Добивај вести на Viber Акциите на унгарската енергетска компанија MOL пораснаа за 26 проценти од почетокот на годината по веста дека компанијата презема мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), што инвеститорите го гледаат како стратешки потег што ја зајакнува регионалната енергетска позиција на групацијата. Акциите на MOL пораснаа за 6,7 проценти минатата недела, а цената на акциите во еден момент достигна историски максимум ...

Унгарската групација MOL потпиша обврзувачки договор за купување на 56,15 отсто од акциите во Нафтената индустрија на Србија (НИС) од руската компанија Газпром нефт, соопшти компанијата во понеделник. Во соопштението се наведува дека со завршувањето на трансакцијата MOL ќе преземе мнозински удел и контрола над единствената рафинерија во Србија, што ќе ја зајакне позицијата на MOL на енергетскиот пазар во Централна и Југоисточна Европа. ...

Унгарската енергетска компанија MOL би можела да плати околу 1,4 милијарди евра за купување на 56,15 отсто од акциите на НИС, кои се во сопственост на рускиот партнер, објави унгарскиот портал Непсава, повикувајќи се на сигурни извори. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека мнозинскиот удел во НИС ќе биде платен меѓу 900 милиони и една милијарда евра. Од друга страна, брокерот Бранислав Јоргиќ посочи дека ...