Системот „Безбеден град“, кој во моментов функционира во тест-период пред официјалниот старт – планиран за 1 јануари или еден месец подоцна – засега не овозможува внесување регистарски таблички што би биле изземени од автоматско генерирање прекршочни казни. Секое возило снимено дека го прекршува законот ќе добие соодветно известување за казна. Ова, сепак, ќе се измени во иднина, пишува ТВ21. Регистарските таблички на возилата со првенство на ...

Официјално Берат Јакупи, едно од најуспешните и најценети имиња на карате спортот во земјата, донесе одлука да ја заврши својата активна спортска кариера и да се повлече од натпреварувањето, по едно исклучително патување исполнето со успеси. За време на својата кариера, Берат Јакупи постигна резултати од највисоко меѓународно ниво, оставајќи историски белег во македонското карате. Главни спортски достигнувања: Неговата кариера беше проследена со ...

Безживотно тело на машко лице завчера било пронајдено на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид. Се работи за место на кое беа сместени оранжерии. По преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето З.Т.(57) од Охрид, за чие исчезнување полицијата била известена од страна на членовите на семејството на починатиот на 4 овој месец. По наредба на јавен обвинител, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција, за да се утврдат ...

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија. При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана. Известен е ...

Видеата од ретки морски суштества секогаш предизвикуваат голем јавен интерес, а едно такво неодамна се појави во Трстскиот Залив. На нив се гледа прекрасна месечева риба, a видеото беше објавено од страна на Регионалната марина Протета Мирамаре на Фејсбук. Тие го споделија своето воодушевување со објавата. „Прекрасна како сонцето, тркалезна како полна месечина, величествена по своите димензии… Средбата со месечевата риба, најголемата и ...

Чешка се соочува со рекорден број случаи на хепатитис А во последните четириесет години оваа година. Лекарите регистрирале дури 2.880 случаи, што е 4,5 пати повеќе од минатата година, а бројот на смртни случаи се искачи на 31, во споредба со два смртни случаи минатата година. Овие загрижувачки бројки доаѓаат од Националниот институт за јавно здравје (SZÚ), објавува Denik.cz. Иако во ноември се регистрирани 505 нови случаи, што е мало намалување ...

Извозот на Кина повторно се зголеми во ноември, при што силната побарувачка од Европската Унија и Австралија ги компензираше пониските нарачки од Соединетите Американски Држави, покажаа официјалните податоци. Извозот се зголеми за 5,9 проценти во ноември во споредба со претходната година, соопшти царинската управа. Во октомври се намали за 1,1 процент. Увозот се зголеми за 1,9 проценти, што е околу двојно повеќе во однос на октомври. Трговскиот ...

Додека мнозинството луѓе со нетрпение ги чекаат пролетта, потоплите денови и пократките вечери, постојат оние за кои зимата никогаш не може да трае предолго. Студот, снегот, маглата и тишината на зимските утра за нив не претставуваат пречка, туку извор на задоволство и внатрешен мир. Во продолжение ги претставуваме четирите хороскопски знаци кои во зимскиот период се чувствуваат како да се на свој терен. Јарец Јарците обожаваат зима затоа што ...

Приватниот инвестициски фонд „МидЕвропа“ (MidEuropa) постигна договор за продажба на водечкиот производител на млечни производи во Југоисточна Европа, компанијата „Имлек“, дознава 4NEWS.mk. Новиот сопственик е конзорциум предводен од семејниот инвестициски холдинг „AJFH“ на познатиот српски претприемач Андреј Јовановиќ, во партнерство со актуелниот извршен директор на „Имлек“, Бојан Радун. Иако цената на трансакцијата останува деловна тајна, ...

Синоќа во речното корито на Луда Мара во Кавадарци било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш реагирал и ја известил противпожарната служба. Пожарникарите брзо и професионално интервенирале и го извлекле кучето од водата. Животното е успешно спасено и пренесено во стационарот, каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно. ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје регистрираше промени во раководството на своите подружници, покажуваат податоците од Централниот регистар. Со одлуки донесени на 1 декември 2025 година, а официјално регистрирани на 5 декември, за раководител на подружниците „Канализација Скопје“ и „Благајна 1 Скопје“ е именуван Иван Митровски. Со истите решенија, престанува мандатот на досегашниот раководител Тони Миновски, чии податоци се ...

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го презентираше новиот скандал поврзан со семејната фирма на Томовски, која, според партијата, преку буџетски средства добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. „Го следиме трагот на парите“, истакна Кузеска, потенцирајќи дека Томовски се обидува да го дистанцира своето име од семејната фирма, иако, како што нагласи, неговиот татко, внукот, зетот и дури и неговиот ...

Министерството за внатрешни работи информира дека 82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од околу 170.000 денари од лице кое се претставувало како полициски службеник. Според пријавата, измамникот ја контактирал телефонски и ѝ кажал дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Поради страв, жената излегла на улица и му ги предала парите на ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T=12°C. P=988hPa. U=70%. V=2m/s. До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе биде информиран за дијалогот на преговарачкиот тим со американски официјални претставници и ќе ги добие сите документи поврзани со мировниот план, изјави највисокопоставениот преговарач од Киев, Рустем Умеров. Во објава на комуникациската апликација „Телеграм“, Умеров додаде дека главната задача на преговарачкиот тим на Киев за време на неодамнешните преговори во САД била да добие целосни ...

Во неделата попладне, на северозападниот брег на Тенерифе, голем бран ги повлече купачите во морето во популарните природни базени кај Лос Гигантес. Три лица загинаа, тројца се повредени, а за уште една личност се трага, објави германскиот весник Bild. Драматична акција на спасување Според информациите од итните служби на Канарските острови, водната маса ги однела повеќе лица, а меѓу жртвите биле и неколку странски туристи, како што јавува ...

Руски сили ноќеска изведоа голем воздушен напад врз енергетската инфраструктура во централните и северните делови на Украина. Во нападите изведени со дронови и ракети беа погодени градот Кременчук, како и Черниговската и Киевската област, при што загина најмалку еден цивил, а повеќе лица се повредени, соопштија локални власти, јавува The Kyiv Independent. Напад врз енергетиката во Кременчук Експлозии во Кременчук, Полтавска област, одекнаа околу ...

Маја Мојсоска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, покажуваат податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија. Одлуката е донесена со решение на Министерството за култура и туризам од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана еден ден подоцна, на 5 декември. Со оваа одлука престанува мандатот на досегашната ВД директорка Розе ...

На граничните премини утрово се бележат подолги чекања. На преминот „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини нема значителни задржувања. Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со намалена видливост е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека. Од „Македонија пат“ предупредуваат на можни ситни ...

Сузана Џамбазовска е именувана за вршител на должност директор на Јавната здравствена установа Психијатриска болница Демир Хисар, покажуваат податоците од Централниот регистар. Одлуката е донесена врз основа на решение за разрешување и именување на ВД директор од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана на 5 декември. Џамбазовска ќе ја извршува функцијата ВД директор до избор на директор по распишан конкурс, но не подолго од ...

Христијан Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ со нивните погрешни, криминални политики ја изолираат земјата, ја претвораат во црна точка во Европа и ги бркаат младите од Македонија, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Криминалот и корупцијата цветаат, европските коридори ја заобиколуваат Македонија, народот има се помалку пари во џебовите, расте сиромаштијата, иселувањето на младите се зголемува а власта преговара за враќање мигранти. Сите угледни ...

Град познат како дом на Дедо Мраз е во темница од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, овој град, бидејќи се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, многу добро живее од зимскиот туризам, па така зиме на секој чекор се поставени украси, светилки и слично. Зимата во Европа подразбира пократки денови, студ и многу топли напитоци. Меѓутоа, на самиот север на стариот континент, реалноста е сосема поинаква – градовите и ...

Авион на линијата Приштина – Истанбул, по слетувањето излетал и застанал на крајот од пистата. Како што соопшти Амбасадата на Косово во Турција, во овој инцидент нема повредени. „Амбасадата на Република Косово во Турција информира дека денеска, на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’, авион опериран од компанијата AJet, од типот Boeing 737-800, кој го реализираше летот Приштина–Истанбул со број TKJ76Q / VF102, по слетувањето излезе од такси-патеката и ...

Македонската Радио Телевизија (МРТ) станува ново жариште на синдикална полемика откако Програмскиот совет на својата 18-та седница ја потврди репрезентативноста на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), што предизвика бурни реакции од постоечкиот синдикат при МРТ, кој е дел од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). ССНМ достави документација според која 135 вработени од вкупно 593 плаќаат членарина, што според член ...

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска поради дефект на водоводна цевка со дијаметар од 150 милиметри на улицата „16-та Македонска Бригада“, во близина на Ветеринарната болница, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од градот. Без вода ќе останат корисниците на улиците: Ташко Караџа, Јани Лукровски, Трифун Хаџијанев, дел од улиците Бапчор и Христо Ботев, како и високата зона Автокоманда. Од претпријатието соопштуваат дека ...

Полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации за регионот. „Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науките, почувствуван е последователен потрес по сеизмичкиот настан од 30 јули, забележан во Тихиот Океан попладне на 8 декември“, соопшти ...

Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската армија соопшти дека воздушните напади биле изведени откако еден тајландски војник загинал, а четворица биле ранети во судири долж нестабилната граница меѓу двете земји, пренесува „Гардијан“. #BREAKING | Thailand ...

Минималните утрински температури во земјава се движеа од 0 до 6 степени Целзиусови. Најстудено беше на Попова Шапка со 0 степени, а истата температура е измерена и во Демир Капија и Гевгелија. Во Маврови Анови минималната температура изнесуваше 1 степен, додека 2 степени се измерени во Ѓуриште и Крива Паланка. Три степени имаше во Крушево, Берово, Струмица и Пожаране. Температура од 4 степени утринава е забележана во Тополчани, Виница, Претор, ...

Овен Почетокот на неделата носи внатрешна тензија помеѓу вашата желба да дејствувате смело и вашите вистински ограничувања. Марс, вашиот владетел, се судира со Сатурн, создавајќи чувство на доцнење. Наместо да се предадете на фрустрацијата, искористете го денот за да ги преиспитате вашите стратегии. Трпението денес е клучот за идниот успех. Бик Понеделник ве поканува да ги преиспитате вашите финансиски цели и материјални приоритети. Космичката ...

Свети Климент Охридски е првиот македонски архиепископ во исто време е творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски ...

Повик

11 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
1.54
67%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.65
90%
1027
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
79%
1027
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
75%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
91%
1025
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1028
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Рутениум

29192.88

Бакар

10.77

Родиум

256402.20

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Платина

56365.91

Калај

42.10

Злато

138244.13

Паладиум

4758.31

Кобалт

58.42

Цинк

3.24

Сребро

1991.62