Неможноста да се заспие в кревет ноќе, може да биде „кошмар“… И за жал, несоницата е реалност за огромен број возрасни луѓе ширум светот. Понекогаш се работи за решавање на основните проблеми, на пр. изборот на најдобриот душек или перница за спиење, или затворање привремени грижи од секојдневието. Но, понекогаш ќе треба и поинаков трик. Стручњаците за спиење на порталот „Том’с гајд“ (Tom’s Guide) препорачуваат неколку благотворни методи и ...

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1.4 отсто. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0.5 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична ...

Имавме можност да поразговараме со младиот агроном Горан Балески, кој сподели детали за својата соработка со меѓународниот консултант Сердар Кајнар, агроном-експерт во областа на земјоделските технологии. Според Балески, оваа соработка е исклучително продуктивна и важна за иднината на земјоделството во регионот. „Искуството кое го стекнавме е навистина непроценливо. Иако калинката долго време се одгледува во нашиот регион, ние сѐ уште не бевме ...

Во кујната на Светлана Дивац од Пријепоље невозможното станува возможно, бидејќи со други зборови не може да се опише нејзиниот специјалитет кој самата го измислила. Се работи за слатко од лук. Сите што го пробале биле пријатно изненадени, но оваа вредна домаќинка не сакала целосно да ја открие тајната на правењето на овој необичен деликатес, пренесува Гласот на Западна Србија. „Прво го печам лукот, тој се претвора во каша, а потоа сето тоа оди ...

Зимата не може да се замисли без кисела зелка и не е ни чудо кога од неа се прават разни специјалитети кои се незаменливи на нашите трпези. Освен што е многу вкусна, киселата зелка е и исклучително здрава. Тaa е вистински извор на витамините Ц и К, кои идеално го зајакнуваат имунитетот во зимските денови. Се верува дека консумирањето само 100 грама кисела зелка дневно го намалува ризикот од настинка за два пати. Доколку сакате да ја направите ...

Гојко Мијалица од хрватскиот град Шибеник има посебен однос со лебедот Мали кој го следи насекаде и не сака да прави ништо ако Гојко не е покрај него. Невообичаеното пријателство започнало во мај годинава, кога лебедот сам дошол на неговата врата со скршени крилја барајќи помош. По операцијата, лебедот преноќил во амбуланта, по што Гојко го преземал и продолжил да се грижи за него. Поради отсекувањето на крилјата, лебедот не можел да се врати ...

Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минус два, а на Попова Шапка нула степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во Скопје е седум степени, а најтопло е во Гевгелија 12 степени. Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево и студено. Дуваше слаб до умерен северен и северозападен ветер. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Со калцификација се поправа, се подобрува земјиштето и се приближува до потребната рН вредност. Кога со хемиската анализа на контролата на плодноста на почвата се утврдува ниска Ph вредност, потребно е да се направи калцификацијата за да се подобри Ph и да се олесни навлегувањето на хранливи материи во почвата. Калцификацијата може да биде мелиоративна и дополнителна. Мелиоративната се применува кога главната причина за намалена плодност на ...

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во рамките на информативните услуги, односно информации за пристап до финансии, одржа инфо-сесија за информирање на членовите за претстојниот јавен повик од ИПАРД III програмата. Инфо-сесијата имаше за цел да ги информира и помогне компаниите-членки за можностите што ги нуди повикот за грант до 600.000 евра од ИПАРД, конкретно во рамките на популарната Мерка 7. Учесниците имаат можност да се ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,5 ...

Индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година е намалено за 3,6 отсто во споредба со јануари – август 2023 година. Според Државниот завод за статистика, индустриското производство бележи намалување и во август 2024 година во однос на август 2023 година, за 1,6 проценти. -Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18.4 %, во ...

Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96%, соопшти Народна банка. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., ...

Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден. Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ тунелот, во текот на денот, но и ноќе, се движи ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 септември зема 201 примерок за физичко-хемиска и 201 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие биле регистрирани неколку пожари на отворен простор. – Пожарникари од ТППЕ Битола вчера од 12:00 до 12:45 часот гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Смолево, општина Битола. Пожарникарите од ТППЕ Струмица од 18:15 до 19:58 часот гаснеле запалено спортско игралиште во село Борисово, општина Струмица. Од 16:15 до 17:50 часот пожарникари одТППЕ Гевгелија ...

Ако сте еден од среќниците чии домати не изгореа од високите температури или сушата, а на стеблата останале зелените плодови, постојат неколку начини како да го забрзате нивното созревање. Тие престануваат да растат и да напредуваат кога температурите ќе паднат на околу 10°C. Сепак, пред нас се се уште доволно сончеви и топли денови кои можат да им помогнат да дозреат. Еве 5 начини како да го направите тоа: -За да го забрзате овој процес, ...

Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...

Денеска се наоѓаме Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава. Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство. – изјави ...

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за ...

Плод од овошје кај кое не се применува заштита Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо. Тие се особено корисни во есен и зима затоа што ги подобруваат имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите. Јапонското јаболко можете да го јадете колку што сакате, но обидете се тоа да не е повеќе ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември – Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат. -Годинашното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и не насочува да размислуваме надвор од рамката, да ги уништиме бариерите што стојат на патот ...

Традиционално секоја година со манифестацијата Преспански Јаболкобер која е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна бербата на јаболката во Преспанскиот регион. -Ја имав честа да го откинам првото јаболко, со што официјално започна бербата на јаболка во Преспанскиот регион, напиша на ФБ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Претходно на средбата на министерот ...

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци. -Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните ...

Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат ...

Уште колку треба да чекаме за да сфатат и откупувачите и земјоделците дека само со Договорно производство и фер однос на двете страни ќе можат да опстанат и профитираат. Уште колку време да ги чекаме земјоделците да се здружат и заеднички да произведуваат и да не си прават сопки еден на друг оти така губат сите. Уште што треба да се случи и колку реколти да произведат без заработка само затоа што садат и сееат без претходно да знаат на кого ќе ...

Во првите шест месеци од оваа година вкупниот извоз на прехранбени производи во ЕУ достигна 116,4 милијарди евра, што претставува зголемување за 1,1 милијарди евра или еден отсто во однос на истиот период лани, покажува Извештајот на Европската комисија за извозот во земјоделско-прехранбениот сектор на Унијата објавен денеска. Според Извештајот, во посочениот период ЕУ остварила суфицит во надворешната трговија со храна од 33,7 милијарди евра, ...

Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот Мицковски и министерот Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и да се финализира процесот на прогласување на заштитените подрачја. Граѓанските организации го поздравија повлекувањето на Предлог законите за прогласување на Охридското Езеро за ...

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ...

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за по еден на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, нивото на Дојранското Езеро е 66 сантиметри под договорениот минимум, а на Преспанско Езеро е 20 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум. Водостојот, пак, на Охридско Езеро е 10 сантиметри ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
71%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
58%
1026
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
39%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
50%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1024
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
51%
1027
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Платина

59937.34

Рутениум

29192.88

Злато

138322.05

Родиум

255598.44

Сребро

2049.55

Цинк

3.03

Калај

41.29

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Алуминиум

2.88

Бакар

10.76