Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја заканата со воена акција. Индиректните разговори помеѓу САД и Иран завршија минатата недела без знаци за напредок кон траен мир, и покрај 60-дневното примирје насочено кон создавање простор за дипломатијата. - Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се заврши ...
Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија ...
Владата донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во винички Блатец. Оваа одлука претставува клучен чекор во заштитата на јавниот интерес и зачувувањето на природните вредности во овој регион – напиша на својот фејбук профил, градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски. Митко Костадиновски, градоначалник на о. Виница Во втората половина на февруари, со ...
За четири години треба да биде готов автопатот Скопје–Блаце, проект е вреден скоро 200 милиони евра.Почетокот на градбата се очекува во август, а според договорот, рокот за изградба е околу 4 години. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информираше дека веќе се избрани консултант и изведувач, додека постапката за надзор е во фаза на евалуација. Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека автопатот Скопје – ...
Клексаните веќе може да се подигнуваат на рецепт од аптека – Сепак и покрај ова, дел од граѓаните до редакцијата на ТВ 24 алармираа дека во некои од аптеките им било кажано дека се уште не го издаваат на рецепт со образложение дека чекаат известување од Фондот.... Од фондот за здравство велат дека од први јули лекот е ставен на позитивната листа и аптеките се должни да го обезбедуваат и издаваат на осигурениците на кои им е потребен.... ФЗОМ: ...
Армиската и полициската помош за гасење на пожари ќе биде сведена на минимум, доброволните противпожарни друштва се почесто ќе се справуваат со пламените јазици. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов - вели дека на дневна основа најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат на готовс. АРМ и МВР ќе бидат вклучени само во екстремни ситуациии и големи пожари. Доброволните противпожарни друштва по средбата со првиот ...
Ќе ја ескалира ли Венко Филипче кавагата со сопратијците во среда на ИО на СДСМ- или пак првиот опозиционер ќе ја спушти топката откако тој лично и од неговата партија секојдневно ги прозиваат учесниците на трибимната 12 :05 дека одработувата за Христијан Мицкоски, доека пак дел до нив им вратија дека токмуј Филипче и неговоро раководтсво играат за валста . Според информациите на ТВ 24 во неколку опции се на маса во СДСМ кои ќе завсии ...
Европската Комисија крои нови предлози за реформа на проширувањето – ќе ги стави на маса пред лидерите на ЕУ, на самитот во октомври. Ова го објави „Еуроњуз”, повикувајки се на тројца претставници на ЕУ. Според нив, проширувањето е на врвот на агендата на Унијата, поради Црна Гора која е се поблиску до финалната фаза за членство. Порачуваат дека ЕУ-членките, се подготвуваат за стратешка дебата на Самитот на есен, а Комисијата интензивно ...
Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протне шверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никаква контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, велат денеска од СДСМ... Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако ...
За власта инструмент за стабилни јавни финансии, повисоки плати и пензии и продолжување на капиталните инвестиции. За опозицијата, признание дека првичниот буџет бил нереално проектиран и оти државата оди кон поголем дефицит и нови задолжувања. Во матичната собраниска комисија продолжи расправата за ребалас на буџетот. Митко Трајчулески од СДСМ оцени дека ребалансот ја потврдува, како што рече, погрешната фискална политика на Владата и дека ...
Претставниците на парламентарните партии повторно седнуваат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни. Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии. Претставниците на парламентарните партии ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја поддржува идејата за електронско гласање доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Тој ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Гаши, денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка ...
Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени на бензините ќе бидат за еден денар повисоки од денешните а дизел горивото поскапува за два и пол денари. Тоа значи дека еден литар 95 ка од утре на бензинските пумпи низ државава ќе се точи по цена од 85,5 денари, 98та ќе чини 87,5 денари за литар,а новата цена на дизелот ќе изнесува 82 ,5 денари за наточен еден литар. Цена на горива Еуросупер 95 – 85,5 ден Еуросупер 98 - 87,5 ден Дизел 82,5 ден ...
Несовесно "дивеење" низ Охридското Езеро.Дури 52 прекршоци за само еден ден констатирала полицијата при големата акциска контрола.Деветмина од контролираните управувале пловни објекти под дејство на алкохол, директно загрозувајќи ја безбедноста на илјадници туристи во екот на сезоната.Од контролирани вкупно 63 пловила, кај речиси половина се откриени сериозни прекршоци. Се возело без задолжителна опрема, со необележани и нерегистрирани чамци, ...
Обвинителството презентираше СМС пораки и вибер комуникација помеѓу првообвинетиот Дејан Јованов и лица заведени во неговиот мобилен телефон како, „Началничка Марија“, „Цеце“, „Тодор Јованов“, „Весна Инспекторка приватен“, „Лазе Жти“, „Ацо командант“, „Магдалена Лиценца“, „Вики економија“ и други. Според доказите на Обвинителството, Дејан Јованов добивал информации за рации во „Пулс“, за понатамошно постапување и потсетување дека лиценцата ...
Надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик премина во политички препукувања меѓу власта и опозицијата за тоа кој што направил или не направил за имплементација за Законот донесен уште во 2024 година. Од опозициската СДСМ велат дека законот воопшто не се почитува а главен показател е тоа што досега во рок од две години, Министерството за култура и туризам го оформил само Инспекторатот за употреба на ...
Операционализирање на идејата секој ден во текот на летото, за време на сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување да се на располагање најмалку 120 доброволни пожарникари, е договорено на денешната средба на директорот за Дирекцијата (ДЗС) Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва. -Постигнавме договор секое Доброволно противпожарно друштво однапред да декларира одреден ...
На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД. Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. ...
Речиси 7.000 лица се спасени по двата разорни земјотреси и серијата последователни потреси во Венецуела, изјави претседателот на Националното собрание на Венецуела (АН), Хорхе Родригез. „6.462 луѓе беа спасени, 86.794 семејства добија помош, а 27.482 волонтери беа ангажирани“, рече Родригез. Како дел од податоците презентирани од владата по сеизмичките потреси на 24 јуни, Родригез објави нов официјален извештај со ажурирани бројки и објави ...
Претседателот на Европскиот совет, Анонио Кошта, ќе присуствува на самитот на НАТО утре и во среда во Анкара. Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда ќе се сретнат со домаќинот, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. „Посилна Европа значи посилно НАТО. Поголемите инвестиции во одбраната се претвораат во реални капацитети, поотпорна одбранбена индустрија и поголема подготвеност. Како што Европа ја ...
Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката ...
Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13 часот во земјава биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а пет пожари се изгаснати. Активен пожар е пожарот во м.в. Пармакови Ниви, во Општина Куманово каде гори сува трева. Изгаснати се пожарите во с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума), во Демир Капија, на депонијата кај Лепенец, с. Волково, Општина Ѓорче ...
Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. -„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за ...
Од полноќ ќе се точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 1,47 насто. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 2,5 денари по литар. Цените на бензините ќе бидат повисоки за еден денар по литар, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари. Единствено мазутот поевтинува – за 0,265 денари по килограм. ...
Комисија за култура и туризам, во рамките на 18. седница, денеска во Собранието треба да одржи надзорната расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“. На надзорната расправа, како што е најавено, поканети се министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик ...
Денеска ќе продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден собраниската Комисија за финансирање и буџет од општата, расправата да продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...
Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе седнат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни. Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии, објави 4news.mk Од СДСМ ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од утре се очекува ново зголемување на цените на горивата, како последица на растот на цената на суровата нафта на светските берзи. Според неговите проценки, дизел горивото би можело да поскапи за околу 2 до 2,5 денари по литар, додека бензините се очекува да имаат зголемување од приближно еден денар. Конечната одлука, како што посочи, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски објасни ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина го одбила предлогот за шестчасовен прекин на огнот во областа околу Костјантинивка, кој, според Москва, требало да овозможи безбедно предавање на посмртните останки на украински војници. Според руските власти, Украина имала рок до денес да се изјасни за предлогот, но, како што тврдат, не дала согласност за привремено запирање на борбените дејствија. Москва претходно објави дека нејзините ...