Норвешката фудбалска федерација (НФФ) во вторник објави дека побарала од етичкиот комитет на ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на светската фудбалска управа. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му ја додели на Трамп првата награда за мир за време на ждрепката за Светското првенство. Подоцна, групата за човекови права „ФерСквер“ поднесе жалба до етичкиот комитет на ФИФА, ...

Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балка, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината ...

Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување ...

Во текот на ноќта, руската армија изврши напади врз компании од воената индустрија во пет украински региони и во Киевската и Запорошката област, објави руското Министерство за одбрана. Се вели дека нападите биле насочени и кон транспортната инфраструктура, вклучувајќи ги и воените аеродроми. Министерството ги опиша нападите како масовна одмазда за, како што тврдат, терористички напад врз студентски дом во таканаречената Луганска Народна ...

Важен чекор кон визијата на Binance за повеќенаменска финансиска супер-апликација за инвестирање, тргување и финансии на блокчејн Binance ја претстави можноста за тргување со американски акции, со што на квалификуваните корисници им овозможува пристап до повеќе од 7.000 акции и фондови што се тргуваат на берза, листирани на американскиот пазар. Овој потег ја одразува увереноста на Binance дека финансиската вклученост значително се зголемува ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле ...

Важен чекор кон визијата на Binance за повеќенаменска финансиска супер-апликација за инвестирање, тргување и финансии на блокчејн Binance ја претстави можноста за тргување со американски акции, со што на квалификуваните корисници им овозможува пристап до повеќе од 7.000 акции и фондови што се тргуваат на берза, листирани на американскиот пазар. Овој потег ја одразува увереноста на Binance дека финансиската вклученост значително се зголемува ...

Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Но, во исто време јасно велиме дека проширувањето како процес мора да биде фер, предвидлив и заснован на истите правила коишто важат за сите кандидати, рече словачкиот претседател Петер Пелегрини на денешната прес-конференција по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова која е во официјална посета на ...

Авионот со кој требаше македонската фудбалска репрезентација денеска да се врати од Труција, поради технички проблеми по дваесетина минути лет се врати на аеродромот во Истанбул. На експедицијата и било соопштено дека поради технички проблеми, се враќаат во турскиот град. Авионот без пролеми слета назад и репрезентативците и целата делегација ја чекаат разврската на аеродромот Сабиха Ѓокчен. Чартерот требаше да слета во Скоје окоу 13 часот ...

Во Општина Карпош денеска свечено беше пуштен во употреба нов пливачки базен, а на настанот покрај премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваше и заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. На отворањето не беше присутен градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неговото отсуство, премиерот Мицкоски изјави ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека земјава повторно е рангирана во групата држави со сериозни прекршувања на работничките права во најновиот Извештај за глобалните права на работниците за 2026 година на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC). Според ССМ, Македонија е сместена во четвртата категорија од вкупно пет, која се однесува на земји со систематско прекршување на работничките права. Од синдикатот тврдат ...

Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата. – Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше најавата на опозицискиот СДСМ за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи дека иницијативата доаѓа од луѓе кои, според него, додека биле на власт ги менувале законите за да се заштитат од одговорност. „Кога неодамна го слушнав ова, мислев дека е нешто што го прочитав во рубриката ‘Верувале или не’. Затоа се воздржав од коментар и почекав да помине некое време, но гледам дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да ги испрати американските ракетни системи „Патриот“ по разорниот руски напад низ целата земја. Најмалку 14 лица беа убиени, десетици повредени, а многумина беа заробени под урнатините во бранот ноќни напади врз пет украински градови. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансираше 73 ракети, вклучувајќи осум хиперсонични ракети „Циркон“, и 656 беспилотни летала во ...

Украинската премиерка Јулија Свириденко објави потресни детали за жртвите од синоќешниот руски воздушен напад. Меѓу убиените е и тригодишно момче чие тело беше извлечено од урнатините на целосно уништена станбена зграда од страна на спасувачите. A young victim of Russia's overnight attack on Dnipro was a 3-year-old boy. Rescuers recovered his body from beneath the rubble of a four-story apartment building destroyed by a Russian strike. A ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на разговорите, премиерот порача дека Владата нема да отстапи од ставот за уставните измени без јасни гаранции дека земјата нема да се соочи со нови условувања во процесот на евроинтеграција. „Немам намера како претседател на Владата да поддржам авантура без извесен ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на разговорите, премиерот порача дека Владата нема да отстапи од ставот за уставните измени без јасни гаранции дека земјата нема да се соочи со нови условувања во процесот на евроинтеграција. „Немам намера како претседател на Владата да поддржам авантура без извесен ...

Се очекува Ел Нињо да се развие во наредните месеци, зголемувајќи го ризикот од екстремни временски настани низ целиот свет и дополнително засилувајќи ги ефектите од глобалното затоплување, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Агенцијата на ОН вели дека постои 80 проценти веројатност Ел Нињо да се развие помеѓу јуни и август, додека веројатноста дека ќе трае барем до ноември е близу или над 90 проценти. СМО објаснува дека ...

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нивниот масовен напад врз Украина во текот на ноќта бил одговор на „терористичките напади“ врз цели во Русија, тврдејќи дека погодиле голем број украински воени цели. Украинските власти соопштија дека руски беспилотни летала и ракети го погодиле украинскиот главен град Киев и други градови рано во вторник, при што загинаа најмалку 11 лица и биле повредени повеќе од 100, по денови ...

После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот, велат од Левица. – Стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се надева дека договореното примирје меѓу Израел и Хезболах ќе биде долгорочно. Тој во објава на социјалната мрежа Truth Social изјави дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи од него да не започнува голема воена операција во Бејрут. – Ги врати своите војници. Ти благодарам! Разговарав и со претставници на лидерите на Хезболах и тие се согласија да престанат да ...

Силен земјотрес го погоди брегот на италијанскиот регион Калабрија во 0:12 часот наутро и беше почувствуван дури до Неапол, објави новинската агенција ANSA. Епицентарот на земјотресот беше во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) ја процени јачината на земјотресот на 6,1 на длабочина од 250 километри, додека Геолошкиот завод на САД ...

Лидерката на данските социјалдемократи, Мете Фредериксен, објави дека се согласила да формира коалициска влада од левиот центар, задржувајќи ја својата моќ во услови на криза во односите со американскиот претседател Доналд Трамп околу иднината на Гренланд. Спогодбата за формирање малцински кабинет ѝ дава на Фредериксен трет последовен мандат како премиер, со што завршуваат месеците неизвесност по изборите во март на кои 12 партии освоија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради ескалацијата на конфликтот во Либан за време на телефонскиот разговор во неделата, изјавија за „Аксиос“ двајца американски функционери и друг извор запознаен со разговорот. Според нив, Трамп го нарекол Нетанјаху „луд“ и го обвинил дека е неблагодарен. Во исто време, тој го спречил планот на Израел да го нападне Бејрут. Разговорот се случил откако ...

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина синоќа. Многу градови, првенствено Киев, беа погодени од ракети и беспилотни летала. Според официјални лица, најмалку девет лица беа убиени, а 89 повредени низ целата земја. Украинската престолнина беше најтешко погодена од руските сили, објавува „Киев Индепендент“. Првата експлозија во украинската престолнина се слушна околу 1:30 часот по локално време, непосредно пред воздушниот напад, ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...

Македонските фудбалски репрезентативци со четири гола во мрежата се враќаат од Истанбул, по поразот од 4-0 во пријателскиот меч со Турција. Домашните фудбалери, иако во некомплетен состав, немаа никаков проблем со избраниците на Гоце Седлоски – ја наметнаа својата игра и заслужено стигнаа до висока победа како загревање за настапот на Мундијалот 2026. Се играше втората минута кога по центаршут од десната страна, Оркун Кокчу прецизно биеше за ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.62
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
45%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.9
35%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.41
37%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.53
26%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.15
43%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.33
39%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1019
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
8.14
94%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84