Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство ...

Пет пожари на отворено за 24 часа евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изминатото деноноќие во скопскиот регион се гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на селото Миладиновци, како и запалено ѓубре во атарот на село Сарај. Во Охридскиот регион се интервенирало на запалено ѓубриште во близина на комплексот „Набизи“. Пожарникарите од Неготино имале две интервенции – гаснеле запалено жито на површина од околу два декара во ...

Во организација на Факултетот за земоделски науки и храна – Скопје денеска ќе се одржи конференцијата и панел-дискусијата „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“. Како што информираат од Факултетот за земоделски науки и храна, на конференцијата ќе се обратат професор д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ, професор д-р Лазо Пендовски, проректор на УКИМ, Зденко Лончариќ од Факултетот за ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Во овој период се поднесуваат барања за: – растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како ...

Движењето на граѓаните на Водно во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) пренесувајќи ја информацијата од фирмата „Рапид билд“ ДОО. Регулираното движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, како што велат од ЦУК е поради ...

Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е намалено за 1,2 проценти, а за 2,6 проценти во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи опаѓање од 39,6 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а пораст во секторите Рударство и вадење на ...

Нема вода во каналите за наводнување К 1 и К 2, реагираше денеска на прес конференција, претседателот на Здружението на Тиквешки лозароовоштари, Дане Јошев. – Лозјата ни се наводнуваат со вода од овие канали. Вода треба да има од први мај. Утре е први јуни, вода нема. А прашање е дали и ќе има. Стравуваме за нашиот род, стравуваме од штети. Апелираме да се реши проблемот под итно, оти имаме родна година и за околу до пет дена, ќе имаме потреба ...

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...

Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот. Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент ...

шестото место помеѓу светските производители ЕУ ги укина квотите за увоз на сливи од Молдавија пред две години. Тие ги надминаа за четири пати и имаат потенцијал за раст Молдавските сливи покриваа 25 проценти од пазарот на ЕУ во 2023 година, а нивниот извоз достигна вредност од 35 милиони евра, пишува ” East Fruit “. Пред две години ЕУ ги укина квотите за увоз на седум земјоделски производи од Молдавија, вклучувајќи ги и сливите. Извезоа 60.000 ...

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат каде што по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите и информираше дека е постигнат договор за минимална откупна цена на црвениот и розевиот домат. „Она за што разговаравме денеска е да ја воочиме реалната ситуација со откупот на доматот од реколта 2024 година, каде што имаме зголемено ...

Условите за употреба на пестициди навечер често се подобри отколку во текот на денот. Температурата не е премногу висока, ветерот ако го има – е послаб, а влажноста е повисока. Заштитата на растенијата навечер има одредени предности, особено кога станува збор за употребата на хербициди. Условите за употреба на пестициди навечер често се подобри отколку во текот на денот. Температурите не се премногу високи, ветерот ако има еден – е послаб, а ...

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата. Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам: Кој може да аплицира – Физички лица: – Правни лица (микро и мали претпријатија): ...

Струмичките земјоделци денеска ќе искочат на протест поради ниската откупна цена на доматот. Веќе втор ден со протести и блокади бараат повисока откупна цена за македонскиот домат, кој во моментот достигна цена од 20 до 25 денари за килограм. Минатата недела протестираа и жителите на Иловица и Штука кои се незадоволни од откупната цена на младиот компир. Годинава лошо мина и откупот на зелката, здруженијата на произведувачи велат дека околу 30 ...

Во ек е расадувањето на тутунот, а надлежните од државниот земјоделски инспекторат велат дека годинава е добра за производството на оваа стратешка култура. Со откупувачите тутунарите склучија околу 30 000 договори за производство на 26 500 тони тутун. Годинашнава реколта е многу слична со ланската, но условите се подобри. -Станува збор за 1 до 2 проценти намалување што е многу незначително ако се земат предвид климатските услови оваа година кои ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во координација со телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, донесе одлука за пролонгирање на рокот за поднесување на барања за финансика поддшка од јавниот повик 01/2024 од ИПАРД 2021-2027 Програмата за мерката 3 “Инвестиции во основни средства за прераработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Имено, поради големиот интерес за аплицирање на јавниот повик како и ...

Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното градско подрачје, според информациите, целосно е ...

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир. – Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40 496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) ...

Кумановци да не пијат вода за пиење од водоводот, поради заматеност од вчерашните врнежи од град и дожд во липковско, алармираат од Центарот за управуавње со кризи. Утрово, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на настанатиот голем проблем за водоснабдување на градот Куманово. Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во ...

Граѓани денеска алармираат дека во Куманово поради обилните врнежи има одрони на патот во село Сушево. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, пак Бобан Цветановски во изјавата за МИА посочи дека вчера поради интензивните врнежи од град и дожд има одрони на повеќе патишта. – До доцните вечерни часови со скип ги отстранувавме наносите од камења, инфраструктурата е уништена во повеќе села. Во однос на земјоделското обработиливо земјиште има ...

Се отстрануваат последиците од силното невреме што вчера ја зафати Србија. Едно лице загина во Сомбор кога дрво падна врз возило. Изгаснат е пожарот што избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, поради што дел од градот остана без струја. Пожарникарите и спасувачите евакуираа пет лица и едно бебе. Во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград. Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, ...

Птичји грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а резултатите од првите тестови покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, соопшти денеска австралиското Министерство за земјоделство. Голем број живина угина на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека се вршат тестови за ...

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд. Во ...

Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир. Со трактори и земјоделска механизација тие ја блокираа крстосница што води кон двете села револтирани од откупната цена на младиот компир која денеска изнесувала 15 денари за килограм. Според земјоделците, младиот компир треба да се откупува за најмалку 25 денари за килограм, бидејќи сегашната не ги ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера била добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во општина Ранковце, има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода. Од зголемениот водостој на речното корито на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина, информираат утрово од ЦУК. Известени биле градоначалникот и контакт лицата од општина Ранковце за настанатата состојба. ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 83,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар. За 0,306 денари ...

Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска ќе биде организиран настан по повод Светскиот ден на пчелата. Целта е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата. Првиот дел од настанот ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во Автокоманда, а вториот на платото пред ФЗНХ, ...

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници. Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР. Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и ...

Светскиот ден на пчелата – 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба. Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1013
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
56%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
68%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
4.92
45%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
50%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
62%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52