Повеќе од десет илјади луѓе во текот на изминатата ноќ се евакуирани од областите западно од Бордо, каде шумски пожари зафатија подрачје со површина од околу две илјади хектари. Локалните лвасти соопштија дека пожарот избувнал во близина на областа на заливот Аркашон, популарна туристичка дестинација, а меѓу евакуираните има голем број туристи кои престојувале во кампови. Префектурата соопшти дека околу 500 пожарникари се ангажирани во ...

Речиси 12.000 луѓе, главно туристи, се евакуирани од областа Ле Порж во југозападна Франција поради голем шумски пожар што зафати борова шума во близина на атлантскиот брег. Пожарот избувна во средата околу пладне, а до четвртокот се прошири на површина од околу 2.000 хектари шума – површина што е приближно трипати поголема од Гибралтар – соопштија локалните власти. Меѓу евакуираните има гости од кампови и други сместувачки капацитети, како и ...

Повеќе од 20.000 лица се евакуирани од југозападниот дел на Франција поради големите шумски пожари што продолжуваат неконтролирано да се шират низ департманот Жиронда, јавува Би-Би-Си. Огнената стихија досега зафатила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон, а француските власти постојано ги прошируваат зоните за евакуација. Првично биле евакуирани околу 12.000 жители и туристи, а подоцна на безбедно биле префрлени уште ...

Добивај вести на Viber Најмалку 19.000 луѓе се евакуирани поради најголемиот пожар во историјата на регионот Мадрид. Пожарот досега уништи околу 6.000 хектари, потврди претседателката на регионалната Влада, Исабел Дијас Ајусо. „Ова е катастрофа за регион со толку голема густина на население и станбени објекти. Никогаш не сме виделе нешто слично. Во овој момент наш приоритет е спасувањето човечки животи“, изјави Ајусо на прес-конференција ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Европа е солидарна со Франција и Шпанија, кои се соочуваат со катастрофални шумски пожари, и најави дека европските земји им испраќаат помош. Во Шпанија и Франција, повеќе од 250.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што беснеат во тие две земји, пренесува агенцијата АП. Во Франција, евакуации беа спроведени во делови од југозападните региони Жиронд и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европа е на страната на Франција и Шпанија, кои се соочуваат со катастрофални шумски пожари, и најави дека европските земји им испраќаат помош. Во Шпанија и Франција, 270.000 луѓе беа евакуирани поради шумските пожари што беснеат во тие две земји, јавува агенцијата АП. Во Франција, евакуации беа спроведени во делови од југозападните региони Жиронда и Ланд, а ...