Француското обвинителство денеска соопшти дека се спроведува претрес во француската канцеларија на платформата X, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, во рамки на истрага покрената уште во јануари 2025 година. Според соопштението на Обвинителството во Париз, претресот го спроведуваат специјализирани оддели за сајбер-криминал, со учество и на Европол, јави француската телевизија BFM. Истрага по пријава на пратеник Како што ...

Француските истражни органи извршија претрес во француските канцеларии на X во Париз, како дел од истрага што се води во рамки на обвинителството во Париз и неговата единица за сајбер-криминал. Истовремено, сопственикот Илон Маск е повикан на т.н. „слободно сослушување“ (доброволно појавување) во април 2026 година, во постапка што постепено се проширува од технички сомнежи за алгоритми и податоци кон многу потешки кривични квалификации. ...