Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од ...
Обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието беше проследено со герила акција од пратениците на Левица. Додека Руте се обраќаше од собраниската говорница, пратениците од Левица истакнаа транспарент со натпис „НАТО УБИВА ЗА ПРОФИТ“, по што ја напуштија сала. Од Левица велат дека ова претставувало „топол“ пречек за генералниот секретар на НАТО, нагласувајќи дека нивната реакција е во согласност со партиската позиција во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(64) и М.Н.(41), двајцата од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“. Првопријавениот, континуирано во атар на с.Речане, на место викано „Краста“ вршел сеча на дрва без одобрение издадено од надлежен орган, ги превезувал со своето патничко ...
Иран одговори на нападите на САД и Израел со започнување серија контранапади врз држави низ Блискиот Исток, со сериозни последици врз индустријата на нафта и гас и глобалната економија. Техеран ги нападна нафтените постројки во соседните земји, додека поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец – клучно тесно грло на влезот во Персискиот Залив – речиси целосно е запрен. Морскиот пат меѓу Иран и Оман – широк едвај 20 милји (32 километри) на ...
Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изнесе нови детали за настанот во кој Ивана и нејзиното шестгодишно дете го загубија животот скокајќи од тераса на зграда во Карпош. Според министерот, истиот ден околу 12 часот се случил физички напад, за кој, како што рече, постои видеозапис на кој се гледа ...
Полицијата во Тел Авив приведе двајца новинари на CNN Турк кои известувале во живо пред воената команда на ИДФ „Кирија“. Станува збор за репортер и снимател, кои снимале во близина на локацијата по новиот ракетен напад што Иран го изврши врз Тел Авив и други централни подрачја на Израел. За време на директниот пренос, двајца мажи кои изгледале како војници им пришле на новинарите и му го одзеле телефонот на репортерот. Полицијата соопштила ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на својата официјална посета на Скопје и средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, упати силни пораки за важноста на Македонија во Алијансата. Тој го поздрави зголемувањето на буџетот за одбрана, ја нагласи улогата на земјава во регионалната стабилност и се осврна на актуелните глобални безбедносни предизвици, вклучително и ситуацијата со Иран. Македонија – ценет сојузник на ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија. Двајца возачи во Неготино (од кои еден малолетник), и по еден во Тетово, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати. Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар ...
На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. ...
Министерот за внатешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција денеска соопшти дека сите околности детално се документираат за вчерашниот трагичен настан во Карпош. По усна наредба, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело, изјави Тошковски. Според податоците што ги изнесе министерот, во изминатите две години против него имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен ...
На прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови информации во врска со трагичниот настан во Карпош, во кој животот го загубија мајка и дете по пад од зграда. Според информациите што ги изнесе министерот, на 02.03.2026 година околу 14:00 часот во Министерство за внатрешни работи била примена пријава од случаен минувач дека мајка и девојче паднале од зграда. Полицијата веднаш излегла на терен, а на лице место ...
На 02.03.2026 во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого се познавале од претходно. Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телeфонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршувањена наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската постојка. ...
На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази сочувство за трагичниот настан што ја потресе државата, во кој мајка и ќерка починаа по пад од зграда во Карпош. Тошковски информираше дека на 02.03.2026 година околу 14:00 часот во Министерство за внатрешни работи била примена пријава од случаен минувач, кој пријавил дека мајка и девојче паднале од зграда. Полицијата веднаш излегла на терен и започнала со ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. T=19°C. P=990hPa. U=45%. V=3m/s. Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од ...
По трагичниот настан во кој животот го загубија мајка и дете, Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека веднаш презело мерки согласно своите законски надлежности, со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со постапувањето на надлежните институции. Министерството изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на починатите. Како што информираат од институцијата, веднаш по случајот е спроведен вонреден ...
На 02.03.2026 во 14:00 часот на Градскиот стадион во Тетово, за време на второто полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Пелистер” од Битола, како и по завршување на натпреварот, навивачите на ФК „Шкендија” од јужната трибина на теренот и кон судиите фрлаа разни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.03.2026 во 14:00 часот на Градскиот стадион во Тетово, за време на второто ...
Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна судска постапка против тројца полициски службеници од Кочани, во предмет поврзан со настани околу работењето на дискотеката „Пулс“. Обвинителката од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Постапката ќе се води по скратена постапка. Според обвинителниот предлог, во периодот од ...
Мексико останува во состојба на зголемена безбедносна готовност по убиството на еден од најбараните криминални лидери во земјата, чие погребување се одржа под силно обезбедување и во присуство на бројни безбедносни сили. Немесио Осегвера Сервантес, познат како Ел Менчо и лидер на моќниот картел Халиско, беше погребан во златен ковчег на гробишта во Гвадалахара. Погребната церемонија била придружена од музичари и неколку десетици лица, од кои ...
На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на ...
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, остро ги критикуваше воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран, оценувајќи ги како „драстично лоша грешка“ што би можела да ги турне Соединетите Американски Држави во уште еден долготраен и разорен конфликт на Блискиот Исток. Говорејќи во емисијата The Weeknight на мрежата MSNBC, Бренан направи директна паралела меѓу актуелните напади врз Иран и американската инвазија на Ирак во 2003 ...
Меѓународна агенција за атомска енергија (IAEA) потврди дека во неодамнешните напади биле оштетени влезните згради на постројката за збогатување гориво Натанз во Иран. IAEA наведува дека на самото нуклеарно постројување не е забележано дополнително влијание и дека не се очекуваат радиолошки последици. Проценката е донесена врз основа на најновите достапни сателитски снимки. Подземниот дел од постројката, според претходна проценка на IAEA, бил ...
За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи Панче Тошковски. На прес конференцијата се очекува да бидат соопштени повеќе детали за вчерашната трагедија во скопски Карпош. Утрово обвинителството соопшти дека мајката и детето биле сами во станот и заклучени од внатрешна страна. Се проверуваат мобилни телефони и се екстрахираат податоци. 4NEWS.mk ќе ја пренесува во живо ...
Основно јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во скопската населба Карпош, во кој при пад од висококатница починаа мајка и нејзиното малолетно дете. Едно лице е задржано во полициска станица, а по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, а во текот на ...
Од министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека, согласно најновите податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од вкупниот број, 19 лица се пријавиле од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од ...
На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и ...
Авион со околу 200 српски државјани слета денеска во Белград, откако воздушниот сообраќај меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беше привремено суспендиран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Според информациите објавени од Радио-телевизија Србија (РТС), летот полетал од аеродромот во Дубаи синоќа околу 23:30 часот по средноевропско време. Станува збор за авион „Boeing 737 MAX 8“, со капацитет од 162 до 200 патници, ...
Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, ...
Цените на авионските билети меѓу Азија и Европа нагло пораснаа по затворањето на клучните блискоисточни воздушни центри поради војната на САД и Израел против Иран, а на многу линии билетите се распродадени денови однапред. Дубаи и другите големи заливски воздушни центри останаа затворени четврти ден, што ги намали капацитетите на рутите како оние меѓу Австралија и Европа. Патниците се пренасочуваат преку Кина, Сингапур и Северна Америка, ...