Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој обезбеди влез во вториот круг од локалните избори, денеска им се заблагодари на граѓаните за поддршката и довербата што му ја укажаа во првиот изборен круг. „Резултатот е јасен – Скопје гласаше за работа, за визија, за конкретни проекти и одговорно управување. Скопје избра иднина! Ова водство не е моја лична победа, туку победа на сите граѓани кои веруваат во модерно, ...

Словенечката полиција утринава околу 7 часот добила пријава дека во општината Пивка, на југот на земјата, дошло до пукање. На местото на настанот биле пронајдени две мртви лица — маж и жена. Криминалистите веднаш започнале со увид, но засега не се објавени повеќе детали за истрагата. Од Полициската управа Копер соопштија дека дополнителни информации за јавноста ќе бидат објавени подоцна, пренесува 24ur. Според неофицијалните информации на „Канал ...

Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги поттикне граѓаните повеќе да вдомуваат улични кучиња. Роденденските активности стартуваат на 20 октомври, кога во трговскиот центар ќе ...

Независната кандидатка за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска, се огласи по одржувањето на локалните избори, упатувајќи благодарност до граѓаните кои ѝ ја дале својата поддршка. „Огромна благодарност за поддршката што ми ја дадовте, што препознавте во мене и во ‘Независни заедно’ опција која се бори за нас, за граѓаните“, напиша Ивановска на својата официјална страница на Фејсбук. Таа истакна дека изборниот процес бил особено ...

Оставка на Филипче не бара ВМРО-ДПМНЕ, туку пред се функционерите и членовите на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Очигледно дека СДС е во терминален стадиум од кој нема спас. Ние, сепак, им посакуваме да се соземат и да се сосредоточат на вистинските бројки затоа што само така ќе извлечат вистински поуки за оваа мега казна што ја добија од граѓаните. Истовремено, за да им помогнеме им ја испраќаме оваа мапа на која јасно се гледа ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети и се на исто ниво како што беше утврдено со одлуката од 13.10.2025 година. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 75,00 ден/лит. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Со оваа промена, ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои партијата, заедно со ДУИ, доживеа катастрофален пораз, оцени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. – Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште еден успех и продолжуваме со работа, изјави Николоски на партиска прес-конференција. Тој изрази уверување дека Скопје ќе направи ...

Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат ...

Подготовките за следната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта не се целосно започнати, а пред тоа треба да се заврши многу „домашна работа“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој истакна дека Москва и Вашингтон одржуваат работни и експертски контакти и можност за размена на информации, пренесува РИА. Тој истакна дека Трамп и Орбан имаат добри и конструктивни ...

По завршувањето на првиот круг од локалните избори 2025, во 44 општини веќе се избрани градоначалници кои ќе раководат со нив во наредните четири години, при што најголем дел од победите им припаднаа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 33 општини ќе се одржи втор круг на гласање, закажан за 2 ноември. Сè уште е неизвесно дали во Старо Нагоричане ќе има втор круг, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски, има 50% од гласовите при 99,83% ...

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, денеска со остра и директна порака побара оставка од целото раководство на СДСМ, оценувајќи го изборниот резултат како „тешка брука и политички, но и морален срам“. Во својата објава, тој го призна поразот во Струмица, општина која СДСМ ја водеше во изминатите 20 години, и му ја честиташе победата на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ. Според Костадинов, „изборното цунами“ што се случи низ ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=18°C. P=984hPa. U=89%. V=0m/s. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде ...

На глобалниот пазар бакарот достигна историски нивоа — 11.100 долари за тон, а аналитичарите предвидуваат нов скок поради трговската неизвесност меѓу САД и Кина. Вашингтон ги реактивира старите рудници, Брисел подготвува нова рунда на европски стратешки проекти, а Македонија – земја со потврдени резерви од стотици илјади тони бакар – останува без нови инвестиции и со неизвесен развој на своите потенцијални рударски капацитети. Прогнозите ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека идејата за можна средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта нема да биде позитивна за Украина, бидејќи Унгарија ги блокира сите иницијативи што и користат на Украина, и додаде дека планот е да се набават 25 системи „Патриот“. За време на разговорот со новинарите, Зеленски рече дека ја пренел оваа порака ...

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи по завршувањето на првиот круг од локалните избори, изразувајќи благодарност до сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. „Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество кое се стреми кон напредок и одговорност. Резултатот не е оној што го посакувавме, но сум горда на кампањата што ја водевме – чесно, транспарентно и ...

Поради голем пад на интернетот, бројни веб-страници, онлајн игри и апликации бележат проблеми, известува Sky News. Меѓу нив се и Amazon, Snapchat, Roblox, Coinbase и Vodafone. Проблемите започнаа утрово, а се чини дека причината е проблем со Amazon Web Services (AWS). Според страницата Downdetector, која ги следи пријавите за веб-страници и веб-сервиси кои не работат, се покажува ненадејната и широко распространета природа на прекините. Само во ...

Кандидатот за советник во Општина Кочани од коалицијата „Заедно за успех“, Марио Паунов, предложи сите новоизбрани советници да се откажат од своите паушали со цел да се формира солидарен фонд за помош на семејствата на настраданите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Овој предлог доаѓа како реакција на, како што вели, злоупотребата на несреќата за политички поени од страна на една политичка партија за време на кампањата. „Многу врева и ...

СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен. СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв круг. Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа не за нивните политики. Венко Филипче ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, ...

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа уште во првиот круг од вчерашните локални избори, освојувајќи градоначалнички места во 32 општини низ државата. Според првичните неофицијални резултати од обработени 99,94% од гласовите, опозициската СДСМ доживеа тежок пораз, победувајќи во само три општини. Во албанскиот политички блок, коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалници, додека коалицијата НАИ предводена од ДУИ обезбеди четири. ...

Независната кандидатка за градоначалник на Битола, Габриела Илиевска, по завршувањето на првиот изборен круг се обрати преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека и покрај личната и граѓанска храброст, политичките партии и понатаму имаат силна предност во изборните процеси. „Тргнав сама против сите и се покажа дека партијата е тешко да се победи“, напиша Илиевска. Таа додаде дека граѓанската иницијатива „Поинаку“, чиј кандидат беше, е вистинскиот ...

Крадците кои синоќа го ограбија парискиот музеј Лувр украле осум предмети од непроценлива вредност, а деветтиот, кој се обиделе да го однесат, бил пронајден на самото место, изјави париската обвинителка Лор Беку. Париско обвинителство: Крадците од Лувр украле осум непроценливи предмети Беку во изјава за телевизијата BFM рече дека крадците не го таргетирале ниту украле светски познатиот дијамант „Регент“, кој се наоѓа во истата галерија во која ...

Утрово најниските температури во земјава се движеа од -2 до 8 степени Целзиусови. Најстудено беше во Берово со -2, а по него следуваат Попова Шапка со -1, како и Битола, Крива Паланка и Лазарополе со 0 степени. Во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Куманово утринската температура изнесуваше 2 степени, во Прилеп 3, а во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Демир Капија и Виница се измерени 4 степени. Во Штип, Велес, Кавадарци и Охрид температурата достигна ...

Меѓународните набљудувачи денеска ќе ги соопштат своите прелиминарни оценки за текот на Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија, на прес-конференција што ќе се одржи во Скопје. Меѓународната мисија за набљудување е заеднички ангажман на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа и Европскиот парламент. Во мисијата се вклучени вкупно 276 ...

Овен Понеделник ви нуди шанса да ја покажете вашата вистинска сила. Состанок рано во денот може да ја промени вашата перспектива за важно прашање. Не брзајте со одговори – понекогаш тишината зборува погласно од зборовите. Вашата енергија е заразна, но внимавајте да не се прегорите. Задржете ја вечерта за себе. Бик Првиот работен ден ви претставува избор помеѓу безбедност и авантура. Финансиското прашање бара внимание, но не и паника. Разговорот ...

Во екот на објавувањето на првичните неофицијални резултати од локалните избори, кои укажуваат на тежок пораз за Социјалдемократскиот сојуз, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, даде кратка изјава за 4NEWS.mk, но мошне силна изјава со која ја отслика состојбата во неговата партија. На прашањето да ги коментира изборните резултати, Костадинов беше лаконски: „Немам коментар, ова е трагедија за СДСМ.“ Неговата изјава доаѓа во моменти ...

Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но, кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш, кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ вечерва на прес конференција посочи дека Скопје се разбудил и граѓаните покажале храброст дека подготвени се да изберат поинаку. „Левица испиша историја, бидејќи прв пат во историјата на Македонија во главниот град имаме кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Во првиот круг покажавме дека има надеж, во вториот круг сето ова ќе го претвориме во реалност. Влеговме во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
88%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 2ᴼ
1.03
54%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
87%
1021
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.83
97%
1019
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
86%
1019
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
79%
1020
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
75%
1021
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205