
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Посочи дека украинските сили се обидуваат да се приближат до руската граница и ги обвини за уништување споменици од Втората светска војна. Украинските војници ги опиша како луѓе со нацистички ставови Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Курската област за првпат откако минатиот месец руската армија ги протера украинските сили од регионот, пренесува Ројтерс. Кремљ објави дека за време на вчерашната посета, Путин се сретнал со ...
Се очекува целосното реновирање на целиот граничен премин да биде завршено до 2026 година Граничниот премин „Евзони“ ќе се надградува со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на вчерашниот состанок свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија, Константинос Јулекас, и секретарот на децентрализираната ...
Законските измени предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека вчера во Собранието се донесени измените на Законот за надворешни работи со кои се воспоставува ...
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се вршат претреси на пет локации, но повеќе детали за тоа каде се спроведува акцијата од МВР не соопштуваат Од утринава во тек е нова полициска акција и се вршат претреси на повеќе локации. Полициски екипи под раководство на предметен обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“ вршат претреси на пет локации во Скопје, информираат од Јавното обвинителство за гонење на ...
Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Од утрово од 9 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип, поточно од крстосницата кај селото Крупиште до крстосницата кај селото Спанчево, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип – Кочани. Причина за прекин на сообраќајот, како што се вели во соопштението на АМСМ, е поради изведување на технички активности. Од полицијата ...
Владата на Виктор Орбан го најави ваквиот потег во април годинава, оценувајќи оти МКС веќе не е непристрасен и суд на владеењето на правото, туку политички суд Парламентот на Унгарија одобри закон со кој ќе започне едногодишниот процес за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС), за кој владата на премиерот Виктор Орбан смета дека станал политички. Предлог-законот за повлекување на Унгарија од Судот беше усвоен вчера со 134 ...
„Се прашав дали е соодветно јас да останам на чело на министерството за земјоделство во критично време за цените на оризот и заклучив дека не е. Уште еднаш, им се извинувам на луѓето што дадов исклучително несоодветни коментари како министер кога се борат со зголемувањето на цените на оризот“, вели Ето Јапонскиот министер за земјоделство, Таку Ето, поднесе оставка откако рече дека никогаш не купува ориз затоа што го добива бесплатно, забелешка ...
Мелони додава дека телефонски разговарала со претседателите на Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон и Финска, Александар Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и се согласиле да одржуваат тесна координација меѓу партнерите во подготовка за нова рунда преговори Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изјави дека поглаварот на ...
За утре се најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата захидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина ...
Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група ...
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со овој закон се регулираат дополнителната и сезонската работа во државата, а лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи Собранието денеска едногласно, со 73 гласа „за“, ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, ...
Според неа, доколку некој кој одлучил да оди спротивно на принципите на Владата, повеќе не е добредојден во истата Владата е сосема стабилна и продолжува да работи посветено за граѓаните. Владата е посветена на реформи и нема да учествува во заткулисните игри и политичките калкулации и пресметки, изјави вечерва во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, портапролката на Владата Марија Митева. „Во минатото плафон беше 61 пратеник за да се ...
Портпаролот на ОН Стефан Дужари изјави дека четири камиони со храна за бебиња биле истоварени на палестинската страна од границата во понеделникот, а неколку десетици камиони со брашно, лекови, прехранбени производи и основни потреби влегле денес во Газа Хуманитарната помош сè уште не е дистрибуирана во Појасот Газа, соопштија денес Обединетите нации, еден ден откако Израел дозволи хуманитарна помош повторно да влезе во палестинската енклава ...
Во првото сведочење како шеф на дипломатијата, Рубио беше критикуван за неговата улога во репресијата на администрацијата против имиграцијата, ангажманот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и неговата одлука да даде приоритет на преселувањето на белите Јужноафриканци во Соединетите Држави пред бегалците од други делови на светот Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска инсистираше дека администрацијата на Трамп не се ...
Руската армија започна серија артилериски напади врз населените места во украинскиот Херсонски регион, погодувајќи ги централните делови на градот, вклучувајќи ги областите Дњепровски и Корабелни Едно лице е убиено, а најмалку десет други се ранети во артилериски напад на руската армија врз централните делови на украинскиот град Херсон, соопштија локалните власти. Руската армија започна серија артилериски напади врз населените места во ...
Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права, ќе останат на сила Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ Каја Калас, јави ДПА. „Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и ...
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со овој закон се регулира дополнителната и сезонската работа во државата, а лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи Собранието денеска едногласно, со 73 гласа „за“, ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено ...
Според западни разузнавачки извори на кои се повикува „Волстрит журнал“, Русија се обидува да регрутира помеѓу 30 000 и 40 000 војници месечно Руските власти испраќаат најмалку 20 000 натурализирани граѓани на бојното поле во Украина затоа што не се пријавилее за воена служба, изјави на 20 мај Александар Бастрикин, претседател на Рускиот истражен комитет, јави државната агенција ТАСС. Изјавата доаѓа во време на зголемен притисок врз мигрантското ...
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, објаснувајќи ја одлуката на судот, во изјава за медиумите посочи дека со овие членови биле направени повреди и од материјална и од формална природа Уставниот суд на денешната седница, со мнозинство гласови, ги укина членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да ...
„До јануари годинава немаше разговори со Русите. Драго ми е што Трамп го скрши мразот и ја презеде лидерската улога. Му честитам за тоа“, порача генералниот секретар на НАТО Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави (САД), Владимир Путин и Доналд Трамп, може да се смета за позитивен чекор со кој се обновува комуникација, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Да им бидеме благодарни на САД што ...
Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 19 мај 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, вели министерката за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, која гостува во новото ...
Таа додаде дека ја интересира и изборот на заменик-гувернер бидејќи, како што рече, соработката меѓу гувернерот и неговиот заменик е клучна за макроекономската стабилност Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека веќе го знае името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер на Народната банка, но одби да го открие пред медиумите. Таа најави дека предлогот ќе го каже в среда откако првично беше одложен за дополнителни ...
Ниту Таравари ниту двајцата заменик-министри не беа присутни на денешната собраниска седница за да го искористат правото да ја образложат оставката Арбен Таравари и формално повеќе не е министер за здравство. Собранието на денешната седница ја констатира неговата и оставките кои од функциите ги поднесоа заменик-министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и за одбрана Елфет Исмаили од редовите на Алијанса за Албанците. ...
Од партијата очекуваат брза и ефикасна истрага, а сторителите да бидат изведени пред правдата Најостро го осудуваме опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Општина Битола од нашата партија. Ова е денешната реакција од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Битола откако од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека ноќеска, половина час по полноќ, е пријавено дека се опожарени три возила на улицата ...
Ќоку упати и апел до другите пратеници Албанци, особено до колегите што го добиле мандатот под коалицијата ВЛЕН, да се приклучат кон пратеничката група Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, денеска на прес-конференција објави дека нивната група до денес брои девет члена и изрази уверување дека во наредните денови ќе им се приклучат и други пратеници, со цел да достигнат десет, па дури и 14 члена. Со десет члена, ВЛЕН би ...
Во објава на социјалните мрежи во која информира за оставката, Рамадани му заблагодари на премиерот за укажаната можност, на матичната Алијанса за Албанците на укажаната доверба, а на институциите и партнерите за поддршката и професионализмот Националниот координатор за имплементација на нови технологии, Блерант Рамадани, кој е дел од крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари, информира дека поднесува оставка од функцијата. ...
Во врска со тоа кој ќе ги замени функционерите што поднесоа оставки во Владата, Касами рече дека се во тек консултации со премиерот Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, денеска изјави дека оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА) се однесуваат само на неколкумина индивидуалци. Според него, другите функционери ќе продолжат да бидат дел од Владата и од новоформираната партија ВЛЕН. На новинарско ...
Уште кога била пратеник во Собранието од редовите на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ вели дека го критикувала изборот на судијката бидејќи, како што додаде, тој бил спротивен на Уставот Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека не би смеело да се проблематизираат одлуките што ги има донесено уставната судијка Елизабета Дуковска, но оти во Уставниот суд не може да остане личност избрана на неуставен или незаконски начин. Ова таа го ...
Во однос на април, кога изнесувала 62 691 денари, синдикалната минимална кошничка во мај изнесува 63 908 денари За покривање на минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај годинава му се потребни 63 908 денари. Толкав е износот на минималната синдикална кошничка пресметан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Во споредба со минатиот месец, вредноста на синдикалната кошничка за мај е зголемена за 1 217 денари. Априлската ...
Премиерот изрази надеж дека се работи за момент на слабост на СДСМ и дека во иднина кога ќе се промовираат проекти во општините каде што градоначалници се од редовите на опозицијата тие ќе бидат присутни Премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што на денешниот настан во Делчево не беше присутен делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој е од редовите на опозицискиот СДСМ. Мицкоски беше на увид на градежни активности во рамки на ...