Во Торонто, домаќинот Канада ќе го има своето мундијалско деби против Босна и Херцеговина во рамки на групата Б. Канаѓаните ќе се обидат со победа да го започнат настапот пред своите навивачи, додека Босанците посакуваат успешен старт на најголемата фудбалска сцена. Неколку часа подоцна, во Лос Анџелес ќе се одигра натпреварот меѓу САД и Парагвај од групата Д. Американците како еден од домаќините се под голем притисок да стигнат до трите бода ...

Натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој вечерва ќе се игра на стадионот „БМО Филд“ во Торонто, предизвикува огромен интерес кај јавноста, а посебно внимание привлекуваат најавите за масовна поддршка на „змејовите“ од трибините. Според проценките на дел од канадските медиуми, на стадионот би можеле да присуствуваат и до 30.000 навивачи на Босна и Херцеговина, што е бројка која би можела сериозно да ја надмине поддршката за ...