Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...
Украинската 412. бригада „Немезис“, која е дел од Силите за беспилотни системи, објави нови детали за мистериозниот дрон од среден дострел „Мориган“, што го користи за напади врз клучни руски логистички правци длабоко зад фронтот во јужна Украина. Бригадата објави снимки од подготовката и лансирањето на леталото, кое го опишува како свое „тајно оружје“ наменето за дејствување зад непријателските линии. Според објавените информации, „Мориган“ ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2 782.3 милиони евра и бележи пораст од 6.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3 950.2 милиони евра, што е зголемување од 5.9 % во споредба со 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, обвини дека Владата и премиерот Христијан Мицкоски ја претставуваат економската состојба преку „селективно толкување на статистичките податоци“, посочувајќи дека растот на БДП не се одразува врз животниот стандард на граѓаните. На прес-конференција, Битиќи рече дека владините тврдења за висок економски раст не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните. „Премиерот прво ја прогласи ...
Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел, кој е поддржан од САД. Таа милитантна група, како што наведуваат во соопштението за медиумите, официјално го информирала либанскиот претседател Џозеф Аун за нивната одлука. Тие инсистираат дека „секој прифатлив договор мора да започне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“. Како клучни услови за иден договор, тие наведуваат „враќање на раселеното население, ...
Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради прво ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај скоро сите земји членки, освен кај една, изјави ...
Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6-тата меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните ...
Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и неправилности. Според конечниот ...
МВР поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово, осомничени за трговија со дете преку организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднела пријава против Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. (35), С.Ј. (35) и И.А. (38) поради основано сомнение за сторено ...
Припадникот на српските вооружени сили, вишиот водник Милован Јовановиќ, почина од повредите здобиени при ракетен напад врз база на Обединетите нации во Либан, каде што е распореден дел од српскиот контингент во мировната мисија, објави РТС. Според соопштението на Министерството за одбрана на Србија, Јовановиќ бил тешко ранет при ударот. Првично му била укажана медицинска помош во болницата во базата, по што со хеликоптер бил пренесен во ...
Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и неправилности. Според конечниот ...
Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 06 до 09 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар – Карпош. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, фестивалот претставува простор каде ...
Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...
Движењето ЗНАМ оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува потврда дека Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и остварува конкретни резултати во процесот на европска интеграција. Од партијата наведуваат дека пораките од посетата покажуваат оти реформските напори на државата се препознаени и вреднувани од европските институции. „Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување на атомскиот арсенал на земјата за време на посетата на нов погон за производство на нуклеарен материјал, објави државната медиумска агенција КЦНА. Ким рече дека производствениот капацитет за материјал за нуклеарно оружје достигнал повеќе од двојно од претходното ниво во последните пет години и им нареди на службениците дополнително да го зголемат производството за ...
Црногорските граѓани наводно имаат тешкотии при преминувањето на границата со Србија откако повеќе од 80 српски државјани беа протерани од аеродромот во Тиват поради, како што е наведено, загрозување на националната безбедност. Според информациите што ги објави црногорскиот „Вијести“, повикувајќи се на неколку извори од безбедносниот сектор, до 19:30 часот, ниту еден црногорски државјанин наводно не преминал во Србија преку граничните ...
Израел и Либан издадоа заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за деескалација на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија брзо да продолжат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе преземат единствена контрола врз ...
Српската безбедносно-информативна агенција (БИА) го советуваше српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора за самитот на ЕУ во Тиват поради „висок безбедносен ризик“. БИА официјално го советуваше шефот на државата да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврден висок безбедносен ризик“, објавија вчера вечерта. Објавата дојде откако црногорските власти им забранија влез во земјата на граѓаните на Србија кои пристигнаа во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...
Претставничкиот дом на САД усвои резолуција предложена од демократите со која ќе се наложи повлекување на американските сили од војната против Иран сè додека Конгресот не одобри понатамошни воени дејствија, што е политички удар за Доналд Трамп, кој ги воведе САД во конфликтот на 28 февруари. Претставничкиот дом гласаше со 215 гласови „за“ и 208 „против“, а четворица републиканци гласаа против резолуцијата. „Конгресот му наложува на ...
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по ...
Осумнаесет животни, птици и инсекти се избрани за да се појават на идните банкноти на Банката на Англија, а јавноста сега може да гласа за тоа кои видови ќе бидат прикажани на новите апоени. Кандидатите, меѓу другите, вклучуваат атлантски пуфкан, шумски був, голем клукајдрвец и белоопашест орел, додека категоријата цицачи вклучува див зајак, европски еж, сива фока, златна куна и црвена лисица, објави Би-Би-Си. Селекцијата вклучува и ...
Тројца припадници на Британската кралска морнарица загинаа во хеликоптерска несреќа за време на вежба во Девон, објави денес Би-Би-Си. Кралската морнарица соопшти дека е започната истрага. Портпарол на Кралската морнарица потврди дека тројца припадници на Кралската морнарица загинале за време на хеликоптерската вежба, нагласувајќи дека семејствата на припадниците на службата биле известени и побарале грејс период пред да бидат објавени ...
Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава. Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под ...
Нападите со беспилотни летала на Украина длабоко на руска територија предизвикуваат „паника“ во Кремљ, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас наведувајќи дека Москва го напаѓа Киев со зголемен број напади. Украинските беспилотни летала денеска нападнаа енергетски и воени објекти во Санкт Петербург, додека официјални лица се собраа на главната економска конференција на рускиот претседател Владимир Путин во градот. – Ова јасно ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека вооружените сили на земјата вршат напади „во самоодбрана“, на локации кои САД „можат да ги користат за напад врз цивилни бродови и за кршење на примирјето“. „Секој непријателски чин ќе биде пречекан со итен и одлучен одговор. Она што санкциите и војната не успеаја да го постигнат, нема да се добие со нова војна“, напиша Арагчи во објава на Х. Арагчи во објавата сподели и ...
Потрагата по тренер во Баер Леверкузен сè уште е во тек, а според германски Билд, еден од кандидатите што се понудил бил Алваро Арбелоа, но клубот наводно го одбил. Според Билд, поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, контактирал со челниците на Леверкузен со намера да го преземе тимот и да го направи следниот чекор во својата кариера, но спортскиот директор Симон Ролфес и извршниот директор Фернандо Каро одлучиле дека тој ...
Познатиот спортски новинар и кошаркарски коментатор – Един Авдиќ почина од срцев удар на 47-годишна возраст. Заштитното лице на спортот под обрачите, голем познавач на кошарката и човек на неисцрпна инспирација за сите што го следеа, почина од срцев удар во Белград. Дипломираше новинарство на Факултетот за политички науки во главниот град на Босна и Херцеговина, а пред кариерата како новинар, активно се занимаваше со кошарка во младинските ...
Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио денес изјави пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом дека Доналд Трамп лично ќе учествува на претстојниот самит на шефовите на држави на НАТО, кој ќе се одржи во Турција следниот месец. Оваа најава доаѓа во време на исклучително затегнати односи меѓу Трамп и Организацијата на Северноатлантскиот сојуз, кои беа дополнително продлабочени со американското започнување војна во ...