Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Филаделфија 76ерс. Џејмс ќе потпише двегодишен договор вреден осум милиони долари, со опција за продолжување на соработката. Последните осум сезони ги мина во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Џејмс, кој во декември ќе наполни 42 години, минатата сезона го прекина својот рекорден низ од 21 година во Ол-НБА тимовите, откако одигра само 60 натпревари ...

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен. Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП ...

Сериозен скандал ја потресе Полициската управа Пожешко-славонска во Хрватска, откако во јавноста се појавија информации дека неколку полициски службеници наводно во повеќе наврати имале сексуални односи со иста жена, и тоа за време на работното време и во службено полициско возило. Според хрватските медиуми, случајот бил откриен сосема случајно, за време на истрага поврзана со пријава за семејно насилство. При полицискиот увид, бил одземен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е во „режим на одмазда“ против Иран и верува дека единствениот начин да се достигне неговото лидерство е преку воена сила, соопштија сојузниците, додека американската војска започна 13-ти ден по ред напади. Висок функционер на администрацијата изјави за Волстрит џурнал дека американскиот претседател губи трпение и гледа малку добри опции пред себе освен продолжување на нападите. Функционери и луѓе ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска кажа дека изјавите на новиот врховен командант на украинската армија, Михаил Драпатиј, за граѓаните на Донбас се монструозни. Песков додаде дека тој и луѓето слични на него нема да им дозволат на претставниците на режимот во Киев да дојдат до мирно решение. „Што се однесува до Драпатиј, таа изјава е монструозна. Пред сè, таа покажува дека тој е нацист. Потоа, покажува дека тој и луѓето слични на ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски напад со балистички проектил, при што била погодена изложба на оружје. Советникот на украинскиот претседател, Серхиј „Флеш“ Бескрестнов, за Kyiv Independent изјави дека настанот се одржувал на полигон во близина на Киев, покрај автопатот Житомир, и дека меѓу присутните има загинати и повредени. Подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави ...

Иранскиот генерал Аболфазл Шекарчи рече дека Вашингтон ги користел сите капацитети, секое оружје и секоја прогноза што ја имал на залиха за третата светска војна за да се справи со Иран. Овие изјави дојдоа еден ден пред американската војска да ја заврши својата 13-та ноќ од последователни напади врз Иран. „Секое оружје што е тестирано во светот, но никогаш не е користено во ниедна војна, е користено против Исламската Република Иран. Секое ...

Во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ управувано од К.Ц.(33) од Косово и возило „фолксваген голф“ управувано од С.Ј.(61) од Косово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, С.Ј.(54) и Е.Ј.(20), додека со телесни повреди сопатниците од возилото „фолксваген ...

Најмалку десет лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во рускиот балистички ракетен напад што погоди изложба на оружје. Претседателскиот советник Сергеј „Флеш“ Бескрестнов изјави за „Киев Индепендент“ дека настанот се одржува на полигон за обука во близина на Киев, по должината на автопатот Житомир, и дека имало „мртви и повредени“ учесници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна објави на социјалните мрежи дека најмалку ...

Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, преку објава на социјалните мрежи реагираше на критиките од претседателот на Левица, Димитар Апасиев, наведувајќи дека прекинот во работата на Поштата бил предизвикан од последиците од силното невреме, а не од нефункционалност на институцијата. Куртиши потврди дека Поштата три дена не работела поради технички проблеми настанати по невремето, но информира дека од денеска работењето е целосно ...

Полицијата до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „вонбрачен живот со дете“. Во 2025 па се до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три ...

Полицијата до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „вонбрачен живот со дете“. Во 2025 па се до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако ...

Претседателот на иранскиот парламент и главен ирански преговарач Мохамед Багер Калибаф денес изјави дека стратегијата на САД, за која рече дека имала за цел да го ослаби капацитетот на Техеран да го контролира Ормутскиот теснец, им се вратила како бумеранг на САД. „Тие сакаа да го казнат Иран. Наместо тоа, се казнија себеси со троцифрена цена на нафтата. Стратегија – чиста 10“, напиша Калибаф на платформата X. Цената на суровата нафта Брент, ...

Двајца ирански функционери изјавија за „Њујорк Тајмс“ дека следната фаза од ескалацијата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран би можела да вклучува ирански напад врз Тел Авив. Според функционерите, доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги оствари своите закани за напад врз Техеран и иранската инфраструктура, Исламската Република ќе возврати со напад врз Тел Авив, но исто така ќе побара од јеменските Хути да воведат поморска ...

Претседателот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, генерал Џон Кејн, изјави дека не ја смета Русија за пријател на Америка, оценувајќи дека односите меѓу Вашингтон и Москва остануваат сложени. Кејн го изјави ова за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Сенатот, на кое се разгледуваше барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за дополнително финансирање за Пентагон во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги користи замрзнатите ирански средства за да ги надомести штетите врз бродовите и товарот во Персискиот Залив и околните области. „Барам оваа изјава да важи до понатамошно известување: Од овој момент па натаму, секоја штета врз бродовите, товарот или што било поврзано со нив ќе биде платена со ирански пари што се во посед и контрола на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на ...

Речиси цела Грузија вечерва остана без електрична енергија поради дефект што предизвика прекин на електричната енергија во целата земја, објави Грузиската електрична мрежа (GSE). Во соопштението се наведува дека се работи на отстранување на дефектот и дека снабдувањето со електрична енергија постепено ќе се обнови за сите потрошувачи што е можно поскоро, објавува веб-страницата на грузискиот јавен сервис. Како што е објавено, снабдувањето со ...

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, кој постојано ја критикуваше војната на Русија во Украина и постапките на Израел во Појасот Газа, се соочува со противење од Москва и Тел Авив за нов четиригодишен мандат пред гласањето кое би можело да биде спорно утре, соопштија денес дипломатски извори. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предложи Турк да остане на функцијата до октомври 2030 година, откако неговиот прв ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 5 до 9 часот по македонско време (6 – 10 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 ...

Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје, ...

Иран го отфрли предлогот за прекин на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп го испрати до Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди, изјавија неименувани ирански и американски претставници, според денешниот „Њујорк тајмс“. Неуспешниот обид за посредување дојде откако Доналд Трамп се закани дека ќе го ескалира конфликтот и ќе ја нападне клучната иранска инфраструктура. Функционерите изјавија дека посетата на премиерот Али ...

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на ...

Владата повторно го употребува турското етничко малцинство како украс во пренатрупаната кадровска витрина, додека Турците повторно се сведуваат на статист во претставата во која “нивните“ функционери ги земаат аплаузите, функциите и парите. Мицкоски им понуди министер без ресор како функционер без министерство и причина за постоење, а тие, како да им останало единствено сетилото за мирис на парите, заслепени исклучиво од личниот лукративен ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа ...

Собранието, денеска, со 67 гласа „за“ и 13 „против“, за министер без ресор во Владата го избра Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спаосвски, не затоа што е против кандидатот, туку затоа што сметаат дека нема да се ...

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење. Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека секоја дивоградба, не само оние во Охрид, треба да бидат законски и соодветно отстранети. Тој е уверен, како што истакна денеска на прес-конференција, дека ваквиот став за дивоградбите го делат и останатите членови на Владата. – Тука има конкретни предмети што треба еден по еден да се решаваат и тоа се прашања што се надлежност споделена до некоја мера и помеѓу централната и помеѓу ...

Бакарот станува еден од најдефицитарните минерали во светот, предупредува Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во извештајот „Global Critical Minerals Outlook 2026“. Според анализата, нови наоѓалишта сè потешко се откриваат, а квалитетот на бакарната руда постојано опаѓа. Во последните три децении просечната содржина на бакар во рудниците е намалена за околу 40 проценти. Дополнителен предизвик е што само 5 проценти од сите откриени ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75