Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. ...

Неколку лица се повредени во земјотрес со јачина од 7,1 степен што ја погоди јапонската префектура Кумамото, соопшти локалната противпожарна служба во понеделник. Железничките услуги, вклучително и линиите на брзиот воз Шинкансен, беа прекинати во регионот Кјушу по земјотресот, соопшти железницата Кјушу, објави Кјодо. Кјушу соопшти дека не се пронајдени абнормалности во нуклеарните централи Генкаи во префектурата Сага и Сендаи во ...

Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 7,1 степени ја погоди јужна префектура Кумамото, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). JMA издаде предупредување за цунами по земјотресот, предупредувајќи за бранови високи до еден метар. WATCH: 7.1 magnitude earthquake hits Japan.pic.twitter.com/OSjIn242V1 — Open Source Intel (@Osint613) July 28, 2026 Јапонската влада, исто така, издаде предупредувања за вонредни земјотреси за ...

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. – Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет (637) и за ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија од Царинската управа на Република Македонија. https://www.youtube.com/shorts/cgrm2yfUhxA – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидл да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ...

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. – Фактите се јасни. ...

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%. Додека беше во опозиција, поскапувањето беше ...

Видео објавено во Иран, кое оттогаш е широко споделувано на социјалните мрежи, предизвика реакции бидејќи прикажува хипотетички сценарија за тоа како првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, би можела да биде убиена. Снимката, која ѝ се припишува на иранската новинска агенција Тасним, содржи референци за нејзините движења, сугестии за можни напади, па дури и директни закани кон нејзиниот син, Барон Трамп. Според ...

Македонскиот државјанин Андреј Танасковски беше уапсен во Никшиќ во акција на црногорската полиција, која го бараше за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, изјавија за „Вијести“ неколку извори од црногорската полиција. Според истите информации, Танасковски е уапсен во изнајмен стан во тамошната населба Видрован, а покрај него, полицијата му ставила лисици и на Н. Марковиќ, жител на Никшиќ, за кого веруваат дека му ...

Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода, велат од СДСМ. – Не Орце со дрон да ја ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...

Иако војувањето со беспилотни летала постои веќе долго време, широката употреба на борбени беспилотни летала за еднократна употреба експоненцијално порасна од почетокот на руско-украинската војна. Безброј беспилотни летала прелетале преку границите за да уништат клучни цели од двете страни, и ако има нешто заедничко за сите, тоа е дека е тешко да се одбранат од нив. Ова се должи на неколку фактори, но главно на големиот број беспилотни ...

Во голем пожар во метрото во Барселона повреди се 137 лица. Густ чад го зафати просторот помеѓу станиците Глориес и Клот, предизвикувајќи паника кај патниците. Un incendi a la catenària de la L1 del metro de Barcelona entre les estacions de Clot i Glòries ha obligat a desallotjar aquest dilluns a la tarda aquestes dues estacions, i també la de Rodalies del Clot. Els Bombers de Barcelona s'han desplaçat a la zona per la presència de fum,… ...

Голем шумски пожар во регионот Жиронда во Франција се пресели на 15 км од Бордо, додека властите во Франција и Шпанија евакуираат стотици илјади луѓе додека пожарот беснее. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека градот се подготвува за сите сценарија и за сместување на повеќе луѓе доколку бидат наредени дополнителни евакуации. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Ниез, ја опиша моменталната состојба во Жиронда како ...

Македонскиот државјанин Андреј Танасковски беше уапсен во Никшиќ во акција на црногорската полиција, која го бараше за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, изјавија за „Вијести“ неколку извори од црногорската полиција. Според истите информации, Танасковски е уапсен во изнајмен стан во тамошната населба Видрован, а покрај него, полицијата му ставила лисици и на Н. Марковиќ, жител на Никшиќ, за кого веруваат дека му ...

Европската Унија би можела да се откаже од усвојувањето на големи пакети санкции против Русија поради зголемените тешкотии во постигнувањето договор меѓу земјите-членки, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на европски претставници. Според весникот, Брисел разгледува нов пристап кон политиката на рестриктивни мерки, откако усвојувањето на 21-от пакет санкции беше одложено поради ставот на Грција, која се спротивстави на воведувањето ...

Европа работи на развој на сопствени механизми за нуклеарно одвраќање бидејќи почна да се сомнева во сигурноста на американскиот „нуклеарен чадор“, изјави Генадиј Гатилов, постојан претставник на Русија во ОН во Женева. – Европејците, сомневајќи се во сигурноста на американскиот нуклеарен чадор, сега веќе работат на создавање свои механизми за одвраќање, изјави Гатилов за РИА Новости. Тој оцени дека овие напори не се само „на хартија“, ...

Во пукотница на фестивал на храна во Сиетл загинаа три лица, а најмалку четири други се повредени, вклучувајќи и едно момче, соопштија официјални лица. Пукањето се случи недалеку од иконскиот градски „Спејс Нидл“, објави Си-Ен-Ен. Властите претходно соопштија дека две лица се убиени, а пет се ранети, но полицијата оттогаш соопшти дека починало трето лице. Двегодишно момче е исто така рането, објави Би-Би-Си. Полицијата во Сиетл привела еден ...

Полскиот претседател Карол Навроцки бил свесен за испораките на американските ракети „Патриот“ во Украина, и покрај неговите јавни изјави дека не бил свесен за овие испораки, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш во интервју за порталот „Виртуелна Полска“. Косињак-Камиш рече дека нема да дозволи ширење невистини или „политички претставувања“ за прашања за кои Министерството за одбрана вложува напори целосно да го ...

Руските сили се приближуваат кон воспоставување целосна контрола врз Донбас, а ова лето може да биде последна шанса за сериозен дијалог меѓу Москва и Киев, вели британскиот аналитичар Александар Меркурис. Меркурис во анализа објавена на неговиот YouTube канал наведува дека клучните настани на фронтот сега се случуваат во Донбас и дека руските единици, според неговата проценка, се многу блиску до пробивање на преостанатите украински ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес го осуди нападот на Украина врз ирански брод во Каспиското Море, наведувајќи дека Иран нема да молчи за овој нелегален чин, објави новинската агенција ИРНА. Багеи на прес-конференција изјави дека нападот е чин спротивен на Повелбата на Обединетите нации и опасен авантуризам. Министерството за надворешни работи на Иран претходно изјави дека нападот, кој се случил ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека вооружените сили на САД се соочуваат со недостиг од муниција поради воените операции поврзани со Иран, нагласувајќи дека американската армија располага со повеќе оружје и муниција отколку што ѝ е потребно. „Имаме далеку повеќе муниција од која било друга земја во светот и многу повеќе отколку што ни е потребно“, изјави Трамп во интервју за „Волстрит џурнал“. Во меѓувреме, на ...

Во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, полицијата заплени повеќе од 2,6 тони кокаин со проценета улична вредност од 500 милиони евра (570 милиони долари), соопшти во понеделник италијанската гранична и царинска полиција. Дрогата е пронајдена на ултрабрз океански брод со цврст труп што шверцерите обично го користат за преземање на нелегални пратки фрлени на море од големи бродови што доаѓаат од Јужна Америка, соопшти ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави снимка од апсењето на жител на Хабаровск осомничен за шпионажа за разузнавачката служба на Нов Зеланд, при што кај него се пронајдени околу 100.000 долари во готово. Според ФСБ, уапсениот Русин лично контактирал со Службата за безбедност и со разузнавачката служба на Нов Зеланд, која е дел од разузнавачката алијанса „Пет очи“, во која се вклучени и САД, Велика Британија, Канада и ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и началникот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, изразија загриженост за можна ескалација на војната со Иран за време на состанокот на кој американскиот претседател Доналд Трамп разговараше за опцијата, потврдија неименувани, добро информирани извори од Белата куќа. Во петокот вечерта, САД очигледно ја прекинаа својата кампања за бомбардирање против Иран по речиси две недели последователни ноќни ...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска побара од надлежните институции итно да го расветлат случајот со вандализирањето на просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. -Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово. Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на ...

Официјално известување од ЈКП „Гази Баба 2007“: Водата во населено место Булачани не смее да се користи за пиење. Примерокот отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење. Се претпоставува дека е последица на обилните поројни дождови. До дополнителни резултати – забрана за пиење останува на сила. Ова е веќе осми случај, велат од СДСМ. – Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан ...

Израелските медиуми денес објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долетал во Вашингтон под прилично необични околности, од кои многу наводно се резултат на засилени безбедносни мерки поради потенцијален ирански напад. Нетанјаху полета од воздухопловната база Неватим во Негев, со задоцнување од повеќе од два часа, објави „Тајмс оф Израел“. Според Канал 12, преместувањето во воена база од безбедносни причини се должи на ...

Лидерката на најголемата опозициска партија во Исланд, Партијата за независност, Гидрун Хафштајндотир, денес ги повика европските политичари да не се мешаат во референдумот во земјата за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ, кој треба да се одржи следниот месец. Таа за „Политико“ од Брисел изјави дека е исклучително важно одлуката во август да му се остави на исландскиот народ и дека прашањето се допира до суштината на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Калај

46.54