Неколку десетици луѓе се убиени, а стотици се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, објави Би-Би-Си. Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека барот ја славел Новата година. „Најмалку 40 мртви“ ...
Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија. Повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени. Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви. Италијанското ...

