Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, во силна експлозија што вечерва се случи во станбена зграда во Монако. Според првичните информации, властите се сомневаат дека станува збор за терористички напад, а полицијата интензивно трага по осомничениот. Повредените се членови на исто украинско семејство, меѓу кои и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој е во тешка состојба. Безбедносните камери снимиле маж како остава ранец ...
Населеното место Бардовци денеска ќе биде без вода поради реконструкција на пумпениот дел во хидрофорот Бардовци и поставување на нова пумпа. А поради дефект на затворач на ул. Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од истата улица односно потегот од Дом на печатот до ул.Франклин Рузвелт и дел од ул.Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. ...
Преку ден многу топло, а од вечерва промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во текот на денот ќе достигнат од 30 до 39 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје, максималната температура ќе биде до 37-тиот степен. Променливото време со дожд и грмежи ќе се задржи до сабота. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...
Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, денес во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. ...
Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на близу 73 долари, сигнализирајќи зголемена нервоза на инвеститорите по новиот бран ракети во Ормутскиот теснец, што ги истакна ризиците во спроведувањето на договорот меѓу САД и Иран за нормализирање на транзитот. Барел сурова нафта на лондонскиот пазар попладнево се тргуваше за 72,97 долари, што е за 98 центи повеќе во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот ...
Бројот на жртви во двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на повеќе од 1.700 луѓе, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Во обраќање на државната телевизија, Родригез рече дека повеќе од 5.000 луѓе се повредени во земјотресите и дека повеќе од 15.000 останале без покрив над главата. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина ...
Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации за Венецуела, Џанлука Рампола дел Тиндаро, денеска соопшти дека ОН се подготвува за можноста бројот на жртви од земјотресите што неодамна ја погодија Венецуела да достигне до 10.000. Повикувајќи се на најновата официјална бројка од 1.450 жртви од земјотресот што се случи на 24 јуни, тој рече дека бројката „неизбежно и за жал ќе продолжи да расте“, пренесува Скај њуз. Тиндаро додаде дека ...
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот до Собранието е доставен ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека пратеничката група на СДСМ подготвува 10.000 амадмани на Изборниот законик. - Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни, напиша Филипче на Фејсбук. Собранието денеска ја утврди потребата од носење на Изборниот законик по скратена постапка. Партиите СДСМ и Левица најавија дека ќе го бојкотираат Изборниот законик затоа што ...
Жетвата на јачменот во овчеполието е во полн ек, додека жетвата на пченицата ќе започне час поскоро. Но, со намален род и ниски откупни цени земјоделците бараат итни интервентни субвенции и заштита на производството како стратешки култури. Mоменталната пазарна откупна цена е драстично пониска од трошоците неопходни за производство на еден килограм пченица и јачмен, тврдат од Националната земјоделска мрежа. Со оглед на зголемените цени на ...
Крај за пребрзото возење на влезот кон Охридско-струшкиот регион. Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“, кој досега функционираше само во Скопје, Куманово и Тетово, и официјално ја почна својата мисија на подрачјето на СВР Охрид. По финалните технички проверки, стручните екипи ги пуштија во функција камерите на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца.Од полицијата испраќаат јасен апел – на оваа делница дозволената брзина ...
Раст на производствените цени во домашната индустрија покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. На годишно ниво тие се повисоки за речиси пет проценти, а енергијата поскапела за повеќе од десет проценти. Во време кога Владата ја зголеми проекцијата за инфлацијата годинава на 4,5 проценти, економистите велат дека порастот на производствените цени на индустриските производи е еден од најважните показатели дали во наредниот ...
Принципијелен бил договорот околу поделба на реосрите за реконструкцијата на владата која ќе биде позната утре посочи премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема . Сепак не сакаше да ги коментира информациите кои излегоа од ВЛЕН дека добиваат 6 министерски места со новата реконструкција и повика на трпение до утре по завршувањето на седницата на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ . Во врска со информацијата која ...
Не стивнуваат политичките реакции за владината реконструкција која пополека се финализира и веќе утре се очекува да се знае кој ќе остане во владиниот кабинет а кој ќе треба да го напушти. Министерот за социјална, политика, демографија и млади Фатмир Лимани, за кого веќе се знае дека нема да продолжи со својата политичка позиција денеска изјави дека нема вечна функционерска позиција па затоа очекува сите кои ќе дојдат наредно да работат уште ...
Во 12:05 во среда со трибина насловена како „Разговори за иднината во 12 05“ – македонскиот „ДОС“ тргнува во поход. Игор Ивановски , Андреј Петров, Гордан Ѓорѓиев, Емилијан Станковиќ , Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски се ое очекува да бидат само дел од дебата на која ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои и опозициското делување. Според информациите на ТВ 24 1 јули не е случајно избран, бидејќи токму во среда се одбележува јубилејот - ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик и најави дека неговата партија ќе го блокира процесот доколку во законот остане политичката дискриминација. Законот ќе го блокира и СДСМ, меѓу останатото бараат измени на елетронското гласање на дијаспората... Претседателот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, денеска најави дека власта ќе ги поднесе измените на Изборниот законик во собраниска процедура без членот 76-д за кого забелешки има Левица, но не спомна ништо за забелешките на другите политички партии и неучеството на СДСМ од каде велат дека електронското гласање на дијаспората ќе донесе можност за изборни манипулации. Станува збор за членот што се однесува на ...
Ова е моментот за проширување, сега сте приоритет - на местото на Македонија би ја искористил можноста. Ваква порака испрати шефот на литванската дипломатија Кестудис Будрис, од Скопје. Изјави дека никој не може да даде гаранции за политичките процеси, а Македонија ќе треба да ги исполни обврските за уставни измени. Будрис најави дека од 1ви јануари 2027ма, Литванија ќе ја преземе палката за претседавање со ЕУ и ќе го стави проширувањето во ...
Обвинителството презентираше дел од обемната листа на докази за деветте обвинети полициски службеници во предметот поврзан со кочанската дискотека „Пулс“. Според застапничката на обвинението, станува збор за документација којашто била изработувана од страна на полициските службеници низ годините. Барања за поведување прекршочни постапки-докази коишто се изведуваат и се во насока на докажување дека имало голем број на нарушување на јавен ред и ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а за исто толку се зголемува цената на бензините, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во Доха. ...
Европска Унија ќе воспостави хуманитарен воздушен мост за да обезбеди брза поддршка на Венецуела по минатонеделните два големи земјотреси, при што загинаа најмалку 1.450 луѓе. Првиот лет е закажан во наредните денови и ќе носи околу 50 тони помош. ЕУ обезбеди пет милиони евра хуманитарна помош, при што средствата главно ќе бидат наменети за обезбедување сместување и здравствена заштита. Европска комисија наведе дека Венецуела, претходно оваа ...
Во заедничка акција на шпанската и италијанската полиција уапсен е шефот на криминалната организација Ндрангета, Доменико Павиљанити, познат и како „Дон Мико“. Тој е приведен вчера во Сорија, околу 200 километри североисточно од Мадрид. По Павиљанити е издадена европска потерница уште во 2022 година. Тој во Италија е обвинет за бројни кривични дела, меѓу кои насилни злосторства, трговија со дрога и перење пари. Павиљанити се соочува со казна ...
Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош - Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош - Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. - Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми - појасни докторката. Таа информираше и ...
Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидот на местото на ...
Режисерот и драматург Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст, потврди Драмски театар – Скопје. Со неговото заминување, македонската културна сцена загуби еден од најзначајните и највлијателни театарски творци, чија работа остави длабок белег врз современиот театар во земјата и регионот. Во текот на својата богата кариера, Миленковски реализира повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, поранешна Југославија и Европа. Неговата ...
Без потпис на Левица и со најави дека Димитар Апасиев ќе го блокира законот, власта заедно со ДУИ го поднесе изборниот законик. ТВ 24 го објави текстот според кој се предвидува електронско гласање на дијаспората, процентите за рекламирање 42% за власт и опозиција , по 8%за патенички групи , 5% за пратеници и 3% за вонпарламентарни партии. Левица нави блокада,бидејќи овој закон може да биде блокиран, иако според работната група, претставниците ...
Илјадници граѓани на Софија, синоќа за прв пат протестираа против новата влада на Румен Радев. Бугарите изразија незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Сепак главната причина за прптестите се лоцира во острите критики кон премиерот Радев, поради неговото владеење кое ја оддалечува Бугарија од европскиот пат, а конкретен повод се ...
Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки. Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Дополнетиот предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...