„Светот во кој живееме не е секогаш праведен. Јас мислам дека вие имате една добра претседателка, мислам дека имате една способна влада. Во секој случај, македонските граѓани, македонските носители на одлуки најдобро ќе знаат на кој начин да пристапат кон сето ова. Она што јас денес го кажав, излагајќи и говорејќи пред студентите на универзитетот во Скопје заедно со претседателката, мислам дека ќе имате избор – дали сакате да бидете во право ...

360°: Претседателе Милатовиќ, благодарам за ова интервју. Бевте многу пријателски настроен за време на дводневната посета на Скопје, рековте: „Овде сум како брат во братска земја“. Нема отворени политички прашања меѓу двете земји, но нема ни соодветно ниво на економска соработка. Трговската размена е, како што рековте и самиот, некаде околу 60-ина милиони евра. Рековте да се потрудиме во прво време да ја донесеме барем до 100 милиони евра. ...