Британскиот тешкаш Ентони Џошуа ја оствари една од најдраматичните победи во својата кариера. Откако во првата рунда се најде на работ на сензационален пораз и двапати заврши на подот, 36-годишниот боксер во втората рунда успеа со нокаут да го совлада албанскиот борец Кристијан Пренга на боксерската приредба во саудиска Џеда. За Џошуа ова беше прв настап по трагичната сообраќајна несреќа во Нигерија во декември минатата година, во која ...

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе. -Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во ...

Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинале на планината Елбрус во Русија, пренесува рускиот портал Lenta.ru. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината. Повикувајќи се на информации од рускиот Telegram-канал Shot, руските медиуми наведуваат дека преживеале само двајца членови на алпинистичката група. Еден маж успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...

Една жена загина, а 16 лица се повредени, од кои некои се во критична состојба, откако напаѓач со автомобил влета во толпа луѓе за време на Парадата на гордоста во Берлин. Полицијата соопшти дека го идентификувала осомничениот, кој ѝ е познат на полицијата и се поврзува со исламистичката сцена во германската престолнина. Според првичните информации, бел автомобил удрил во повеќе лица во берлинскиот парк Тиргартен, по што се забил во дрво. ...

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...

Фудбалскиот клуб Севиља уште еднаш го покажа своето големо срце со прекрасен хуманитарен гест. Шпанскиот гигант испрати вредна донација од дресови и тренинг-опрема за деца во Малави, со што им го разубави секојдневието и им донесе неизмерна радост. На официјалните канали на клубот беа објавени емотивни видеа кои покажуваат колку понекогаш е потребно малку за искрена детска среќа. На снимките може да се види како децата од оваа африканска ...

Пејачката Кејти Пери остро ја критикуваше Белата куќа поради користењето на нејзиниот хит „Firework“ од 2010 година во објава на платформата TikTok, која содржи снимки од воени напади врз Иран. Во видеото, објавено на официјалниот профил на Белата куќа на TikTok, стиховите од песната се усогласени со снимки од бомбашки експлозии, придружени со натписот: „Иран е предупреден“. „Длабоко сум згрозена и лута што гледам како песната Firework се ...

Властите во францускиот регион Жиронда донесоа одлука за дополнителни евакуации на населението поради големиот шумски пожар што се приближува до областа околу Бордо и кој прерасна во појава опишана како „огнена бура“. Директорот на Службата за вонредни состојби во Жиронда, Марк Вермелен, изјави дека пожарот, кој првично имал карактеристики на пирокумулус – облак што се создава поради екстремната топлина од пожарот – сега се развива во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на светската јавност откако оваа недела најави можен воен напад врз мистериозниот подземен комплекс „Пикакс“ во Иран. Трамп тврди дека Иран на оваа строго обезбедена локација крие центрифуги за збогатување ураниум. „Многу е веројатно дека наскоро ќе ја нападнеме таа област. И тие не можат ништо да направат во врска со тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. ...

Канаѓанка со кинеско потекло е уапсена во Белгија под сомнение за шпионажа во корист на трета земја и членство во криминална организација. Осомничената работела како приправничка во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE), военото седиште на НАТО сместено во белгискиот град Монс. Безбедносните служби на SHAPE забележале сомнителни активности и ја известиле белгиската разузнавачка служба. Полицијата во Шарлроа извршила претрес ...

Пред петнаесет години, на 23 јули 2011 година, почина познатата британска пејачка Ејми Вајнхаус. Се чини таа беше единствена во сè – имаше волшебен глас и уникатен стил, но пороците ја одведоа во прерана смрт… Ејми Џејд Вајнхаус е родена на 14 септември 1983 година, како второ дете на Џенис и Мичел. Нејзиниот татко Мич беше страстен љубител на џез-музиката. Кога наполни четири години, родителите ја запишаа во основно училиште. Во слободното ...

Грчката полиција денеска во Глифада, елитно крајбрежно предградие на Атина, уапси 30-годишен маж кај кого беше пронајдена рачна бомба. Се сомнева дека со неа тој имал намера да го нападне домот на поранешен обвинител на Врховниот суд. Апсењето е извршено по полициска операција на Управата за борба против организираниот криминал, а лицето кај кое е пронајдена бомбата подолго време било под надзор, бидејќи властите имале индиции дека тој ...

Звучи неверојатно, но веројатно е вистинито – Лионел Меси потекнува од Бразил. Додека фудбалскиот свет сè уште ги собира впечатоците по бурното Светско првенство, вниманието на јавноста во јужноамериканските и европските медиуми го привлече една необична и интригантна вест за потеклото на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Според истражувањето на италијанскиот историчар и генеалог – Фјоренцо Сантини, кој го проучува семејното ...

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е можно поради ставот на украинските власти, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, за прекин на борбите и враќање на преговорите од Истанбул од 2022 година. „Замрзнувањето како такво не е можно“, рече Песков, пренесува РИА Новости. Според него, условите за прекин на непријателствата се, како што наведе, јасни ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум пожари се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде гори сува трева и во ...

Командантот на полицијата на палестинската организација Хамас во Појасот Газа, генерал Абдел Насер Ал Макадма, е убиен денес во израелски воздушен напад. Во друг воздушен напад, палестински здравствен работник е убиен во бегалскиот камп Нусејрат. Палестински полицаец кој беше ранет во израелски напад минатата недела, исто така, почина денес, објавува Ројтерс. Хамас тврди дека целта на израелските напади врз полицијата е да сее хаос и ...

Угледниот „Атлетик“ и нивниот главен фудбалски новинар, Дејвид Орнштајн, објавија информации што би можеле да го разбранува фудбалскиот пазар – Арсенал размислува да го доведе Винисиус Жуниор во Лондон! 🚨 EXCL: Arsenal exploring move to sign Vinicius Junior from Real Madrid. #AFC interest early stage + clubs not yet in talks but idea approved at all levels. Much rests on contract process as no breakthrough yet & #RMFC do not want free ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Европа е солидарна со Франција и Шпанија, кои се соочуваат со катастрофални шумски пожари, и најави дека европските земји им испраќаат помош. Во Шпанија и Франција, повеќе од 250.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што беснеат во тие две земји, пренесува агенцијата АП. Во Франција, евакуации беа спроведени во делови од југозападните региони Жиронд и ...

Бројот на загинати во нападот на украинските вооружени сили врз туристичкиот центар во Кириловка, во регионот Запорожје, се искачи на 11, вклучително и четири деца, соопшти регионалниот гувернер Евгениј Балицки. Според него, во нападот се повредени 16 лица, додека по уште осум лица сè уште се трага. Спасувачките екипи продолжуваат со работа на местото на настанот. „Сите повредени, во зависност од тежината на повредите, се сместени во ...

Во електро влечната потстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информираат од МЖ Инфраструктура. При кражбата, како што посочуваат, биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било ...

Претпладнево околу 11:00 часот, мал авион се урна врз станбена куќа во Гандеркезе, во сојузната покраина Долна Саксонија. Полицијата потврди дека едно лице загина, се претпоставува дека тоа е пилотот на авионот. Во моментот на несреќата, станарите не беа во куќата, пишува „Билд“. Сино-белото летало претходно изгуби висина, а потоа под агол се урна низ ќерамидите директно во поткровјето. Пилотската кабина беше целосно уништена, крилата ...

Претседателот на унгарската опозициска партија Фидес – Виктор Орбан, денес изјави дека промената на надворешнополитичкиот курс на земјата и откажувањето од неутралноста кон војната во Украина биле погрешни потези и дека Унгарија не треба да биде дел од „воената коалиција“. „Се откажаа од неутралноста и ја вклучија Унгарија во проукраинската, антируска европска воена коалиција. Ова е многу сериозна работа. Со тоа, во случај на ескалација на ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од ...

МВР информира дека синоќа во 23:10 часот на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј“ со ул. „Ристе Секирчанец“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.К.(44) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреа возило „шевролет“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К., при што беше констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му се измерени 2,40 промили алкохол во ...

Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Официјална потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информации од повеќе извори, договорени се сите детали од четиригодишниот договор. Светскиот шампион со Италија од 2006 година и европски вицешампион од 2012 година ќе ја предводи репрезентацијата со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада. Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата“, поради што, како што наведува, не треба ...

МВР информира дека рано утринава во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на ...

МВР информира дека вчера во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во Агенција за вработување, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил ...

МВР информира дека вчера наутро околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. МВР информира дека вчера наутро околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76