Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода К.А.(31), М.Д.(52) и Г.Д.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(50) и М.А.(24), двајцата од Гостивар, поради постоење ...

Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...