На регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“ и денеска ќе има делумна блокада поради протест на граѓани. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с.Бели, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез ...

Остварив средба со жителите од с. Банско, струмичко каде што поразговаравме за актуелните проблеми со кои што се соочуваат. Раноградинарството во с. Банско е градено со генерации, и така треба да продолжи и во иднина. Оранжериите со зеленчук нема да бидат загрозени, ќе се изнајде решение како да се продолжат договорите за користење на струја за испумпување на вода од бушотините. Градинарите ќе можат да продолжат без грижа да одгледуваат ...

На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2024 ГОДИНА Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и за дополнителните субвенции за остварено производство на грозје. 1.11 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина ...

Цените се одмрзнаа. Мерката која гарантираше помалку пари за основните производи помина. Во најава нова мерка за празниците. Во Дневникот на МТВ во Тема на денот гостин беше Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори зборува за актуелните состојби во стопанството. -Цената на лебот нема да се покачи, до крајот на годината ќе има една сигурност и нема да се зголемат цените на основните продукти. Но војната во Украина и други ...

Пред почетокот на откупот на тутунот, ресорниот министер Цветан Трипуновски очекува „фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите“. Одговарајќи на новинарски прашања изјави дека е во комуникација со сите откупувачи на тутун кои се регистрирани во Министерството и дека се прават финални подготовки за стартот на откупот на 15 ноември. -Очекувам дека ќе имаме богат род и квалитетен тутун како и во минатото. Можеби ќе биде со намалена ...

Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци ќе ги промовираат нивните домашни производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што ќе се одржи денеска во паркот Авионче во Ново Лисиче. Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оваа манифестација ќе се промовираат домашните и традиционални производи. – Преку мерки во програмите, Министерството за ...

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски соопшти дека Северна Македонија и оваа година ќе биде дел од саемот Винска визија, саемот за вино, храна и туризам во рамките на Отворен Балкан. Трипуновски најави дека повеќе од 80 изложувачи, од мали семејни винарии до големи производители од Македонија ќе ги изложат своите најфини вина и деликатеси на овогодинешниот саем кој ќе се одржи од 22 до 24 ноември. „Ова е одлична можност да се промовира ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ. Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека ...

ЈП Стрежево продолжува со збогатување на риболовната вода и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци. Денес во присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев и инспектори од одделението за рибарство со аквакултура, согласно надлежностите во рамки на Законот за рибарство и аквакултура се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”, кое беше порибено со рибен подмладок од ...

Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни климатски цели и ако луѓето не ги променат своите навики, предупредува новиот извештај на ...

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот ...

Дождот и градот што на 2 јули годинава ги зафати Гевгелија и населените места Милетково, Миравци, Габрово и Петрово предизвикале штети во изнод од 38,5 милиони денари на 69.554 хектари со различни земјоделски култури и посеви. Проценката ја соопштија од Општина Гевгелија според елборатот што го подготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, а кој го усвои Советот на Општина Гевгелија. Штети од јулското ...

Започнува откупот на јапонското јаболко и очигледен е интересот на земјоделските производители околу пласманот и откупната цена но и на трговците кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи за извоз. До Агротим се обрати компанија која што се занимава со извоз на земјоделски производи и бара да откупи големи количества на јапонско јаболко – прва класа. Условите кои ги поставуваат се : Јапонско јаболко 80% прва класа без оштетувања. Во ...

Северна Македонија постојано ја истакнува својата политичка посветеност на стратешката цел за интеграција во ЕУ, како и нејзината амбиција да продолжи во процесот на пристапните преговори, се наведува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат, објавен денеска. – По првата Меѓувладина конференција за пристапните преговори на 19 јули 2022 година, скрининг сесиите за сите шест кластери беа завршени на ...

Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини закони, меѓу кои и повеќе закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во ...

Во последното деноноќие имало регистрирано 14 интервенции за пожари на отворено од коишто околу една третина биле за гаснење запален смет во или покрај урбани населби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалните центри за управување со кризи информираат дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка (АХВ) и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје денеска во Прилеп организираат трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари. Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои АХВ соработува во услови на криза. -На трибините ќе биде презентирана моменталната состојба со болеста во ...

АМСМ соопшти дека од 05:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в„Белска крстосница“, околу 50 граѓани со 20 возила одржуваат јавен протест кој ќе трае и во наредните неколку денови. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и с.Бели. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, односно за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69 денари за ...

Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација. Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.10.2024 до 25.10.2024 зема 161 примероци за физичко-хемиска и 161 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. ...

Жители на Кочани разно изутрината излегоа на целодневен протест и го блокираа патот кон Пониква на Осоговските Планини, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. На тој начин го изразуваат незадоволството од нерешавањето на проблемот со горењето на отпадот на депонијата, испуштањето густ чад и енормното загадување на воздухот што се чувствува и во градот. На блокадата кај крстосницата кон селото Бели присутните рекоа дека ...

Руколата (Eruca sativa L.) е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус, богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи, диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин C, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 μg (микрограми) на 100 г, лутеин и зеаксантин – 3.555 μg на 100 ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Најдобра реклама за тракторите „Солис“ се задоволните земјоделци кои овој месец се подновија со нов трактор од овој моќен бренд. Компанијата Хемометал им честита на изборот на нивните верни клиенти: Честитки до Борче Ковилоски – с.Вранче за одличниот избор на СОЛИС 90 Со здравје да се работи. Моќниот СОЛИС 110 оди кај нашите верни клиенти Фамилија Абди – с.Велушина Честитки и со здравје да се работи Месецов и Зија Ќулафовски – с.Велушина ...

Во Владата денеска беа потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот. – Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на ...

Времето наутро ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини, апреку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на ...

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.25
88%
1026
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
74%
1023
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1024
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
94%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1026
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57734

Злато

138408.99

Иридиум

145787.60

Сребро

2060.60

Родиум

255598.44

Цинк

3.13

Бакар

10.87

Платина

58054.69

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.87

Калај

41.30

Паладиум

50058.71