Од партијата потсетуваат дека Славески е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, близок соработник на Никола Груевски и министер во неговата влада, која, според СДСМ, ги понижувала работниците и ги третирала како евтина работна сила Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) најави дека ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народна банка, тврдејќи дека неговиот избор ќе значи „погребување на последната независна ...

Мицкоски вели дека станува збор за одлука на претседателот на државата, а не на Владата Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Трајко Славески да биде нов гувернер на Народната банка. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета на Желино. „Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на ...

Јарон Лишински и Сара Милграм, вработени во израелската амбасада во Вашингтон, беа застрелани во центарот на главниот град на САД. Тие беа убиени додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон Европските лидери го осудија убиството на двајца вработени во израелската амбасада пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека е ужаснат и додаде дека Велика Британија го осудува ...

Во инцидентот, како што информираат кумановските пожарникари, нема повредени лица Кумановските пожарникари интервенирале во гаснење пожар на патнички автомобил „бе-ем-ве“, кој се запалил во движење на автопатот во близина на граничниот премин „Табановце“. Инцидентот се случил вчера околу 23:10 часот. Возилото, со кумановски регистарски ознаки, го управувал 23-годишниот Д.П. од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната ...

Од 2 март, Израел ги држи граничните премини затворени, спречувајќи влез на хуманитарна помош, туркајќи ја територијата во состојба на глад што веќе одзеде многу животи Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за првпат по 81 ден целосна блокада наметната од Израел со затворање на граничните премини, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесува Анадолија. Исмаил aл Тавабтех, директорот на канцеларијата, за агенцијата ...

Според изјавите на сведоците, откако го извршил злосторството, напаѓачот се обидел да се прикаже како сведок и побарал помош од обезбедувањето на музејот. Така, веднаш по пукањето, Родригез се обидел да влезе во зградата каде што се одржувал настанот, но бил спречен од обезбедувањето Осомничениот за убиството на двајца вработени во израелската амбасада пред Еврејскиот музеј во Вашингтон е идентификуван како Елиас Родригез (30) од Чикаго, ...

Како мерка на претпазливост, грчката управа за справување со катастрофи издаде предупредување за цунами, испраќајќи СМС пораки до луѓето во погодениот регион. Сепак, цунами не е регистриран Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на островот Крит во Грција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот е лоциран на 80 километри североисточно од Ираклион и на 61 ...

Шефот на полицијата вели дека пред пукањето осомничениот бил забележан како шета надвор од музејот. Потоа се приближил до група од четири лица и извадил пиштол пред да отвори оган по што влегол во музејот и бил приведен од обезбедувањето Двајца членови на персоналот на израелската амбасада во Вашингтон, маж и жена, се застрелани и убиени синоќа во близина на еврејски музеј во центарот на Вашингтон, вели секретарката за внатрешна безбедност ...

Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, проследен со грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во опаѓање Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во текот на денот, како што се наведува во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд ...

Додека Русија, Украина, САД и европските сили разговараат за начините за завршување на повеќе од тригодишниот конфликт во Украина, борбите се интензивираа во некои делови од фронтовската линија, а војувањето со дронови продолжува Русија денеска соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила повеќе од 260 украински дрона, вклучувајќи и некои што се приближувале кон Москва, а аеродромите во главниот град биле накратко затворени поради ...

Белата куќа инсистира дека подарокот е легален, но веста за трансферот на авионот минатата недела предизвика голема политичка контроверзност САД прифатија луксузен авион дониран од Катар како дел од идната флота на „Ер форс уан“, предизвикувајќи бран критики – дури и од блиски поддржувачи на претседателот Доналд Трамп. „Министерот за одбрана го прифати ‘боинг 747’ од Катар во согласност со сите федерални закони и прописи“, изјави портпаролот на ...

Мохамед Синвар беше брат на Јахја Синвар, поранешниот лидер на Хамас, кој беше убиен од израелската армија во јужна Газа во октомври Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека израелската армија веројатно го убила Мохамед Синвар, де факто лидерот на Хамас во Газа и брат на убиениот лидер Јахја Синвар. „Елиминиравме десетици илјади терористи. Ги елиминиравме водачите на убијците – Деиф, Ханија, Јахја Синвар и веројатно Мохамед ...

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, информираат од кабинетот на претседателката. „При донесувањето на одлуката, претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот ...

Поголемиот син на премиерот се најде во центарот на вниманието кога со својот татко се појави за време на неговата посета на Вашингтон во јули 2024 година, кога се одржуваше НАТО-самитот Синот на премиерот Христијан Мицкоски, денеска слави матура, а веста на својот Фејсбук профил ја објави токму Мицкоски. Тој му посака на синот од октомври да се видат на Машински факултет, каде што тој работи како професор. „Синко среќна матура и добредојде во ...

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, информираат од кабинетот на престедателката. „При донесувањето на одлуката, претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот ...

Лавров посочи дека Западот веќе ја измамил Русија во 2014 година, кога извршил државен удар во Киев веднаш откако украинските власти и опозицијата постигнале договор. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска изјави дека не може да има прекин на огнот пред да има преговори за Украина и рече дека Русија нема да биде измамена од предлозите, прво да се прогласи прекин на огнот во Украина, а потоа да се премине на решавање на конфликтот. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио, минатата недела изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП во текот на следната деценија Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Русија произведува четири пати повеќе муниција од земјите-членки на НАТО. „Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши доказната постапка во случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судењето продолжува на 2 јуни со завршини зборови на Обвинителството. Адвокатите на Љупчо Палевски – Палчо и Боре Видевски, обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, тврдат дека доказите кои во главната расправа во случајот ги изнело Основното јавно обвинителство Скопје се ...

Латас, исто така во објава на својот фејсбук-профил, ѝ одговори на Ристоска и рече дека најавената тужба против него е можност да се реафирмира целото работење на СЈО, токму преку нејзиниот случај и нејзината тужба Јавната обвинителка Ленче Ристоска денеска побара од новинарот Драган Павловиќ-Латас да ѝ се извини за јавно искажаните клевети насочени кон неа во телевизиско интервју, како што вели, поради нејзината кандидатура за судијка во ...

„Тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети во јавноста“, кажа Мицкоски Премиерот Христијан Мицкоски денеска обвини дека некои минати раководства во АД МЕПСО им барале мито на инвеститори. Посочи дека таквите наводи во моменов се истражуваат, како и оти очекува истите наскоро да се објават во јавноста. Ваквите наводи, Мицкоски ги изнесе, одговарајќи на новинарско прашање при ...

Според доказите обезбедени од Обвинителството, осомничените во 2023 година станале членови на групата која дејствувала подолг временски период и која имала за цел да врши убиства од одмазда и по порачка – кривично дело за кое е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор Четворица членови на криминалната група Беланоца-Барон се уапсени во акцијата која утринава ја спроведоа Министерството за внатрешни работи (МВР) и ...

СДСМ јавно постави сериозни прашања, барајќи одговори дали станува збор за перење пари, дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на зградата и дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит Атина Мургашанска, советничка од СДСМ во Советот на општина Куманово, денеска на прес-конференција обелодени нов, како што го нарече, „скандал со шеми за станови“ во кој се вмешани градоначалникот Максим ...

Прашан дали промени ќе има и во пониските ешалони, со оглед на тоа што само тројца функционери од Алијанса за Албанците имаат поднесено оставки, Мицкоски рече дека прашањето за промени во пониските ешалони е стратешка тема за која дополнително ќе се разговара, земајќи ги предвид претстојните локални избори Премиерот Христијан Мицкоски вели дека секторот здравство останува во коалицијата ВЛЕН и додава дека предлог за нов министер очекува да добие ...

Градоначалничката на Скопје денеска изврши обиколка низ Општината Чаир и посети две градилишта за кои рече дека се дивоградби. Го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да изврши увид на посочените локации. Од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, побара да дојде на терен и да објасни како дозволува секаде низ неговата општина да се гради на диво. Му порача да не ѝ праќа луѓе да ѝ се закануваат зашто не се плаши Градоначалничката ...

Според најавата на Европската служба за надворешни работи, за време на средбата на Скопје, високата претставничка на ЕУ в петок ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Средби ќе оствари и со министрите за надворешни работи и за одбрана Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во петок ќе биде во посета ...

„Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија“, рече претседателката Предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го достави до Собранието, ќе биде еден од кандидатите кои деновиве се споменуваат во јавноста. Ова го потврди претседателката во изјава за медиумите по денешниот Форум за ...

Во описот на фотографијата Таравари вели дека е на средба со најевропскиот премиер Лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари со објава на фотографија на неговиот фејсбук-профил информира дека во Тирана имал средба со премиерот на Албанија Еди Рама. Во описот на фотографијата Таравари вели дека е на средба со најевропскиот премиер. Повеќе детали за средбата со Рама и за тоа за што разговарале, Таравари не сподели. Инаку, Таравари ...

Причина за прекин на сообраќајот, според АМСМ, беше изведување на технички активности Од 11:25 часот повторно е нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани, од крстосница кај селото Крупиште до крстосницата кај селото Спанчево, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од утрово во 9 часот, а сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат. Причина за прекин на сообраќајот, ...

Оттаму посочуваат дека според информациите во британските медиуми и од изјавите на тамошни политичари, може да се заклучи дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот Во интервју за британската телевизија Скај премиерот Христијан Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер Кир Стармер ќе разговара за примање на мигранти во земјава, како дел од договорот за ...

Повикувајќи се на сведочења од очевидци, од „Анима мунди“ велат дека постојат видеоснимки од безбедносни камери од настанот, кои потврдуваат дека се работи за свесен чин на насилство врз кревкиот и млад штрк кој завршил со сериозни повреди Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информира за случај на малтретирање и повреда на штрк од страна на група деца во Гевгелија. Повикувајќи се на сведочења од очевидци, од „Анима мунди“ велат ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1013
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
34%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
23%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.08
18%
1010
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.72
20%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
39%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
23%
1013
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
2.06
25%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
31%
1013
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1011
Currency

61.535

Currency

52.6621

Currency

71.2087

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74