Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето В недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како ...

Скопски Центар е најважната и најбогата општина што има шанси да ја освои СДСМ во вториот круг. По првиот, бројките се во прилог на актуелниот градоначалник, но има доволно гласови од кандидати што веќе не се во трката, а може да пресудат Силите во вториот круг ќе ги измерат Горан Герасимовски и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ како кандидати на политички групации кои некогаш беа заедно Дождлив ден во скопски Центар. Животот си тече, а паралално врви ...

Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од утрово од 9 часот Излета товарно моторно возило на патот Скопје – Куманово, кај клучката за Хиподром, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму додаваат дека поради тоа овој патен правец е во прекин од утрово од 9 часот. Според АМСМ, причина за прекинот на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај клучката за Хиподром е излетано моторно возило, што го оневозможува нормалното ...

Осврнувајќи се на политичкиот опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера на настан во Општина Аеродром рече „СДСМ не е на биолошки минимум, туку пред исчезнување“ и оти на следните избори ќе бидат под 100 000 гласа Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска објави свои партиски анализи за резултатите од првиот круг од локалните избори, споредувајќи ги со оние на нивниот политички опонент, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ...

Според СДСМ, граѓаните јасно го поразиле и коалицискиот партнер на Мицкоски, партијата ЗНАМ, за која велат, како што велат, „требаше да биде тројански коњ за делење на СДСМ“, а сега е на пат на исчезнување Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи СДСМ е на пат да освои повеќе општини на овие избори отколку што ВМРО-ДПМНЕ успеала да освои на локалните избори во 2017 година. Од СДСМ истакнуваат дека ...

Дваесет и петгодишниот Нури пред денешното судење завршил на инфузија Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиштето на кое требаше да се донесе пресуда против 25-годишниот Фатон Нури кој на 1 јули годинава со мотоцикл на пешачка патека на кејот на реката Вардар во близина на Паркот на франкофонијата во Скопје го прегази 68-годишниот Југослав Николовски. Од Кривичен информираа дека рочиштето е одложено поради тоа што обвинетиот имал ...

Според МВР, тој со товарното возило „мерцердес“ што го управувал удрил во банкината покрај коловозот во близина на клучката кај Хиподром Возачот на товарното возило што денеска претпладне излета на патот Скопје – Куманово, кај клучката за Хиподром, се здобил со повреди и е пренесен во една од скопските болници, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму соопштија детали за несреќата поради која сообраќајот на овој дел од ...

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните „да го видат ова лице на СДСМ“, кое ја потценува и навредува пораката од изборите и порачаа дека токму затоа СДСМ треба да биде казнет во вториот круг Единствена паника која постои во ВМРО-ДПМНЕ е поради „очигледната непресметливост и забеганост“ на раководството на СДСМ, се вели во реакцијата од владејачката партија. Реакцијата доаѓа по денешните обвинувања од СДСМ дека во ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи ...

Државниот завод за статистика исто така објави дека просечната месечна бруто-плата за август била 68 180 денари Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето-платата, како што посочуваат од ДЗС се должи, пред сѐ, на зголемувањето на ...

Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВЛЕН, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВЛЕН. Поддршката, како што информираат од партијата, вечерва, е официјализирана ...

Путин додаде дека енергетскиот сектор на Русија се чувствува „сигурен“, иако новите американски санкции ќе доведат до одредени загуби Рускиот претседател Владимир Путин вели дека новите американски санкции се обид за притисок врз Русија, додавајќи дека тие нема да влијаат на руската економија. Тој ги нарече „непријателски чин“ што не ги зајакнува нејзините односи со САД, пишува„Гардијан“ повикувајќи се на државаната руска новинска агенција РИА. ...

Израелскиот Кнесет вчера гласаше за разгледување на два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на земјата Американскиот државен секретар Марко Рубио, предупреди дека одобрувањето на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег од страна на израелскиот парламент, потег што е еднаков на анексија на територии што ...

Како што информираа од Кривичниот суд, за осум лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое сè уште се трага исто така е одредена мерка притвор која ќе почне да важи од моментот за негово пронаоѓање Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд – Скопје за 12 осомничените за лихварство и перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за осум лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за ...

Двајцата министри истакнаа дека тој ќе овозможи поголема слобода и флексибилност за авиокомпаниите, поефикасно работење и нови услуги и подобри конекции, нови дестинации и конкурентни цени за патниците Договорот за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонија и Велика Британија потпишаа денеска во Лондон заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и британскиот министер за воздухопловство, поморство и ...

Кондарко рече дека решенијата на ДИК ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок, по што подносителите на приговори имаат право на второстепена правна заштита, односно тужба пред Управниот суд Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги одби сите 57 поднесени приговори во врска со првиот круг од локалните избори. Приговорите, од кои 37 се однесуваа на сумирањето на резултатите и 20 на постапката за гласање, беа одбиени како ...

Партијата ја отфрли тезата на Арсовска дека проблемот е намерно создаден од ВМРО-ДПМНЕ како површна, неточна и нелогична, а градоначалничката, пак, ги обвини дека со нивното однесување ја докажуваат својата вина Кризата со отпадот во Скопје денеска повторно е причина за политички пресметки меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Обвинувањата се околу тоа кој изминатите месеци ја блокирал работата на „Комунална ...

Упатувајќи честитики за освоените гласови на неговиот противкандидат, Мециновиќ рече дека меѓу нив има и од заплашени и уценети гласачи, луѓе што заради вработувања морале да донесат по 10 гласови Мециновиќ оцени дека многу граѓани кои претходно не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција за вториот круг Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција истакна дека ...

Тој нагласи дека секој следен потег на државата мора да биде низ призмата на тоа да се добијат гаранции дека тоа ќе биде последното барање, да се добие нешто опипливо и предвидливо што е важно за државата и граѓаните и Бугарија да покаже европски вредности и да одговори за македонската заедница во Бугарија Говорејќи за резултатите од првиот круг од локалните избори и за барањата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски ја предупреди ...

Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Најважно е да има дератизација на сите подрумски простории со цел спречување на ширењето и размножувањето на глодарите, посочи Герасимовски Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, откако ...

Кога оштетените не биле во можност да ги вратат позајмените средства, осомничените барале да им биде предаден или оптоварен имотот, пренесувајќи го на нивно име. Наплатата се вршела директно или преку трансакциски сметки Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), изврши претреси на повеќе локации низ Скопје и лиши од ...

Кошта нагласи дека ваквата одлука претставува многу јасна порака до Русија дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина сè додека е потребно и колку и да биде потребно, потенцирајќи дека му е чест што на Самитот е присутен и Зеленски, како претседател на, како што рече, идна земја членка на Унијата Европската Унија утрово го одобри 19. пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави ...

Мицкоски посочи дека секојпат кога пред нас стоеле темни времиња, кога се чинело дека Македонија ќе биде избришана, токму духот на ВМРО го чувал името, верата и достоинството на овој народ Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив ...

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (23 октомври 2025 г.) од 22:00 часот на МРТ 1 Теми за ова издание на емисијата: – Многу очи се вперени кон Карпош – ќе остане кај Стевчо Јакимовски или ќе го преземе Сотир Лукровски ќе решат оние што во првиот круг гласаа за Маја Мојсова (СДСМ), Антонио Димитров (Левица) и Невена Георгиевска (независна); – Пред вториот круг во Центар битка за гласовите на кандидатките што во ...

Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Најважно е да има дератизација на сите подрумски простории со цел спречување на ширење и размножување на глодарите, посочи Герасимовски Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, откако ...

„Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата општина во овој момент“, пишува Војнески на Фејсбук Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод Милосим Војнески, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека е време за обединување и ставање крај на ...

Во 11 општини има поднесено приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат откако ќе одлучи ДИК или евентуално Управниот суд во втор степен. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка Роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето течеа до вчера, а Државната изборна комисија (ДИК) ...

Според информациите од Лондон, како што посочи таа, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во ...

Кличко додаде дека, како резултат на непријателскиот напад врз Киев и падот на остатоците од беспилотните летала ноќеска во областа Подил, избувнале пожари во три станбени згради, а ударниот бран ги оштетил прозорците на неколку куќи Седум лица се повредени во синоќешниот руски напад со дронови врз Киев, објави утринава градоначалникот Виталиј Кличко. „Седуммина повредени во главниот град по непријателскиот напад ноќеска. Петмина од нив се ...

Чествувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, како што нагласува претседателката, е потсетување на нашата обврска да го негуваме и продолжиме светото револуционерно дело преку грижата и заштитата на вечните хумани принципи Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, ...

Скопје и понатаму тоне во смет. Дел од скопските градоначалници почнаа самостојно, со помош на други општини и приватни компании, да с еорганизираат за да го соберат ѓубрето. Во меѓувреме, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, повторно на социјалните мрежи обвини дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ги држат скопјани во заложништво со ѓубрето Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски за денеска го свика кризниот штаб со цел да ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1033
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1034
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
79%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
72%
1029
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
71%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 1ᴼ
4.12
76%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1031
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Родиум

258009.74

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Калај

42.35

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Паладиум

52470.02

Бакар

10.93