Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денеска објавените податоци за два милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првата половина од годинава, оцени дека двата аеродрома годинава ќе ја завршат со над 3,5 милиони патници и оти набргу ќе имаат и 4 милони патници. Николоски, во одговор на новинарско прашање, оцени дека како резултат на владините политики во авиосообраќајот и отворените 28 нови авиолинии, ...

Од денеска до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на „Кичево филм фестивал“ кој, како што најавија организаторите, ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо. Фестивалската програма опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, настапи на диџеи и аудиовизуелни перформанси. Ќе биде организирано и свечено затворање на ...

Северна Кореја планира да ги прошири и зајакне своите нуклеарни вооружени сили, да ја модернизира воената инфраструктура и да ја зголеми борбената готовност на армијата. Мерките за модернизација на армиските капацитети биле донесени на проширена седница на Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја, со која претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што објави севернокорејската државна агенција КЦНА, претседателот ...

Осум лица се обвинети за наводен заговор за напад врз Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ), одржан пред Белата куќа на роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти американското Министерство за правда. Според Обвинителството на Федералната единица Колумбус, осомничените планирале да употребат беспилотни летала со експлозив за да ги натераат присутните на евакуација, по што снајперисти требало да ги нападнат лицата означени како ...

Пожар избувнал во рафинерија за нафта во рускиот Краснодарски крај, откако врз неа паднал дрон, но нема повредени лица, соопшти регионалниот оперативен штаб. Станува збор за рафинеријата во Илска, во Северскиот округ, што била опожарена откако врз инсталации на комплексот паднале остатоци од соборено беспилотно летало. Регионалните власти наведуваат дека, според првичните информации, нема жртви. Делови од дрон паднале и во двор на приватна ...

Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...

Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани. - Растот од 28 процентина бројот на патници во првите шест месеци ...

Чешката 21-годишна тенисерка Линда Носкова вечерва во полуфиналето на женскиот турнир во Вимблдон ја совлада Украинката Марта Костјук со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) и во саботното финале на лондонскиот грен слем ќе игра против осум години повозрасната сонародничка Каролина Мухова. Второто полуфинале на Вимблдон во женска конкуренција траеше еден час и 19 минути. Првиот сет беше израмнет до водство на Носкова од 5:4 во гемови кога чешката ...

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, денес ги објави парламентарните избори за 28 ноември, објавија палестинските медиуми. Абас издаде претседателски декрет со кој ги повикува палестинскиот народ во Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа да учествуваат на слободни и директни парламентарни избори за членови на Палестинскиот законодавен совет, објави Вафа. Според соопштението за медиумите, целта на овој декрет е „да ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи. Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и ...

Ѕвездата на мароканската фудбалска репрезентација Исмаел Саибари, поради повреда, ќе го пропушти натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Франција, кое е на програмата вечерва од 22 часот по средноевропско време во Бостон. Мароканскиот селектор Мохамед Уаби сите репрезентативци се подготвени за дуелот против Франција, со исклучок не Саибари. Новото засилување на Баерн Минхен беше повлечен од теренот на средина од првото ...

Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата финалистка на грен слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево во полуфиналето кое донесе фантастичен тенис ја совлада Американката Коко Гоф со 6-2, 1-6, 7-6 (12-10). Деветтата тенисерка во светот ја совлада Гоф за два часа и 35 минути и прв пат во кариерата се пласираше во финалето на лондонскиот грен слем. Мухова играше одличен тенис во првиот сет и со два брејка на сервисот на Гоф во третиот и ...

Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт попладнево на седница ги прифатија во прво читање предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научноистражувачката дејност, со заклучок да се проследат во натамошно читање. Пакетот-закони го претстави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, кој појасни дека тие се значаен дел од Стратегијата за 2026–2032. - ...

Три месеци преполн плоштад, раздвижени улици и кафулиња во кои се бара место повеќе. Но, кога ќе стивне летниот шпиц, нашите туристички центри буквално потонуваат во летаргија. Сезонскиот туризам носи брза заработка, но остава долги месеци празнина која сè почесто ја пополнуваат автобусите што ги носат младите надвор од земјава.Економијата „од сезона за сезона“ веќе не е доволна за да ги задржи младите професионалци. Без сигурност во текот на ...

Еколошкото здружение „Здрава котлина“ повикуваат на масовен отпор, стравувајќи дека истражувањата ќе доведат до отворање нови рудници, откако Владата распиша концесии за проспекциски геолошки истражувања за потенцијални рудници во Источна Македонија. Одлуката на Владата е објавена во Службен весник на 3 јули и е потпишана од вицепремиерот Љупчо Димовски, наведуваат од здружението, посочувајќи дека таа претставува почеток на нов бран рударски ...

Некомплетна документација, дискриминација при доделување средства за самовработување во плански региони, неефиканско трошење пари за обуки, сомнителни тендери,фаворизирање адвокат и членови на Управниот одбор земале паричен надомест иако не доаѓале на седница – ова се само дел од нерегуларностите што ги нотира извештајот на Државниот ревизор за работата на Агенцијата за вработување за 2024 година. Според извештајот на Ревизорот, Агенцијата за ...

„Лајкувај, тагни и освои“. Од вторник тоа веќе нема да биде толку едноставно. Ако досега за неколку секунди можевте да освоите телефон, ваучер, патување или друг подарок со само еден лајк и коментар на социјалните мрежи, од 14 јули правилата значително се менуваат. Секој што ќе организира дарување, попознато како „giveaway“, ќе мора претходно да добие дозвола од Министерството за финансии. Освен тоа, за подароците ќе треба да се плати и 18 ...

Обид да бидат запрени на граница со Aлбанија функционери на ВРЕДИ но и лице кое патувало со нив или само регуларна рутинска контрола која предизвика лавина реакции . Во изјава за ТВ 24 Заменик генералниот секретар на Владата Хасим Муртезани пак посочи дека сепак не станувало збор за спречување туку дека забраната се однесувала на лицето кое патувало со нив а не е функционер и дека токму поради тоа и покрај дипломатските пасоши кои ги имале ...

На покани без датум, време и место не одговараме, бидејќи се несериозни, велат за Телевизија 24 организаторите на Иницијативата за разговори за иднината во опозициската СДСМ. Оттаму се децидни дека нема да прифатат ниту една понуда за функции од страна на претседателот на социјалдемократите, Венко Филипче. Од иницијативата се категорични дека во СДСМ се потребни реформи со кои партијата ќе го врати својот курс и повторно ќе му припаѓа на ...

Обвинетиот сериски убиец од кумановското село Драгоманце, Трајче Бојковски, кој се товари за четири убиства и два обиди за убиства на денешното прво рочиште пред судијата кажа дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар. Иако прво одбиваше да одговори на прашањата на судијата, гледаше во плафон, се смееше и си го покриваше лицето, сепак се изјасни за невин. По неговото негирање на вина, неговиот адвокат Драган Трајковиќ ...

Лекот фостер од први август ќе биде достапен без доплата, со партиципација од 280 денари – но оваа цена ќе важи откако ќе се потрошат веќе постојните количини на лекот во аптеките чија цена сега е 1.081 денар. Во меѓувреме од Фондот за здравство тврдат дека замената на Фостерот - , „блоцета“ е веќе достапна во аптеките без доплата. По ставањето на нови лекови на позитивната листа, дел од граѓаните поднеле претставки до Фондот за некои од ...

Сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората, се вели во реакцијата од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која ја повика опозицијата да не го кочи носењето на Изборниот законик и да излезе со конкретен предлог. Оттаму повторуваат дека премиерот Мицкоски првин на сила, без политички консензус и спротивно на воспоставените демократски практики ја укинал ...

Европска комисија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска предложија Европска Унија да има можност да воведе санкции за кривични дела како што се шверцување мигранти и учество во организирани криминални групи. Се предлага да се воведат санкции за трговија со луѓе, огнено оружје, дрога и перење пари. Според предлогот, овие мерки би се вовеле за активности надвор од ЕУ кои директно влијаат на ...

Иран денеска лансираше ракети кон Јордан, но сите ракети се пресретнати, соопшти јорданската влада. - Управата за јавна безбедност ги активираше сирените откако ракети лансирани од Иран го нарушија воздушниот простор на Кралството. Заканите се пресретнати и неутрализирани, објави на платформата Икс портпаролот на јорданската влада, Мохамад ал Момани. Тој додаде дека армијата на Јордан е подготвена да се соочи со каква било закана. Иран ...

Случаите на трговија со кокаин во Албанија се зголемиле за 27,6 отсто во текот на 2025 година, додека запленетите количини се намалиле, развој што властите го припишуваат на промената во начинот на работа на криминалните мрежи и употребата на поприкриени методи на трговија со дрога, објавија медиумите. Според Националната стратегија за спречување и борба против организиран криминал и тешки кривични дела 2026–2030 година, трговијата со кокаин ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Беа разгледани и неприфатени 22 амандмани поднесени од ДУИ и Левица. Со поднесените амандмани се бараа дополнителни средства за инфраструктурни и патни проекти. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Амандманите на ДУИ се однесуваа на средства за ...

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи, никаде не се спомнува „Пулс“. Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука по медиуми, биле нарекувани со погрдни зборови, ...

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87