Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Историски договор, Netflix се согласи да го преземе студиото и стриминг-бизнисот на Warner Bros за рекордни 72 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Овој потег се очекува да го трансформира Холивуд и забавната индустрија. Стриминг-гигантот го објави своето намерение да стане нов сопственик на Warner Bros, откако понуди по 27,75 долари по акција на матичната компанија Warner Bros Discovery. Хит серијата на Netflix „Adolescence“ ќе се ...
Судското рочиште против 54-годишниот Стојанче Зарков, обвинет за убиството на неговата 84-годишна мајка на 8 август годинава, започна, но веднаш беше одложено. Причината е новиот доказ доставен од обвинителството – вештачење на ножот на кој, според наодите, биле пронајдени траги од крв и од жртвата и од обвинетиот. Обвинителката од Основното јавно обвинителство Штип, Тања Кацарова, го приложи вештачкиот наод како дополнителен доказ. Бранителот и ...
Новата стратегија за национална безбедност на САД, објавена во исто време додека претседателот Доналд Трамп се обидува да протурка нов мировен план за Украина, претставува драматична промена во надворешната политика на САД и предизвикува нервоза во европските престолнини. Документот од 33 страници, цитиран од „Фајненшл тајмс“, ги обвинува европските влади дека придонесуваат за цивилизацискиот пад на континентот и дека го блокираат мирот во ...
Македонската економија забележала реален раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,8% во третиот квартал од 2025 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека земјата се наоѓа на трето место по раст на БДП во Европа, веднаш зад Ирска и Данска. „Растот од 3,8% претставува дополнително забрзување на ...
Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје информира дека се укинуваат повеќе возови од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година. Причината е реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково. „Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – ...
Добра вест за граѓаните и пазарот на горива: бензинските пумпи на „Лукоил“ ќе продолжат да работат во земјите каде што компанијата е присутна, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Тој нагласи дека и покрај воведените меѓународни санкции, во изминатиот месец во Македонија немало никакви проблеми во работењето на „Лукоил Македонија“. „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива целосно ...
Со приближувањето на продолжениот викенд, илјадници граѓани од Македонија се подготвуваат за патување кон Грција, особено кон Солун, кој веќе е украсен во новогодишно руво, а божиќниот базар привлече голем број посетители. Сепак, овие планови се соочуваат со пречки поради новиот бран блокади на грчките земјоделци. Земјоделците од северна Грција повторно ги блокираа клучните гранични премини, меѓу кои и Евзони – Богородица, што директно ја засега ...
Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, пришто привремено се задржани: -27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон. -Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е пронајден во багажникот на автомобил при влез во државата ...
Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга на Коридор 10 со кои се обврзуваме да воспоставиме брз транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот на Министерскиот совет. Тој најави дека на иницијатива на Австрија ќе се потпише и Договор за доизградба на Коридор 8. “Она што ...
Проектот за дигитализација на сообраќајните казни, кој МВР го најави како револуција, се соочува со сериозен правен предизвик. Група граѓани поднесоа обемна претставка до Уставниот суд и кривична пријава до Јавното обвинителство против министерот Панче Тошковски, тврдејќи дека новиот систем за казнување преку СМС е неуставен, технички небезбеден и дискриминирачки. Според подносителите, начинот на кој „Safe City“ (Безбеден град) функционира во ...
Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници, како директен придонес за обновување на шумските површини зафатени од катастрофалните пожари кои летово го ...
Од утре, во Дајмонд мол ќе завладее новогодишниот дух. Волшебното одбројување до Новата година ќе започне со продавницата на Дедо Мраз, каде најмладите ќе можат да си најдат подароци, новогодишни пакетчиња и најразлични новогодишни производи, а за оние кои сакаат да сонуваат, има и виртуелно патување до Северниот пол, домот на најсрдечната личност, која носи радост во детските срца – Дедо Мраз. Во текот на викендите, празничната атмосфера ќе ...
Македонија загуби спор пред Европскиот суд за човекови права. Државата, односно претпријатијата, се задолжени да го исплатат долгот кон приватни компании. Тие се обратиле пред Судот откако и по добиени пресуди во домашните судови, не можат ниту преку извршители да ги наплатат средствата што им следуваат. Наводно, бил заобиколуван Законот за извршување на санкции, но Судот во Стразбур со пресуда од ноември годинава наложи државата да си го ...
На 04.12.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ...
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ј.С.(35) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”. Пријавениот, кон крајот на 2024 година, откако купил стан во станбена зграда во Кратово, го узурпирал дворното место од станбената зграда, без притоа да обезбеди одобрение за градба, издаден од надлежен орган и изградил бетонска тераса со бетонски столбови. ...
ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на ...
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите лица и домаќинства кои се стекнаа со право на ...
Министерството за правда информира дека предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија. „По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија. Клучни новини кои се предвидени со Законот: Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега РМ директно ...
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска на „Фејсбук“ му се обрати на екс-премиерот Никола Груевски со иронична порака, реагирајќи на неговите последни јавни објави. Заев саркастично му порача дека „се разубавува“, прашувајќи го притоа дали во меѓувреме научил да прави гулаш. Во својата објава, Заев го обвини Груевски дека му е „досадно во бегство“ и дека наводно се обидува да управува со политички процеси од далечина. Според него, поранешниот ...
Во село Липково е регистрирана огромна пукнатина на земјата, што е резултат на најверојатно активирано претходно фосилно свлечиште. Драматичните слики од теренот покажуваат длабока и широка расцепка која претставува сериозна опасност за околните објекти и инфраструктура. Свлечиштето веќе има предизвикано штета и претставува директна закана за населението. Локалните власти и надлежните институции се повикуваат на брза реакција за да се спречи ...
Со активноста за садење дрвја во Општина Илинден, ТАВ Македонија вчера ја започна својата традиционална зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“, која има за цел да го зголеми бројот на нови дрвја во земјата и да придонесе за позелена средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Општина Илинден, ...
Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). „Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и ...
На повеќе водотеченија во земјата денеска е регистрирано зголемено ниво на реките во однос на просечните вредности за месец декември, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Надпросечни водостоји се измерени на Пчиња кај Катлановска Бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод. Зголемувања има и на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун. Истовремено, ...
Протесното движење „Кој е следен?“ беше покането на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието, закажана за 9 декември 2025 г. На седницата, единствената точка на дневниот ред е претставката што здружението на родителите од Кочани „16-ти Март“ ја поднесе до Собранието, барајќи политичка одговорност и законски измени што ќе гарантираат дека ваква трагедија веќе никогаш нема да ни се ...
Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција порача дека партијата веќе формирала антикорупциски тим составен претежно од млади активисти и истражувачи. „Овој тим ќе ги обработува скандалите кои секојдневно ги гледаме. Ќе анализира документација и ќе поднесуваме пријави до национални и меѓународни институции“, изјави тој. Најави и отворање онлајн платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат сомнежи за корупција. ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во ноќта кон неделата во швајцарскиот град Шлиерен, загина 39-годишен маж. Бегалката – сопатничка, која по несреќата исчезнала од местото на настанот, во меѓувреме е уапсена. Инцидентот се случил во саботата околу 23:30 часот, кога 39-годишен државјанин на Македонија, управувајќи BMW со повеќе од 500 коњски сили, изгубил контрола врз возилото. Тој се движел од улицата Engstringerstrasse кон Grabenstrasse ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, со која се загрозени 130 милиони евра. „СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со ...
Многу веб-страници паднаа во петок наутро, известуваат корисниците. Најчесто станува збор за услуги поврзани со Cloudflare. Интересно е што Downdetector, страница која детектира проблеми и обезбедува податоци за падовите на големите страници и услуги, исто така е во дефект. Ова беше за да се следи вистинската големина на проблемот. Оние кои пробаа Canva или некои вештачки интелигенции, X, Spotify… се во проблеми Here we go again @Cloudflare ...