Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се утврдува бројот на вооружени сили на Руската Федерација на 2.426.130 единици, вклучувајќи 1.535.000 војници. Указот го менува претседателскиот указ од 12 јуни 2026 година, со кој беше утврден претходниот број на персонал. Новиот број ќе биде воведен од 1 август 2026 година во врска со создавањето на воено-градежни единици во вооружените сили. На 12 јуни, Путин објави дека групирањето ...
Американските напади врз Иран се привремено суспендирани за да им се даде уште една шанса на преговорите, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека би можел да нареди воена акција доколку дипломатските напори не успеат. Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека тековните преговори имаат за цел да постигнат нов договор што ќе го отвори Ормутскиот теснец и ќе ги обнови разговорите за сеопфатен договор за ...
Израелските медиуми денес објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долетал во Вашингтон под прилично необични околности, од кои многу наводно се резултат на засилени безбедносни мерки поради потенцијален ирански напад. Нетанјаху полета од воздухопловната база Неватим во Негев, со задоцнување од повеќе од два часа, објави „Тајмс оф Израел“. Според Канал 12, преместувањето во воена база од безбедносни причини се должи на ...
Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ, во саботата ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), државјанин на Македонија, поради основано сомнение дека еден ден пред тоа извршила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорсиот портал „Вијести“. Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 72 часа и до Основниот суд во Улцињ поднесе ...
Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...
Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Хосеин Мохеби, изјави дека Иран ќе „нанесе голем удар на Израел“ доколку земјата продолжи со непријателствата. Според него, Израел, со охрабрување од американскиот претседател и, како што изјави, со „давање лажни информации“, се обидува да ги задржи САД во регионот и да ги постигне своите цели користејќи ги американските капацитети. – Ако Израел повторно се врати во војна, ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека западните земји донеле неколку одлуки кои не го почитуваат меѓународното право и, како што рече, „го пуштиле џинот од шишето“, а во врска со тоа потсети на настаните во Југославија и поделбите на српскиот народ. „Западот донесе одлуки кои беа целосно некомпатибилни со Повелбата на Обединетите нации. Тие едноставно го пуштиле џинот од шишето. Сетете се на настаните во Југославија. Сега нема ...
Руското Министерство за надворешни работи објави дека иницијативите на Кишињев насочени кон прекинување на врските со Москва ќе добијат соодветен, но не нужно симетричен одговор. „Што друго ќе се обидат да спроведат молдавските власти, по наредба на нивните западни ментори, останува да се види. Едно е јасно – сите овие мерки се насочени кон прекинување на меѓусебно корисните врски со нашата земја. Исто така е очигледно дека сите тие ќе ...
Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи – Тетово e пријавено дека кај нив со тешки повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град. – Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што ...
Горивата повторно поскапуваат. Дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар, од полноќ вечерва. Како што рековме. Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување. Овојпат се надмина себеси. По најавата – не еднаш, туку двапати се случи поскапување на горивата, велат од СДСМ. – Граѓаните веќе имаат страв од „мерките“ на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, не само горивото. Економијата е во ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...
Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет, велат од Левица. – Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и СДСМ, не ...
Со благослов од Бигорскиот манастир, денеска коњаницата „Патот на Црешовото топче“ го продолжи патот кон Крушево. Традиционално, во пресрет на големиот национален и црковен празник Илинден, денеска во Бигорската свештена обител повторно одекна коњскиот топот на родољубивата коњаница „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче“. -Продолжувајќи го повеќегодишното предание на благодарствено сеќавање на илинденските херои, триесетина коњаници ...
Околу 100 дрвја се уништени во невремето со силен ветер што минатата недела го зафати Куманово. Од ЈП „Чистота и зеленило“ информираат дека околу триесетина дрвја се уништени во Стариот градски парк, кај Спомен-костурницата и долж градскиот кеј. Од комуналното претпријатие најавија дека на нивно место ќе засадат нови садници од сопствениот расадник. – Дрвјата се уништени од силниот ветер кој го зафати Куманово минатата недела. Планираме да ...
Со 15 минутно чекање за влез од македонска страна, и 30 минути застој за влез во соседна Грција продолжува да се одвива сообраќајот на граничниот премин во Дојран, по завршувањето на денешниот најавен штрајк на грчките цариници, соопштија од ГП „Дојран“. Оттаму велат дека штрајкот во најавениот период од пет до девет часот наутро, по македонско време, не создал проблеми во сообраќајот, бидејќи граѓаните кои биле навремено информирани, го ...
Полицијата во Врање, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град, го уапси Т. П. (39), македонски државјанин, кој е осомничен дека со измама одзел пари и накит од две жени во Врање, соопшти денес Полициската управа во Врање. Т.П. е осомничен дека на пред два дена отишол во куќата на 87-годишна жена во Врање и од неа зел голема сума пари, како и дека зел пари и златен накит од друга, 69-годишна жена. Измамникот се ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. – Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала ...
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“. Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на екстрахираните податоци од мобилните телефони ...
Најмалку три лица се повредени во напад со нож во Париз денес, а осомничен маж е уапсен кратко потоа, објави „Ле Фигаро“, повикувајќи се на полициски извори. Тројцата повредени лица се однесени во болница, но нивните животи не се во опасност, дознава „БФМ“ од повеќе извори. 🔴 FLASH – Paris (75) — « C’est Allah qui me l’a "ordonné"…» 👉 Attaque au couteau Porte de Clichy contre trois femmes au hasard dans la rue. L'assaillant a été ...
Министерот за локална самоуправа и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, реагираше по вандализмот врз просториите каде што функционира Културно-уметничкото друштво „Српски вез“, каде, како што наведува, фолклор изучуваат повеќе од 200 деца. „Ксенофобијата со примеси на шовинизам, константно присутна во јавноста, особено изразена во последните две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратена со ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
Руски официјални лица најавуваат дека Москва ќе побара отштета од европските земји за војната во Украина, како и враќање на околу 300 милијарди долари (263 милијарди евра) руски имот замрзнат на Запад. Алексеј Чепа, прв заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на руската Државна дума, изјави за руските медиуми дека Европа треба да плати поради, како што тврди, нејзиниот придонес во конфликтот. „Ќе бараме отштета од Европа и ...
Деветтото издание на Beach Film Festival – Охрид беше затворено синоќа на плажата Славија, во амбиент што повторно го потврди она по што овој фестивал стана препознатлив – филмот доживеан под отворено небо, со езерото како природна сценографија. Завршната вечер ја отвори краткиот филм „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски, кој публиката ја врати кон изворите на филмскиот јазик, проследен со краткиот „Ordinary Hero“ на Јован Цветкоски. ...
– Со проекција на македонскиот етнографски филм „Приказна за Русалиите“ од авторот Силвестер Проле, во Битола заврши јубилејното петто издание на интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ) „Илинденски денови“. Годинава на адреса на организаторот пристигнаа над 1.800 документарни филмови, а селекторот Тони Гламчевски за проекција избра 42 етнографски филмови. -Оваа година ИЕФФ имаше програма што нуди перспектива и што ги менува ...
СДСМ бара Владата веднаш да ги објави резултатите од анализите врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да се користи како техничка вода. Од партијата реагираат дека наместо министерот за здравство, за состојбата денеска информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој најави дека водата може да се користи за хигиенски потреби, но без објавување на конкретни лабораториски резултати. „Тошковски се повикува на ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
Емилија Аневска од скопски „Водовод“ информираше дека во изминатите денови се земени шест примероци од крајни потрошувачи во Гостивар, при што во сите примероци три дена по ред не е регистрирано присуство на колиформни бактерии. Таа појасни дека поради извршеното хлорирање со повисока концентрација, анализите не покажале ниту присуство на трихалометани над дозволените граници. Резултатите се доставени до Кризниот штаб и до Агенцијата за ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид ...
Гостивар од денес има техничка вода за користење, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но нагласи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна. По повеќекратните испитувања на примероците од водоснабдителниот систем, анализите покажале дека водата може да се користи за хигиенски и останати домаќински потреби, како капење и чистење. Nадлежните апелираат граѓаните да продолжат да ја ...