Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните здравствени установи, велат од Министерството за здравство Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира изградба на станбени згради, велат од Министерството за здравство. Реакцијата, како што се наведува од министерството, е во врска со објавите за ...
Зборовите како „загари“ и „Газиместан“, кои тој ги употреби во вчерашното обраќање се најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој дваесет години го третираше својот народ како приватна сопственост, се наведува во соопштението од ВЛЕН Лидерот на ДУИ Али Ахмети стави катанец на Националната алијанса за интеграција со својот навредлив и недостоен говор, за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува ...
Во нападот е оштетена и градинка, а предизвикани се и пожари на повеќе места низ градот Едно лице загина, а десет се повредени откако Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети, пренесува „Ројтерс“. „Првичните извештаи покажуваат дека во нападот беа искршени прозорци, оштетени автомобили и кратер во дворот на станбена зграда“, напиша Тимур Ткаченко, шеф на воената управа на Киев, во објава на Телеграм. Според објавите на ...
Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според најавите од УХМР ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од ...
„Идниот градоначник на Град Скопје има предност од 3:1 во однос на неговиот противкандидат, 90 000 наспроти 30 000 гласа. Очекуваме после вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде 125-130 илјади“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, да освои околу 130 000 гласови во вториот изборен круг каде што ќе се соочи со ...
Од СДСМ велат дека оставката на првиот човек на градската организација во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, е поднесена од лични и морални причини и е доставена до партијата Галетановски е еден од петте советника што СДСМ ги освои во Советот на Град Скопје Претседателот на градската организација на СДСМ во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, поднел оставка од функцијата. Информацијата ја објави Телевизија 24, повикувајќи се на висок партиски функционер од ...
Владејачката коалиција директно не повика да се поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, како што тоа го направи за неколкумина други кандидати од коалициските партнери кои ќе одат во вториот круг Со ваквата реакција, ВЛЕН, меѓу другото, се оградува од изјавата на коалицискиот партнер Билал Касами, кој пред неколку дена рече дека очекува заемна поддршка на ВЛЕН и ДУИ во општините каде што во вториот круг ќе има кандидат од еден од таборите на ...
Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 23 октомври 2025 г. на МРТ 1 Теми за ова издание: – Битка за Карпош: Прва победа за ВМРО-ДПМНЕ (Сотир Лукровски) или петти мандат за Стевчо Јакимовски; – Втор круг од изборите за градоначалник во Центар: На чие конто ќе завршат гласовите од независните и Левица – кај Горан Герасимовски или Мирослав Лабудовиќ; – Давид против Голијат во Куманово – или Максо ќе освои трет мандат ...
Независниот кандидат за градоначалник на Могила вели дека е свесен оти ваквата одлука ќе изненади многумина, но дека е донесена со мирна совест и одговорност Дека се повлекува од вториот круг од локалните избори претходно вчера објави и независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески. И тој како и Пивковски, рече дека е време за обединување и ставање крај на поделбите Сашо Пивковски е вториот независен кандидат за ...
Оттаму велат дека победата на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од победата на ДУИ во Пласница и Липково Владејачката коалиција ВЛЕН ја оцени за апсурдна изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој рече дека коалицијата што ја предводи е победник на локалните избори. Оттаму велат дека победата на ВЛЕН во Чаир, ...
Осврнувајќи се на изборните резултати, од ДУИ велат дека коалицијата НАИ има предност пред ВЛЕН со над 23 000 гласа на изборите за општинските совети на ниво на државата, а дека во трката за градоначалници предничи со 21 000 гласови пред владејачката коалиција Веднаш да се оди на предвремени парламентарни избори – ова е главниот и едногласен заклучок од денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ). ...
Директорот на ЈП Железници-инфраструктура, Синиша Ивановски, во интервју за „360 степени“ вели дека од следната година ќе има линија од скопско Зелениково до Железничката станица – Скопје. Планот е во следните две и пол години да проработат и линиите кон Ѓорче Петров (преку Скопје Север) и кон Миладиновци (преку Маџари) Иако има физибилити студија, нема гаранции дека ќе има доволно патници во градскиот воз, проект кој според министерот за ...
Во оваа смисла, лидерот на ДУИ рече дека со освоени 114 000 гласа на локалните избори, коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ е победник од партиите на Албанците, наспроти коалицијата ВЛЕН со освоени 91 000 гласови Не изгубив на изборите за да се повлечам од политиката – порача лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по денешното Централно претседателство на партијата во чиј фокус беа ...
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со можните болести што може да се појават како последица на актуеланата ситуација, раководителот на секторот за епидемиологија приу ИЈЗ, д-р Кочински, ги изводи цревните заболувања, како и преносливите болести што може да се пренесат преку муви, комарци и глодари, чија популација се зголемува доколку имаат храна во изобилство Раководителката на Одделението за безбедност на вода и саниутација на животна ...
Повеќепати досега, како што велат, испраќале дописи до градоначалничката Данела Арсовска и до Секторот за поддршка на Советот на Градот Скопје, во кои алармирале дека е неопходно итно да се пристапи кон решавање на проблемот со неповолната финансиска состојба на претпријатието и намалениот капацитет на собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на главниот град. Во дописот од 19.06.2025 година побарале и разрешување на в.д. ...
Министерот вели дека проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста Почеток на сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот Виничко Кале, најави денеска министерот за култура, Зоран Љутков. Проектот, како што рече Љутков, ...
Претпријатието досега нема добиено одговор од градоначалниците на скопските општини каде што го одлагаат отпадот, од наводните активности за собирање на ѓубрето, што тврдат дека ги спроведуваат во рамки на своите општини Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје денеска соопштија дека во текот на вчерашното деноноќие неговите екипи извршија собирање и транспортирање на отпад од неколку локации во општините Центар, Чаир и Аеродром, при ...
Паралелно со оваа постапка, од Лекарската комора велат дека во тек е сеопфатна процедура во врска со етичкото однесување на д-р Кузмановски како лекар, а конечната одлука ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи Поранешниот директор на Клиниката за неврологија д-р Игор Кузмановски ќе мора да помине тримесечна обука под водство на ментор и да полага испит за проверка на стручните знаења, пред Лекарската комора да ...
Тој ја обвини актуелната Влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“ со повикување на кризна состојба Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска ја продолжи предизборната кампања фокусирајќи се на алармантната состојба со отпадот во градот, која ја нарече „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“. Мециновиќ оцени дека ситуацијата со ...
Таквите дезинформации, како што додава, се објавуваат со цел да се демоларизираат нивните гласачи во пресрет на вториот круг од локалните избори, закажан за 2 ноември Според него, за такво нешто воопшто нема да се расправа на денешната седница на партиското претседателство Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми денеска ги дементара објавите во медиумите дека лидерот на партијата, Али Ахмети по локалните избори ...
Тој информира и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за набавка најпрвин на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“, Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, и треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт ...
Врховниот суд на САД во ноември треба да ги сослуша аргументите за тоа дали Трамп имал овластување да воведе царини според законот за итни случаи од 1977 година Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган. „Фондацијата ‘Роналд Реган’ штотуку ...
Повеќето од патниците спиеле кога се случила несреќата, а оние што биле будни успеале да ги скршат прозорците и да скокнат надвор, јави информативниот канал „Индија тудеј“ Најмалку 20 луѓе загинаа откако автобус се запали по судир со мотоцикл во јужна Индија рано утрово, соопшти полицијата. Инцидентот се случил на периферијата на градот Курнол во државата Андра Прадеш. Автобусот, кој превезувал околу 40 патници, патувал навечер меѓу градовите ...
Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека најголемиот проблем е како да се гарантира дека готовината ќе биде достапна веднаш ако нешто тргне наопаку Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вели дека ЕУ е посветена на решавање на итните финансиски потреби на Украина во следните две години, вклучително и поддршка за нејзините воени и одбранбени напори Лидерите на ЕУ се согласија да помогнат во поддршката на финансиските потреби на ...
„Верувам дека постојат шанси Србија да влезе во ЕУ пред 2030 година. Но, постои и друга дилема – како да се реши прашањето за Косово и Метохија. И јас не можам и нема да ја прифатам независноста на Косово. Ако некој друг го сака тоа по мене, нека го реши“, рече во интервју за РТС српскиот претседател Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека против Србија се води сериозна хибридна војна, но оти тој како шеф на државата направил сè за да ...
Во претседателската трка се две кандидатки, независната Кетрин Коноли која обезбеди поддршка од левичарските опозициски партии и Хедер Хамфрис, кандидатка на Фине гејл која беше министерка во последната коалиција Ирците од 7 часот утрово избираат кој ќе им биде претседател во следните седум години. Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право на глас, а резултатите треба да бидат познати во сабота вечер. Во претседателската трка се две кандидатки, ...
Од Обединетите нации соопштија дека ќе биде потребно време за надминување на ситуацијата со гладот во Газа и уште еднаш го повикаа Израел да ги отвори сите гранични премини Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека имало мало подобрување во количините на помош што влегуваат во Газа откако стапи во сила прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас, како и оти нема видливо намалување на гладот што беше констатирана во Појасот од страна на ...
Руското Министерство за одбрана целосно ги отфрли литванските тврдења. Во соопштението се вели дека неговите авиони СУ-30 извршувале планирани летови за обука над регионот Калининград во строга согласност со меѓународните правила Литванија, членка на НАТО-алијансата, вчера ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор. Според Вилнус, руски борбен авион „сухој 30“ и „иљушин 78“ влегле на литванска територија 18 секунди, околу 700 ...
Во интервју за унгарското државно радио Кошут, Орбан изјавил дека разговарал со домашната компанија за нафта и гас – МОЛ за санкциите, без да наведе детали Унгарија работи на изнаоѓање начин за заобиколување на санкциите што Соединетите Американски Држави (САД) ги воведоа врз двете најголеми руски нафтени компании, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, без да наведе детали за опциите што ги разгледува Будимпешта и дали тоа значи кршење ...
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 23 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен ...