
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Семките од тикви би можеле да бидат „грицките“ погодни за слабеење, според најновите сознанија на стручњаците. Имено, една мала лажица семки од тиква дневно му дава на телото доволно магнезиум, цинк, железо, витамин Е, омега-3 масни киселини и антиоксиданси, пишува „Бест лајф“ (Best Life). Влакната се она што ги прави овие семки корисни за слабеење, бидејќи подолго го задржуваат чувството на ситост, го подобруваат варењето и го регулираат ...
Ураганот Милтон помина низ централна Флорида откако удри во нејзиниот западен брег утрово, при што беше проследен со смртоносни торнада, уништи домови и остави без струја повеќе од 2,8 милиони потрошувачи. Бурата стигна до брегот на Флорида како ураган од трета категорија со максимални одржливи ветрови од 195 километри на час, објави Националниот центар за урагани на САД. Утрово, ветровите се уште имале опасна брзина од 150 километри на час, со ...
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје вчера преку соопштение апелираше до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и ...
Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија вчера стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава ...
Ураганот Милтон на Флорида пристигна околу 2 часот по полноќ по локално време, со ветрови од 200 километри на час. Најмногу е погоден округот Сент Луси на Атлантикот на Флорида, каде има најмалку двајца загинати, пренесува Еј-би-си њуз. Според шерифот на овој округ Кит Пирсон, повеќе од 100 станбени објекти се уништени, а повеќе од милион домови на Флорида останаа без струја. Повеќе од 100 илјади лица се сместени во центрите за евакуација низ ...
ТикТок се соочува со нови тужби од 13 американски држави и главниот град на Вашингтон обвинувајќи ја популарната социјална мрежа дека наштетила и не ги заштитила младите луѓе. Тужбите, поднесени одделно во Њујорк, Калифорнија, округот Колумбија и 11 други држави, ја продолжуваат правната битка на кинескиот ТикТок со американските регулатори, со барања компанијата да плати нови казни, јавија американските медиуми. Федералните служби го обвинуваат ...
Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители. На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство. Истрагата го опфати ...
Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Северна Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, истакна вчера државниот ревизор Максим Ацевски пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски прашања. Ацевски презентираше извадоци од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема ...
Кон Европа се движи ураганот „Кирк“, кој најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела. -„Кирк“ првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. Сега ќе остане многу силен бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја ...
Напаѓачот на Барселона, Феран Торес ја повреди тетивата и ќе паузира на неодредено време, соопшти денеска каталонскиот клуб. Торес ќе ги пропушти натпреварите на шпанската репрезентација во Лигата на нации против Данска в сабота и Србија следниот вторник, потврди селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте. Медиумите наведуваат дека Торес би можел да отсуствува од шест до осум недели откако се повреди при победата на Барса од 3-0 против ...
CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата „Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl ...
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е ...
Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека 2023 година била најсушна година за светските реки во последните 30 години, поради рекордно високите температури кои довеле до сушење на водните текови и продлабочување на сушите. Во извештајот на WMO се посочува дека глечерите кои снабдуваат многу реки со вода претрпеле најголема загуба на маса во последните пет децении, предупредувајќи дека топењето на мразот може да ја загрози ...
Многу педијатри и психолози велат оти раната употреба на паметни телефони може да предизвика долготрајна штета. Така, детето не треба да има свој телефон пред да наполни шест години, смета психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо. Според неа, шестата година е критичен период во развојот на детето, пред којшто можеби не е соодветно да се изложува детето на какви ...
Закуска пред спиење му годи на телото, особено по долг, напорен ден. Сепак, она што се јаде пред спиење може или да го поддржи или да му наштети на човековиот метаболизам. Погрешна закуска може да го наруши варењето, т.е. да ги забави процесите на согорување на маснотиите, но влијае и на сонот. Во оваа смисла, според стручњаците, трите најопасни вечерни „вкусни задоволства“ се сладоледот, чипсот и крекерите. Сладоледот е една од најомилените ...
Стотици, можеби илјадници Холанѓани изгубиле пари поради пирамидалната шема за криптовалути. ОмегаПро кои ветувале огромен поврат на инвестициите се додека не пропаднала пирамидалната шема, објави весникот Де Телеграф. „ОмегаПро“ е основана во 2019 година на островите Свети Винсент и Гренадини, а седиштето било во Дубаи. Со него управуваат Германецот Дилавар С., Американецот Мајк С. и Швеѓанецот Андреас С. Компанијата се занимава со девизен курс ...
Високиот суд на ЕУ соопшти дека следниот месец ќе ја слушне тужбата за објавувањето на приватни СМС пораки што шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги испратила за да преговара за купување вакцини против Ковид-19. Случајот се фокусира на пораките што Фон дер Лајен ги размени во екот на пандемијата со Алберт Бурла, главен извршен директор на Фајзер, за да помогне да се организираат големи набавки на вакцини во ЕУ. Размената беше ...
Ураганот Милтон се засили во ураган од петта категорија од скалата Сафир-Симпсон, соопшти вчера американскиот Национален центар за следење урагани. Според извештаите, ветровите предизвикани од ураганот Милтон достигнуваат и до 257 км/ч, што го надмина прагот за петта категорија на урагани, јавија американските медиуми. Според Националниот центар за урагани ќе биде погоден западниот брег на Флорида до средината на неделата, веројатно в среда. ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе ...
Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа на ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените, објави денеска шведскиот институт Каролинска. „Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во ...
Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген имало уште една експлозија. Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и пет дена откако беа активирани две експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска. – Се разбира, разгледуваме дали би можело да има поврзаност со ...
Американската глумица Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ за животно дело на 50. доделување на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари вгодина, објавија вчера организаторите. Џулија Робертс се прослави во 1990 година со филмот „Убава жена“ (Pretty Woman). Тогаш имала 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир. Потоа сними уште неколку љубовни комедии што постигнаа голем успех, на пр. „Свадбата на мојот најдобар ...
Според податоците на „Евростат” за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек – од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно. Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција ...
Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС). Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години. Оваа регулатива ќе се применува на сите ...
Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари. „Имаше една забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните. Пред три недели ја поминавме на Влада одлуката да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство подготвуваме ...
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните ...
Пропустите во начинот на финансирање на координацијата и испораката на вакцини од страна на ЕУ, резултираше со нивни недостиг во земјите партнери на Унијата, се наведува во Извештајот на Европскиот суд на ревизори во врска со ревизорската контрола на финансиската поддршка на блокот на здравствени проекти во Демократска Република Конго, Бурунди и Зимбабве во периодот од 2007, па до почетокот на оваа година. Судот на ревизори посочува дека еден од ...
Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври во Стокхолм и Осло, објавено е на веб-страницата на одборот за доделување на наградата. Како што се наведува, прво традиционално ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина на 7 октомври во Стокхолм, додека добитникот на наградата за физика ќе биде познат ден подоцна, чие име ќе биде објавено во Кралската шведска ...
Aмериканските власти поднесоа обвиненија против 10 лица за нелегална продажба на околу 70 милиони опиоидни таблети, соопшти Министерството за правда на САД. Според Министерството, ова е најголемата акција досега против дистрибутерите на опиоиди и други лекови кои често се злоупотребуваат, чија вредност на црниот пазар достигнува 1,3 милијарди долари. Обвинетите се поврзани со фармацевтската индустрија, вклучувајќи трговски претставници и ...
Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово. Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп. Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат ...