Вториот круг од локалните избори се одржува во општините каде што во првиот круг никој од кандидатите за градоначалник не освоил повеќе од половина (50% + 1) од важечките гласови. Во овој круг учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Процесот на гласање е ист како и во првиот круг, со цел да се обезбеди фер, транспарентен и таен изборен процес. Кој може да гласа? Право на глас има секој државјанин на ...
Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, недела, додека денеска традиционално гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците, лицата во домашен притвор, како и оние сместени во старски домови. Во овој изборен круг граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и советници на три избирачки места во општина Шуто Оризари. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според податоците од Државната ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината. Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале во првиот круг и упати апел до сите кои сè уште се двоумат да го искористат ...

