На 2 јануари, според верскиот календар е Свети Игнат. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување, она што ќе го правите и што ќе ви се случи на овој ден, ќе го правите и ќе ви се случува цела година. Од овој ден почнува да расте денот и почнуваат вистинските бадникови и божиќни обичаи и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник ...

Домакинќите уште рано изутрина замесија пресна погача за првиот празник во новата година посветена на Св. Игнат. Од овде започнува и верувањето дека што ќе правите во денешниот ден, така ќе ви врве целата година. Граѓаните на Штип велат дека според вереувањето од денес денот расте за еден иглен врв. На самиот почеток, а воедно и првиот празник од оваа година тие посакаа мир, здравје, среќа и неизмерна љубов, која како што велат е речиси отсутна ...

Кога свети Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Бил ученик на ап. и ев. Јован Богослов. Во народното верување на овој ден започнале родилните болки на Пресвета Богородица. Како што се пее во народните песни: „Се замачи Божја мајка, од Игната до Божика“. Именден утре празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка… Светата православна црква на овој ден го празнува ...

Игнатовден, односно Св. Игнат, е христијански празник кој православните христијани го слават на 2 јануари. Според едни верувања, на овој ден Пресвета Богородица ги добила породилните болки, но во преданијата на Православната црква јасно е нагласено дека таа воошто немала породилни болки. На територија на Македонија овој празник е проследен со многу суеверија, обичаи и верувања, а речиси сите православни верници сметаат дека она што го правите ...

Денеска, на 2 јануари се празнува Св. Игњат, како што некои велат, судниот ден за цела година. Според обичаите кои останале доследни уште од дамнешни времиња, овој ден бил пресуден за цела година, што ќе правите денес, ќе правите цела година. Кон оваа традиција се прикрепуваат и други верувања: да станеме рано изутрина, да се стоплиме, да не се караме, да се сложуваме… се со цел така да ни мине годината. Овој празник останал традиција кај ...