Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на светската јавност откако оваа недела најави можен воен напад врз мистериозниот подземен комплекс „Пикакс“ во Иран. Трамп тврди дека Иран на оваа строго обезбедена локација крие центрифуги за збогатување ураниум. „Многу е веројатно дека наскоро ќе ја нападнеме таа област. И тие не можат ништо да направат во врска со тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека Вашингтон во моментов води „добри разговори“ со Иран, наведувајќи дека постои можност за постигнување договор меѓу двете земји. Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, на пат кон Мичиген, дека има „многу време“ за решавање на прашањата поврзани со Иран. „Постои голема шанса нешто да се случи“, рече Трамп како одговор на прашање за можен договор со Техеран. ...