На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат за МИА од АМСМ. Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен ...

Вулканот Етна на Сицилија еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но немаше големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров, а нема информации за штета. На снимката се гледа како лава и остатоци полека течат по планината, а истражувачите ја набљудуваат ерупцијата во близина. Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу ...

Во Франција вo недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува Фигаро. Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци ...

Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД , Н.Е. Анџела Прајс Агелер по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. ,,Благодарност за силната и континуирана поддршка за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија. Да го негуваме и понатаму големото пријателство, заеднички да ...

Години наназад, вклучително и оваа, средношколците кои се дел од тимовите што ја претставуваат Македонија на научни олимпијади ширум светот каде што го веат македонското знаме и од каде што донесуваат бројни признанија и медали, мака мачат да најдат средства за воопшто да стигнат на тие натпревари, велат од Левица. „Наместо последните седмици пред натпреварувањата да ги вложат за што подобро да се подготват, тие се принудени да одат од една до ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со посебниот советник за Западен Балкан Анжеј Франгеш, на која, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја. – Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на ...

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември. -Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме, рече претседателот, пренесен од американските медиуми. Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и ...

Кинеската метеоролошка управа денеска соопшти дека очекува температурите да бидат релативно високи во повеќето области низ земјата во текот на следните неколку месеци. Земјата има невообичаено топло време во поголемиот дел од годината, со просечни температури од март до мај на највисоките нивоа од почетокот на евиденцијата во 1961 година, пренесува Ројтерс. Метеоролозите предупредија дека ова ќе биде второ лето по ред на екстремни горештини, ...

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Од МВР денеска соопштуваат дека се изречени и шест санкции за прекршоци за возачи на мотоцикли, како и четири мерки за возачи почетници. ...

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје денеска и утре ќе возат само до 10 часот наутро, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата. -До петок ќе возиме ...

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно би ставил крај на војната во Украина за само 24 часа. – Ако Трамп знае како да го заврши војната, нека ни каже денес, изјави Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг. – Ако е загрозена независноста на Украина, ако ја изгубиме државата… сакаме да бидеме подготвени за тоа, сакаме да знаеме, рече ...

– Бундестагот ќе престане да користи факс машини во својата работа. Ова го соопшти прес-службата на долниот дом на германскиот Парламент како одговор на прашање на ДПА. Администрацијата на Бундестагот гарантираше дека сите работни процеси и активности, за кои досега се користеа факс машини, сега можат целосно да се извршуваат дигитално, се наведува во соопштението на прес-службата. Бугетската комисија минатиот ноември ја повика администрацијата ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш се обиде да ги убеди германските граѓани дека земјата нема да стане дел од војната во Украина поради континуираната поддршка за Киев во неговата битка против руските сили, јави ДПА. „Да, давам гаранција“, рече тој како одговор на прашање во Бундестагот, повторувајќи ги коментарите што ги даде претходно. – Стојам зад тоа како канцелар“, додаде тој. Шолц ја отфрли идејата дека може да има прекин на огнот ...

Денеска и утре се очекува Грција да ја зафати силно невреме, пропратено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба. Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција. Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува денес и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион. Температурата само малку ќе опадне и ќе се ...

Во Велика Британија денеска се одржуваат општи избори на кои гласачите ќе изберат 650 членови на Долниот дом на парламентот, по што лидерот на партијата со најмногу гласови прво ќе стане мандатар за формирање нова влада и потоа и премиер. Велика Британија е поделена на 650 области, наречени изборни единици. Гласачите во секоја од овие изборни единици избираат по еден пратеник во Долниот дом, долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство. ...

Мултивитамините се главниот нутритивен избор за милиони луѓе, но тие не го продолжуваат животот, откриле американските лекари и научници кои следеле околу 300 илјади луѓе постари од 20 години. Истражувањето не потврди дека „употребата на мултивитамини го зголемува животниот век“, посочуваат тие во написот објавен во списанието ЈАМА Нетворк Опен (JAMA Network Open), објавено од Американското медицинско здружение. Новото истражување го зеде ...

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ. Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата. Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи ...

Две нови анкети направени по катастрофалната дебата на претседателот Џозеф Бајден со Доналд Трамп нудат обесхрабрувачки вести за демократите, пишува Политико. Анкетата на Универзитетот Сафолк/USA TODAY објавена во вторник покажа дека Трамп води пред Бајден за три процентни поени, што е промена по дебатата од анкетата еден месец претходно, која ги изедначи двајцата кандидати. Друга анкета спроведена од SSRS за CNN, исто така, покажа дека Трамп ...

Истражувањето спроведено меѓу граѓани на 13 земји членки на НАТО, покажа дека во просек околу шеесет отсто од испитаниците имаат позитивен став кон овој западен воен сојуз, објави денеска Истражувачкиот центар Пју. Резултатите од истражувањето беа објавени во пресрет на самитот на НАТО, кој се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, во многу предизвикувачки период за 75-годишната западна воена алијанса. Триесет и две земји-членки на НАТО ги ...

Австралиската полиција трага по 12-годишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало. Алармот бил вклучен доцна синоќа во Палумпа, оддалечен град во северната територија, пишува Скај њуз. Полицијата соопшти дека 12-годишното момче последен пат било видено како плива и дека „првичните извештаи се дека било нападнато од крокодил“. Беше започната потрага, во која беа вклучени официјални лица и локални жители. „Локалните полицајци се на ...

Врз основа на програмата на Министерството за транспорт, во Атина, до крајот на 2025 година ќе сообраќаат вкупно 900 нови автобуси, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при неговата посета на гаражата со автобуси од јавниот превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека веќе во Атина и Солун сообраќаат првите 250 електрични автобуси. – Имаме двојна цел, да продолжиме со целосна замена на стариот автобуски возен парк со ...

Силни и интензивни молњи рано утрово предизвикаа два различни шумски пожари во северозападниот дел на грчкиот остров Тасос, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од противпожарната служба на Грција, интервенираат 32 пожарникари со група пешадиски тим, 13 возила, еден авион и два хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините. Паралелно од градот Кавала со траект на островот се пренесуваат уште 18 пожарникари со група пешадиски ...

Неколку лица се повредени поради паѓање стакло пред ноќен клуб во Сплит, а 15 од нив побарале лекарска помош, соопшти хрватската полиција. „Според првите информации, околу петнаесетина лица, главно со полесни повреди побарале лекарска помош и се пренесени во КБЦ за укажување лекарска помош“, соопшти Сплитско-далматинската полиција, пренесува Хина. Индекс.хр пренесува дека се искршило стаклото во излогот на стоковна куќа, веднаш до влезот на ...

Поради синоќешните и денешните чести и продолжени забрани за полнење гориво на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, поради неповолните временски услови, како и последователно губење на аеродромските слотови, одреден број летови на Ер Србија закажани во текот на денот може да доцнат, соопшти националната авиокомпанија. Надлежните служби на Ер Србија прават се што е во нивна моќ да се грижат за сите патници чии летови ќе доцнат, се додава во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. УВ ...

Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна стапка на раст од над 12%, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво. Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија. Во канцелариите во Скопје пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година ...

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција предложена од Кина, поддржана од САД, со која се повикуваат богатите развиени земји да го премостат се поголемиот јаз со сиромашните земји во развој и да обезбедат да имаат еднакви можности да користат вештачка интелигенција. Резолуцијата беше усвоена вчера по усвојувањето на првата резолуција на ОН за вештачка интелигенција на 21 март, предложена од САД. Усвојувањето на двете ...

Врховниот суд на САД донесе историска одлука за случајот на Доналд Трамп, велејќи дека поранешните претседатели имаат извесен имунитет од кривично гонење за делата што ги направиле додека биле на функција, а адвокатите на поранешниот шеф на Белата куќа веднаш одговориле со писмо до друг судот. Трамп побара Врховниот суд да одлучи дали како поранешен претседател е имун од кривично гонење, а веста што вчера пристигна од Вашингтон ја нарече „голема ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ. Ова го изјави денеска Мицкоски ...

Соопштение за јавност Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори. „Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
37%
1011
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1012
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.2
55%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
4.12
69%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
45%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
48%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
59%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
6.71
54%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 14ᴼ
2.06
77%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1012
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52