
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за употреба на сертифициран семенски материјал. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои во производната 2022/2023 година имаат засеани со сертифициран семенски материјал и ожнеани ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за дополнителните директни плаќања за употреба на сертифициран семенски материјал. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои во производната 2022/2023 година имаат засеани со сертифициран семенски материјал и ожнеани површини со пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка, освен за ориз без употреба на сертифициран ...
Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сѐ уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека вчера од БППЗ на градот Скопје, во 12.37 часот добиле информација дека пожарот пријавен во месноста Китка, кај селото Варвара, се наоѓа на особено непристапен терен, поради што не е возможно да интервенираат екипи. Од ЦУК известени се ЈП ...
Денешното работно попладне посветено на успешни корисници на мерките кои се спроведуваат преку програмите кои ги имплементира АФПЗРР. Најпрвин го посетивме Марјан Мишев од Караорман – одгледувач на житни култури и добитник на трактор од националната програма за рурален развој. Марјан е посветен на земјоделското производство и концесионер на земјоделско земјиште кому финансиската поддршка преку субвенции, грантови за механизација и картичката за ...
Овие седум години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделецот. Докажавме дека може поинаку и дека може подобро. Земјоделецот денес има доверба во институциите. Знае дека има фер шанси за секоја мерка која му се става на располагање, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес при посетата на земјоделците во општина Штип. „Затоа сме земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, ...
Земјоделецот Марјан Мишев од штипската приградска населба Стар Карорман има нов трактор со помош од државата. Тој од националната Програма доби 1.200.000 денари за да си купи трактор за обработка на неговата земја. Мишев е успешна приказна, а денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во техничката Влада го посети во Стар Карорман. Николовски истакна дека во изминатите години се давало шанса на секој ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара. – Конкретно, тие се во општина Кичево – кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар – кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума, се наведува во соопштението на ЦУК. МИА ...
Шумскиот пожар што вчера попладне се појави во атарот на селото Дебреше е активен и доколку има потреба ќе се делува со воздухоплови, информираат од Центарот за управување со кризи. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреше и Здуње е се уште активен, но со послаб интензитет. – Екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк Шар Планина се на терен. ...
На почетокот на идната недела ќе бидат зафатени проточните води од реките во кочанскиот регион, по што ќе започне полнењето на нивите пред почетокот на овогодишната сеидба на оризот. Од водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани истакнуваат дека состојбата со акумулациите од хидросистемот е исклучително поволна, дотокот на вода од речните притоки е стабилен што ќе овозможи навремен старт на сезоната за наводнување во целиот источен ...
Во последното деноноќие имало 16 пожари на отворено од кои шест се уште се евидентирани како активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалните центри за управување со кризи Охрид и Тетово бележат по два, а регионалните центри за управување со кризи Штип и Куманово по еден пожар. -Заради настапувањето на ноќта, а и заради локализирање при гаснењето, непристапен терен и немање опасност по луѓе, на крајот од денот вчера силите ...
Времето претпладне променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од ...
Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,1 отсто, ...
Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“. Како што информира утринава Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Регионалниот ЦУК Велес, зафатена е површина од нискостеблеста ...
Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви. Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија ...
Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот ...
Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година. Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, ...
Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години. Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство. Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто. Австралиските производители на вино со тоа беа ...
Во последното деноноќие регистрирани се два пожара на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера од 12.45 до 15.45 часот гаснале запалена депонија во валандовското село Јосифово. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе вчера од 13.25 до 17.35 часот гаснале запалена ниска вегетација во близина на село Преод во Општина Свети Николе. Како што информираат утрово од Центарот за управување со кризи, двете интервенции биле извршени со екипи од по ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кичево изврши увид во градежните активности од изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци. Изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци започна во месец мај минатата 2023 година. Преку овој систем се опфаќа наводнување до нови 160 хектари обработливо земјоделско земјиште, покрај Зајашка Река. „Изградбата на овој систем се одвива добро, ...
За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а за еден намален на Дојранското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за март и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,58 метри кај Дојранското Езеро. Нивото, пак, ...
Советот на ЕУ усвои Регулатива за подобрување на заштитата на географското потекло и на квалитетот на вината, алкохолните пијалаци и земјоделски производи, со која истовремено се поедноставува процедурата за регистрација на заштитените брендови. Според ЕУ, како што јави дописникот на МИА од Брисел, оваа Регулатива ќе донесе видливи придобивки за руралната економија и ќе го заштити гастрономското наследство на ЕУ ширум светот. Со законската ...
Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешното заседание на Специјалниот комитет за земјоделство го поддржаа предлогот на Европската комисија за измени на стандардите за Добри земјоделски и еколошки услови (ГАЕК), поврзани со одредени акти од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП). Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предлогот се однесува на прашања поврзани со имплементацијата на стратешките планови на Заедничката ...
Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина. Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците. -До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам ...
Источноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата. Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јави Би-би-си. Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија презеде сличен чекор. Зимбабве, исто така, соопшти дека голем дел од посевите во земјата се уништени. Светската програма за храна на Обединетите ...
Британските фармери синоќа во конвој со трактори се движеа од јужна Англија до Парламентот во Лондон за да протестираат против правилата донесени по Брегзит и трговските договори за кои тврдат дека им ја загрозуваат егзистенцијата и безбедноста на храната. Десетици трактори со членови на организациите „Да го зачувме британското земјоделство“ и „Бидете фер кон фармерите во Кент“ се движеа низ јужните предградија на Лондон на пат кон плоштадот на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска од пред Собранието на Република Северна Македонија, уште еднаш го повика претседателот на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, итно да закаже седница на комисијата за да се разгледаат и усвојат предложените измени на законот за земјоделско земјоделско земјиште. „Повеќе од еден месец претседателот на собраниската ...
Во изминатитет три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопшти ЦУК. Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13.12 до 14.48 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле опожарена ниска вегетација, ѓубре и дрво во ...
Во последното деноноќие имало вкупно 2.113 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ биле 50,69 отсто повици, а 49,31 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон Полиција биле упатени 68,69 отсто, кон Итната медицинска помош 24,6, а кон пожарникарите 4,15 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Имало и 1.050 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се ...
За два денари од полноќ поскапува Еуросупер БС-95, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста – 85,5 денари за литар. Непроменети остануваат и цените на дизелот кој ќе се продава по 76 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство по ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1856 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто реални повици биле 48,60 проценти, а 51,40 биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 65,79 проценти, кон Итната медицинска помош 25,19 проценти, а кон пожарникарите 4,89 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 961 повици за итни ...