Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јована Тренчевска, СДСМ Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ. По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7 денари, но оти конечната одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика. На новинарско прашање дали се очекува стабилизација на цените на бензините по мировните преговори меѓу САД и Иран и откако низ Ормускиот теснец веќе поминаа 55 бродови, Мицкоски посочи очекува во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел. ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш. ...
Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, која се одржа на 18 јуни 2026 година во салата на хотелоте Холидеј Ин во Скопје. На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, ...
Управата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта. Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш ...
Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем. Станува збор за активност во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: ...
Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март” во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед. На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка ...
Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на Даунинг стрит бил моментот со кој е најгорд во неговиот живот. „Свртивме нова страница во историјата на нашата земја по години разочарување и очај. Ова беше можност да ги промениме животите на милиони луѓе на подобро. Токму затоа влегов во политиката“, рече Стармер. Тој се сети како пред шест години го презел раководството на Лабуристичката ...
Иран и САД се согласија да формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан, кои го слабеат сегашниот прекин на огнот на Блискиот Исток, соопштија посредниците Пакистан и Катар, цитирани од светските агенции. „Страните се согласија да формираат група за управување со конфликти што ќе ги обедини страните и Република Либан и ќе биде предводена од посредниците, со цел да се обезбеди почитување на прекинот на ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се ...
Со изолирани ресорти, приватни базени, спа-центри од светска класа и извонредна гастрономија, Туркије се издвојува како врвна дестинација за луксузни романтични и свадбени патувања. Благодарение на лесната достапност преку глобални авионски врски и ВИП-услугите со богат избор на ексклузивни доживувања, земјата привлекува многу патници желни за незаборавни романтични искуства. Со својата медитеранска клима во текот на целата година, златни ...
Општина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавните површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на ...
Три лица се убиени, а пет се повредени во пукотница во училиште во централниот дел на Филипини, соопшти денеска филипинската полиција. Двајца осомничени се уапсени по пукотницата во Националното средно училиште Сан Хозе во градот Таклобан, кој се наоѓа во покраината Лејте, наведува полицијата. Пукањето се случило околу 9 часот наутро по локално време, соопшти полициската канцеларија на градот Таклобан, додавајќи дека е во тек истрага за ...
Гостувањето на Слаткаристика во „Полиграф“ кај Стефонатор донесе редок увид во тоа како еден артист размислува за искреност, вера и родителство пред детектор на лаги. Во текот на емисијата, тој повеќепати користи т.н. „кока-кола батон“ – можност да не одговори, наместо да лаже. „Гледам да не лажам, ако некам да кажам, притискам копче,“ вели тој, објаснувајќи дека свесно сака да избегне неискреност. Полиграфот покажува „пад“ на неколку ...
Утре со почеток во 09:30 часот, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје свечено ќе биде отворена меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″. Конференцијата, која ќе се одржи на 23 и 24 јуни 2026 година, ќе собере поранешни шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи ...
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал по само десет минути игра ја затресе мрежата на Саудиска Арабија и на својот прв натпревар како стартер на Мундијал постигна гол. Со постигнатиот гол тој влезе во ТОП 10 најмлади фудбалери, кои успеале да постигнат гол. Јамал има 18 години и 343 дена и е осми најмлад стрелец на Светско првенство. Најмлад стрелец на Мундијалите е легендарниот Пеле со 17 години и 239 дена, а потоа следуваа Мексиканецот ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат. Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на ...
Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност”, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на ...
Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“, денеска ќе биде промовиран стартот на работата на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација, чиј претседател е поранешниот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски. Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во EU House Skopje, а на него ќе бидат презентирани анализи и истражувања поврзани со економскиот развој, ...
Соопштение на СДСМ: Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови. Анализата на програмата „Платформа #1198″ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети. Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, ...
Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции. Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството ...
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денешното утро понеделник, 22 јуни во Македонија ни донесе ведро и топло време со високи утрински температури на воздухот. Најтопло ова утро е на Скопје Петровец и на Скопје Зајчев Рид со измерена температура од 21 степен. Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 10 степени. Денес попладне и рано навечер локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава ...
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање. За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. ...
Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила вчера попладне на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница. Поради несреќата од 15:45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци на патот Прилеп – Битола. „Во сообраќајната незгода учествувале три возила, при што пет лица се здобиле со повреди и се пренесени во Градската болница ...
На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува ...
Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. ...
Македонија повторно има причина за музичка гордост. Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година, откако во големото финале ја доби најголемата поддршка од публиката и триумфираше со повеќе од 50.000 СМС гласови. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Со оваа победа, 25-годишниот пејач ѝ ја донесе на Македонија четвртата титула во едно од најгледаните и ...
Мала ајкула денеска била забележана во плитките води кај Ханиоти на Халкидики, а видеото што го снимија туристи за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На снимката се гледа како морското животно плива на само неколку метри од брегот, додека во позадина се слушаат изненадените реакции на капачите. Видеото е направено во Ханиоти, едно од најпосетуваните летувалишта на полуостровот Касандра, каде што ...