Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека вооружените сили на земјата вршат напади „во самоодбрана“, на локации кои САД „можат да ги користат за напад врз цивилни бродови и за кршење на примирјето“. „Секој непријателски чин ќе биде пречекан со итен и одлучен одговор. Она што санкциите и војната не успеаја да го постигнат, нема да се добие со нова војна“, напиша Арагчи во објава на Х. Арагчи во објавата сподели и ...
Потрагата по тренер во Баер Леверкузен сè уште е во тек, а според германски Билд, еден од кандидатите што се понудил бил Алваро Арбелоа, но клубот наводно го одбил. Според Билд, поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, контактирал со челниците на Леверкузен со намера да го преземе тимот и да го направи следниот чекор во својата кариера, но спортскиот директор Симон Ролфес и извршниот директор Фернандо Каро одлучиле дека тој ...
Познатиот спортски новинар и кошаркарски коментатор – Един Авдиќ почина од срцев удар на 47-годишна возраст. Заштитното лице на спортот под обрачите, голем познавач на кошарката и човек на неисцрпна инспирација за сите што го следеа, почина од срцев удар во Белград. Дипломираше новинарство на Факултетот за политички науки во главниот град на Босна и Херцеговина, а пред кариерата како новинар, активно се занимаваше со кошарка во младинските ...
Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио денес изјави пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом дека Доналд Трамп лично ќе учествува на претстојниот самит на шефовите на држави на НАТО, кој ќе се одржи во Турција следниот месец. Оваа најава доаѓа во време на исклучително затегнати односи меѓу Трамп и Организацијата на Северноатлантскиот сојуз, кои беа дополнително продлабочени со американското започнување војна во ...
Италијанската престолнина денес беше погодена од силна бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим. Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува АНСА. Покрај Рим, кој беше погоден од торнадото, многу други делови од ...
„Досегашните сомневања ни налагаат да побараме притвор, иако е најстрога мерка, но е оправдано пропорционална. Обвинителството размислува и за одлука за гаранции. Истрагата продолжува. Во овој момент се плашиме и од бегство на осомничените, но и од влијание кон постапката. Се надеваме дека судот ќе ги прифати нашите барања за ефективен притвор, понудивме аргументи. Основаното сомневање се однесува засега на овие лица“ изјави доцна попладнево ...
Посетителите на Октоберфест и оваа година ќе го пречека поскапено пиво. За литарска кригла во фестивалските шатори ќе треба да платат до 15,90 евра, што е во просек за 2,38 проценти повеќе од минатата година, објавија вчера властите во Минхен. Цената на литар пиво оваа година ќе се движи од 14,80 до 15,90 евра. Минатата година, литарска кригла чинеше помеѓу 14,50 и 15,80 евра. Безалкохолните пијалаци исто така ќе бидат поскапи. Литар вода ќе ...
Нови детали од вербалната препирка меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху протекоа во јавноста откако американскиот претседател отворено призна во подкастот „Pod Force One“ дека во телефонски разговор упатил низа пцовки кон израелскиот премиер. Трамп ја потврди автентичноста на претходните медиумски извештаи и детално го опиша моментот пред микрофонот во кој му рече на Нетанјаху дека е „луд“ поради континуираните воени напади врз Либан кои ...
За нас, за Грција, стабилноста и просперитетот на Балканот претставуваат витален национален интерес. Сето она што го зајакнува еден од нас, кога во рамките на вистинска соработка, сметаме дека го зајакнува и целиот регион, бидејќи безбедноста на Балканот е и европско прашање, посочи министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас на 19. Балканскиот Самит на началниците на Генералштабовите. На почетокот на Балканскиот самит се обрати министерот ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да ...
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, шокантно елиминирана од Ролан Гарос. Иако имаше сет во четвртфиналето против Дајан Шнајдер и водство од 4:1 во вториот сет, на крајот беше поразена во неверојатен пресврт. На крајот, Шнајдер победи со 3:6, 7:5, 6:0. Сабаленка се сметаше за главен фаворит за освојување на својата прва титула во Париз, особено по претходните испаѓања на бранителката на титулата Коко Гоф, четирикратната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека засилените напади на Украина врз цели во Русија му овозможуваат на Киев да преговара на рамноправна основа со Русија за крајот на војната. Зеленски, на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Киев, рече дека е само прашање на време дали Украина ќе го зголеми опсегот на ваквите напади, објави Ројтерс. Тој додаде дека шест земји ја потврдиле својата ...
Вероника Чујан (29) беше убиена вчера за време на рускиот воздушен напад врз Киев. Млада жена е убиена додека трчала кон засолниште, очајно обидувајќи се да ги однесе своите деца на безбедно, објавија украинските медиуми. 🕯️ A massive Russian overnight missile strike on Kyiv on June 2 claimed the life of Veronika Chuyan, a young mother of two. A Russian missile hit directly near Veronika while she was running to a shelter with her sons, ...
Авионот на израелската компанија Исреир, кој требаше да слета во Љубљана, не доби дозвола за слетување и беше пренасочен кон Загреб, објавиja денеска од Исреир. Според компанијата, одлуката ја донеле словенечките власти, а Израел тврди дека била политички мотивирана. Извршниот директор на Исреир, Ури Сиркис, изјави дека овој потег ги крши договорите и прописите за воздухопловство на Европската Унија, пишува „Џерусалем пост“. Надлежните ...
Од денеска родителите и децата од Кавадарци и Вардарскиот регион ќе може да се обратат за бесплатна поддршка и советување во канцеларијата на СОС Детско село во Кавадарци. Свеченото отворање на просториите е дел од проектот „Право на семејство II -Подобрување на пристапноста, достапноста и квалитетот на згрижувањето и услугите во заедницата во Албанија, Ерменија, Белорусија, Северна Македонија и Украина“, кој има за цел да придонесе кон ...
Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...
Секоја од 48-те репрезентации има право на 26 играчи, од кои тројца се голмани. Интересно е да се знае кои клубови имаат најмногу претставници на најголемото Светско првенство во историјата. До одреден степен, како што се очекуваше, англискиот тим Манчестер Сити има најмногу претставници, 19, што е нов рекорд. Сити има четири претставници од Англија и три од Португалија, по двајца од Хрватска и Холандија, и по еден Норвежанец, Шпанец, ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, а на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении според нив и ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на постапката ...
Нашиот став е јасен и непроменет и нема цена која што може мене како претседател на Владата да ме натера да влезам во таква авантура, а во која што нема да има извесен крај, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со вчерашната посета на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта и ставот дека мора да се донесат уставни измени за да почнат преговорите за влез во ЕУ. Мицкоски беше дециден дека за овие 26 ...
Поранешен градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, неколку вработени во таа институција, како и едно лице кое било своевиден посредник во олеснување на одредени незаконски активности се опфатени во акцијата на Финаниската полиција насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на ...
Вчера во посета на државата беше Антонио Кошта, претседателот на Европскиот Совет и јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина,нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа ...
Бројот на жртви од рускиот напад врз градот Днепар се искачи на 11, вклучувајќи две деца, изјави вчера началникот на Воената администрација на Днепар, Олександр Ханжа. Во Киев пак загинаа пет лица, а 64 беа ранети, според информациите објавени на Телеграм од градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. 37 цивили беа повредени во Днепар. Руските сили извршија масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи беспилотни летала, како и ракети од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се обиде во Берлин да го убеди унгарскиот премиер Петер Маѓар за важноста од продолжување на поддршката за Украина, но Будимпешта повтори дека нема да испраќа војници или оружје во Киев. Кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору оцени дека разговорот меѓу двајцата лидери бил непријатен, тврдејќи дека Мерц упорно се обидувал да му ги претстави на Унгарецот предностите од поддршката на ...
ИРГК соопшти дека извршила напади врз непријателски брод, седиштето на Петтата флота на САД во Бахреин и регионална американска воздухопловна база, велејќи дека акцијата е спроведена како одговор на, како што наведува, два американски напади врз ирански објекти. Според соопштението на ИРГК, настаните започнале кога ирански танкер за нафта бил погоден од воздушна ракета во близина на Ормутскиот теснец, оштетувајќи ја машинската просторија на ...
Украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници денес објави дека нивниот проект „Сакам да најдам“ примил повеќе од 200.084 апликации од руски семејства кои се обидуваат да ги пронајдат руските војници кои исчезнале за време на борбите во Украина. Координативниот штаб во објава на Телеграм соопшти дека оваа бројка е значително помала од вистинскиот број на исчезнати руски војници, бидејќи не секој во Русија знае за украинската ...
Истиот американски пилот на борбен авион Ф-15Е беше соборен двапати за време на конфликтот меѓу САД и Иран – во март во пријателски оган во Кувајт и во април кога неговиот авион беше соборен од иранските сили, изјавија сегашни и поранешни претставници на американските воздухопловни сили. Официјални лица изјавија за „The High Side“ дека пилотот на Ф-15Е „Strike Eagle“ што беше соборен над Иран на 3 април, исто така летал со еден од трите ...
Иранскиот остров Кешм, некогаш мирна зона за слободна трговија и туристички рај познат по својот геопарк заштитен од УНЕСКО, е трансформиран во воена тврдина на фронтовската линија. Со површина од околу 1.445 квадратни километри, Кешм е најголемиот остров во Персискиот Залив и го контролира влезот во Ормутскиот теснец, најважниот морски премин за светскиот енергетски транспорт. Поради својата единствена географска локација и силно утврдена ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Б. во својство на службено лице – директор на Царинската управа, С.М. во својство на службено лице – помошник директор во Царинската управа, Д.Г. во својство на овластено лице во правно лице, А.С. во својство на вработено лице во правно лице и против едно правно лице, поради постоење основи на ...
Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...