерии „Аричел“, во Хвасеонг, јужно од главниот град Сеул. „Пожарот избувнал откако низа батериски ќелии експлодирале во магацинот во кој имало околу 35.000 ...
Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК). – Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е ...
Северна Македонија: Новата Влада положи заклетва под уставното име откако доби доверба од Собранието“; „Мицкоски: Го карактеризираше „срамен“ терминот „Северна“ во уставното име на неговата земја“; Северна Македонија: Изгласана доверба од Собранието за новата Влада на Мицкоски“; „Владата на Мицкоски доби доверба – Заклетва со уставното име на земјата“, се дел од насловите на текстовите во грчките медиуми за синоќешното гласање на новата Влада ...
Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ќе го започне својот мандат. Во Владата е предвидено примопредавање на премиерската функција од досегашниот претседател на техничката влада, Талат Џафери, по што двајцата ќе имаат кратка средба. Церемонии за примопредавање на функциите ќе се спроведат и во министерствата меѓу министрите од техничката Влада и новоизбраните министри. Собранието по дводневна расправа синоќа ...
Романската воздухопловна база Михаи Когалничеану (МК), која го добила името по блиското село, а тоа, пак, по либералниот политичар од 19 век, сега ќе се претвори во најголемата база на НАТО во Европа. Ќе биде поголема и од Рамштајн во Германија, пишува Би-Би-Си. Одалечена е само 20 километри од брегот на Црното Море, 300 километри од Одеса и 400 километри од Севастопол на Крим, кој беше окупиран од Русија. Шест РАФ-ови авиони од типот ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 ...
Бројот на починати во овогодинешниот аџилак е 1.301, рече вчера министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад Ал Јалајел. Јалајел, чии зборови ги пренесе државната телевизија, истакна дека причината за смртните случаи е „поминувањето на долга дестинација изложени на сонце без соодветно засолниште и удобност“. Меѓу починатите има многу постари лица и оние кои страдале од хронични болести. „Околу 83 отсто од смртните случаи се меѓу оние на ...
Данскиот крал Фредерик неодамна официјално го отвори почетокот на работите на првиот дел од патниот и железничкиот тунел што ќе ја поврзува Данска со Германија. Имено, тие две земји сега се на чекор поблиску до изградба на најдолгата подводна железница и патен тунел во светот. Истиот ќе биде долг 18 километри и ќе поминува под Балтичкото Море, а треба да ја поврзе јужна Данска со северна Германија и да даде важен придонес на еколошката ...
Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“. Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на ...
Во петок и сабота, по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. -Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до ...
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98 (83 ...
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. За време на состанокот на Врховниот совет за ...
Џенифер Лопез и Бен Афлек, за кои се шират гласини дека се на работ на разделба, деновиве живеат одвоено, изјави неименуван извор за порталот „ЕТ“. Имено, според наводите, парот „официјално, сè уште не се разделени“, но моментно се насочени кон сопствените работни обврски. „Кога повторно почнаа да излегуваат, имаа големи надежи дека вториот пат ќе им успее. За жал, работите не одеа баш така“, додаде изворот. Неодамна беше откриено дека Бен и ...
Од денеска до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание ...
Уставниот суд денеска треба да одлучува по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права помеѓу кои се и Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители. Според подносителот на иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, новите измени ги ограничуваат ...