
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат. Според податоците на ЦУК, имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во изминатото ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич. „Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и ...
Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК. Според последните ...
“Најновиот извештај на Светската банка констатираше дека Македонија има највисоко ниво на раст на реалната плата и на продуктивноста од сите шест земји од регионот на Западен Балкан. Тоа е потврда на политиките за кои се залагаме и ги практикуваме во последниве седум години, а тоа е зголемување на платите за нашите сограѓани,“ посочи Јован Деспотовски директор на ТИРЗ во дебата на јавниот сервис МТВ. Деспотовски додаде дека само во Технолошко ...
Утрово е најстудено во Берово, 4 степени, а во Велес се измерени 15. Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата изнесувала 5 степени во Лазарополе, 6 на Попова Шапка и во Маврови Анови, 8 во Битола и Претор, 9 во Охрид, Тетово и Струмица, 10 во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, Прилеп, Дебар и Крушево, 12 во Виница, Гевгелија и Кавадарци, како и 14 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Дојран. Изутринава во ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, ...
Квалитетен и навремен пристап до вода за земјоделските површини, е клучна за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Денеска од селото Оризари, кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешниот увид во започнувањето на сезоната за наводнување на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го најави повикот за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата. „Денеска од овде од Кочани каде имаме многу успешни #ИПАРД приказни, најавувам дека од утре стартува повикот за мерката 3 од новата #ИПАРД 3 програма, со која ставаме на располагање 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка. Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски ...
Од овде од село Оризари кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода. Лично дојдов да се уверам во тоа. Оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со другите култури од овој регион 4200 хектари земјоделски површини. Нека тече вода, нека ги храни оризовите ...
Со пригодна свеченост, печеларското здружение „Охрид“ одбележа значаен јубилеј, 50 годиини успешна работа. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Во текот на изминатите пет децении, ова здружение има дадено голем продонес во развојот на земјоделството во нашиот регион, промовирајќи го значењето на пчеларството и производството на мед, како неизоставен дел од нашето ...
Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни. -Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица вчера во 12:00 часот имале интервенција на шумски пожар во атарот на село Дулица каде што горела дабова и мешана шума. На терен биле излезени повеќе екипи: тројца пожарникари со едно возило, ...
Маријана Дочинска е успешна жена земјоделка, која има сопствена фарма со 80 крави. Маријана успешно ја има искористено поддршката за набавка на трактор, а во 2023 година преку мерката бизнис план од Националната програма за рурален развој, со грант поддршка до 10.000 евра, има набавено миксер за храна на добитокот и цистерна за течно ѓубре. Со новата мерка за бизнис план, која Маријана ја има искористено, за само една година успеавме со оваа ...
Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново. Измената на ...
Во шумски пожари во ЕУ во текот на минатата година изгореа 504.002 хектари површина, се наведува во Извештајот за шумските пожари во Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка во 2023 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Извештајот се нагласува дека пожарите биле најинтензивни во текот на летото и претежно го зафатиле медитеранскиот регион, при што е регистриран и ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски. „Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што ...
Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители, исплатени се субвенциите за реколтата 2023 во вкупна вредност од близу 1.5 милијарди денари и тоа за двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања или народски кажано субвенции, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун. Ова е досега најголема исплата за поддршка на производителите на тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за произведен и продаден тутун од реколта 2023 година. Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2023 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Висината на директните плаќања е 100 денари за предаден ...
Во последните два дена, водостојот на Вардар е намален во однос на просекот за април кај сите мерни станици: Јегуновце, Лепенец, Железнички мост во Скопје, Велес и Демир Капија, покажа мерењето на УХМР. Намалување на водостојот на 10 и 11 април во однос на просекот, е забележано и кај другите реки: Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Црна Река, Црн Дрим, Сатеска и мало намалување има и кај Радика. Само реките Бабуна и Струмица последните два ...
Министерот за земјоделство, шумартсво и водостопанство Љупчо Николовски информира дека денеска се исплатени субвенциите за тутунот. – Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители, исплатени се субвенциите за реколтата 2023 во вкупна вредност од близу 1.5 милијарди денари и тоа за двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања или народски кажано субвенции, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун, нашето жолто злато. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е се уште активен. Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и пет пожарникари. Пожарот е под контрола. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ...
Игор е сопственик на ЕКО ЗРНО, компанија за производство на ориз и брашно. Радува тоа што оваа компанија е и корисничка на средства од ИПАРД програмата, ЕКО ЗРНО е компанија со европски стандарди. – Факт е дека бележиме добра цена на оризовата арпа, која оваа година достигнува и до 40 денари по килограм. – Извозот, пак на ориз во 2023 година, достигна вредност од над 7 милиони евра девизен прилив. – Нашето македонско бело злато, оризот, го ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информира дека Владата ја даде согласноста за продолжување на првите договорите за закуп на земјоделско земјиште кои што договори истекоа изминатиот период. Пред неполн месец БЕВМЕ, СЕ ДОГОВОРИВМЕ И ПОТПИШАВМЕ ЗАЕДНО. ДЕНЕСКА ИСПОЛНИВМЕ!Земјоделците од Свети Николе почнаа да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште – информира Николовски. На ...
Просторот на домот за ученици Боро Менков во општина Крива Паланка, во еден дел станува Дом за стари лица во општината Крива Паланка. Над 34 милиони денари ќе бидат издвоени од Буџетот на МТСП за реконструкција и прилагодување на Ученичкиот Дом „Боро Менков“ во дом за стари лица. Општина Крива Паланка е една од општините со најмногу корисници на услугата помош и нега во домот. Услуга која ја користат 95 корисници, за кои се грижат 32 ...
Минатата година Јужна Америка загуби околу 2.000 квадратни километри прашума, што е еквивалентно на површината на Велс или трипати поголема од површината на американската држава Делавер. Јужна Америка изгуби 30 отсто од своите шуми од 2001 до 2023 година, но има причини за оптимизам, пишува лондонски „Економист“. Иако загубата од 2.000 квадратни километри е сериозна, тоа е намалување на сечењето на шумите за 24 проценти во споредба со 2022 ...
Во последното деноноќие имало девет пожари на отворено, од кои два пожара се уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите од ТППЕ Куманово во петокот од 14:05 до 15:25 часот биле на интервенција на пожар во атарот на село Виштица во Општина Липково. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и деградирана шума. Поради непристапноста на теренот екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интервенираат, по што било ...
Даваме фер шанса за секој и со конкретни мерки нудиме иднина на младите дома во својата држава, во Македонија. Уше од самиот почеток креиравме две нови мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за младите земјоделци, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. До сега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката преку двете мерки за поддршка. Од нив 576 со грант поддршка од 10.000 евра и 262 со грант ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик министерот Трајан Димковски денеска беа во посета на Делчево каде имаа средби со млади земјоделци корисници на меркиет на поддршка од овој ресор, како и со производители на градскиот пазар. По посетата на погонот за призводство на макарони во село Град, кој е отворен од страна на млади земјоделци повратници, Николовски изјави дека како Министерство се води искрена ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 1 207.9 милиони евра и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 744.7 милиони евра, што е за 1.1 % помалку во споредба со првите два месеца од 2023 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 536.8 ...
Поголеми плати за нашите сограѓани е еден од клучните елементи на економската политика и на ТИРЗ и на Владата, а бројките и резултатите покажуваат дека со вистинска економска политика тоа е остварливо, што го потврдуваат и меѓународни финансиски институции посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во Топ тема, на Телма телевизија. „Според официјални податоци од Меѓународен монетарен фонд во период од 2017 до 2023, значи за седум години, ...