Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по вонредна координација со координаторите на пратеничките групи, го повлече од дневниот ред на 119. седница Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој требаше да се разгледува по скратена постапка. При утврдувањето на дневниот ред, Гаши не ја стави точката на гласање, ниту образложи зошто е повлечена, што предизвика реакции од пратениците на ...

Продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, соопштија од Министерството за здравство. Според податоците од здравствените установи, во текот на вчерашниот ден (28 јули 2026 година) биле евидентирани вкупно 71 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани 49 нови ...

СДСМ побара итно повлекување на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се отвора простор за трошење на јавни средства без примена на Законот за јавни набавки. На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека иако законот денеска бил повлечен од предложениот дневен ред на Собранието, тој останува во собраниска процедура и може повторно ...

Премиерот Христијан Мицкоски побара Јавното обвинителство да отвори постапка за проверка на, како што рече, околу 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година, тврдејќи дека тогашните надлежни институции не презеле ништо за заштита на здравјето на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Мицкоски ги обвини поранешните власти дека ги игнорирале ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. – Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Тој со камион – влекач со приколка, со ...

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Бесник Џемаили е избран за заменик претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци. Изборот на заменик претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ. – Мандатот на актуелната заменичка претседателка на ДКСК Софија Спасова Медарска завршува на 18 ...

На денешната прес-конференција, Клековски информираше дека се потврдени три нови случаи на вектор-преносливи болести, два на Инфективна клиника и еден на неврологија кој има само една потврда. Министерот објасни дека се прават различни тестови за случаите, нагласувајќи дека веднаш се прават епидемиолошки анкети. – Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести која заседава по ова прашање е дека ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. – Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...

Многу компании сè уште сметаат дека промената на снабдувач со електрична енергија е сложена постапка која може да предизвика прекин во работењето. Во реалноста, процесот е едноставен, брз и целосно административен, а придобивките можат значително да ги намалат трошоците за електрична енергија. При промената на снабдувачот нема прекин во снабдувањето со струја, нема технички интервенции, нема промена на броилото и нема никакви измени на ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава против три лица осомничени за „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“. Пријавени се А.Т. (27) од Битола, С.Ч. (56) од Гостивар и С.Е. (63) од Скопје. При претреси кај второ и третопријавениот, полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предупреди дека реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ мора да биде проследена со целосна транспарентност, отчетност и контрола при трошењето на јавните средства. Од ДКСК посочуваат дека секое законско решение со кое се предвидува ограничување или исклучување на примената на системските закони, особено Законот за јавните набавки, мора да биде јасно и ...

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија поднесе обвинение против основачот на Телеграм, Павел Дуров, и издаде меѓународна потерница по него. Тој е обвинет за олеснување на терористички активности, објави новинската агенција Интерфакс во среда, објави Ројтерс. Според руските државни медиуми во март, ФСБ тврди дека повеќе од 153.000 кривични дела се извршени преку Телеграм од почетокот на војната во Украина. Меѓу нив, велат тие, има ...

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието веднаш да ја запре постапката за донесување на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој е поднесен по скратена постапка од група пратеници. Според Платформата, предложеното законско решение отвора сериозни ризици од корупција, бидејќи предвидува Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје ...

– Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. – Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, а од администрацијата средбите ги оценија како „позитивни и продуктивни“. Двајцата лидери престојуваа во Вашингтон по повод погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам, долгогодишен поддржувач на Израел и еден од најгласните застапници за американската воена помош за Украина, ...

Патнички крузер со вкупно 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салчија, поради исклучително нискиот водостој. Бугарската гранична полиција започна евакуација на 186 патници од бродот „Viking Ullur“, кој плови под швајцарско знаме, додека на пловилото останаа 52 членови на екипажот. Според бугарското Министерство за внатрешни работи, крузерот требало да пристигне во пристаништето Видин за снабдување, но поради ...

Големиот шумски пожар што избувна вчера попладне на грчкиот остров Парос и натаму е надвор од контрола, а утрово грчките власти распоредија дополнителни копнени и воздушни сили во обид да го локализираат огнот, јавува грчката новинска агенција АНА. Властите стравуваат дека засилениот ветер може дополнително да го отежне гаснењето и да придонесе за ширење на пожарот. Досега се евакуирани девет населени места, откако преку системот за итни ...

Израелската армија во текот на ноќна операција на југот на Сирија за малку ќе нападнела група лица, откако првично ги помешала со сириски милитанти. Нападот бил прекинат кога војниците забележале дека станува збор за религиозни Евреи – израелски доселеници кои се враќале од сириска територија. Инцидентот, за кој прв објави израелскиот јавен сервис, а потоа го потврди и армијата за „Асошиејтед прес“, го сврте вниманието кон крајнодесничарски ...

Најмалку 13 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер што го погоди подрачјето во близина на градот Кумамото во Јапонија, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани затрупани под урнатините. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека операцијата за спасување е „трка со времето“ и дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за извлекување на што е можно повеќе луѓе. „Сè уште има луѓе ...

Американски претседател Доналд Трамп ги затвори очите неколку пати за време на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам во Вашингтон, што доведе до тврдења на социјалните мрежи дека задремал. Снимките од Националната катедрала го покажуваат 80-годишниот Трамп како седи во првиот ред, повремено спуштајќи ја главата и држејќи ги очите затворени подолги периоди. Не е можно со сигурност да се утврди дали спиел, но сликите предизвикаа ...

Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека осумте досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија не треба да се толкуваат како доказ дека вирусот предизвикува тешка болест кај сите заразени. Тој објаснува дека сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем, но посочува дека оваа бројка не ја покажува вистинската слика за ширењето на инфекцијата. „Осум ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...

Околу 200.000 луѓе потпишале договор за служење во војската во првите шест месеци од 2026 година, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Во првите шест месеци од оваа година, околу 200.000 луѓе потпишаа договор за служба во армијата. Покрај тоа, повеќе од 16.000 наши граѓани се приклучија кон доброволнички формации и заминаа во зоната на специјалните воени операции“, рече Медведев на седницата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската локација „Пикекс“ не претставува голем проблем и оти на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не му е потребно да му пренесува разузнавачки податоци за таа тема. Трамп изјави дека го спасил Израел со запирањето на иранската нуклеарна програма, велејќи: „Да не бев претседател денес, Израел немаше да постои“. Американскиот претседател исто така го изрази своето незадоволство ...

Зинедин Зидан денеска беше официјално претставен како нов селектор на француската репрезентација, со што го започна својот мандат на клупата на „Триколорите“ во Париз, како наследник на Дидие Дешамп. Легендарниот француски стручњак потпиша четиригодишен договор со Француската фудбалска федерација, а за време на претставувањето откри дека со години ја чекал можноста да ја преземе репрезентацијата. Претседателот на Федерацијата, Филип Диало, ...

Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Осомничениот е уапсен „по опсежна истрага“ за дела сторени меѓу 19 и 24 јули. По апсењето бил задржан во полициски притвор, а потоа изведен пред истражен судија. Против него е ...

Марк Кукуреља, еден од хероите на шпанската репрезентација на патот до светската титула, одигра одличен турнир на позицијата дефанзивец и стана миленик на навивачите ширум светот. Покрај препознатливата фризура, тој ја освои публиката и со танцот за време на прославата во Мадрид, а сега го исполни и лудото ветување дадено на Светското првенство. Las promesas se cumplen ✌️🙈 pic.twitter.com/29m67fM0xA — Marc Cucurella (@cucurella3) July 28, ...

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид оствари рекордни приходи од 1,221 милијарда евра во сезоната 2025/26, иако не освои ниту еден трофеј. „Оперативните приходи, исклучувајќи ги оние од трансфери на играчи, достигнаа 1,221 милијарда евра, што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со претходната финансиска година“, се наведува во соопштението на клубот. Со тоа, Реал Мадрид за првпат ја надмина границата од 1,2 милијарди евра приход – ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75