Возбудата околу вештачката интелигенција (ВИ) во Давос беше дополнително засилена од заедничкиот потфат вреден 500 милијарди долари меѓу „Софтбанк“ (Softbank), „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Оркл“ (Oracle), кој беше најавен на настан со претседателот Доналд Трамп неделава во Вашингтон. Пристапот на САД треба да биде „аларм за будење“ за Европа да се организира и да инвестира во овој сектор, изјави извршниот директор на „Просус“ (Prosus), Фабрисио ...

Кога ќе стигнеме до вистинска вештачка општа интелигенција? Вештачката интелигенција (AI) која може да конкурира на луѓето во која било задача е сè уште далеку, но експертите сметаат дека нејзиниот развој е неизбежен. Извршниот директор на Google DeepMind, Демис Хасабис, изјави дека вештачката општа интелигенција (AGI) – систем кој ги поседува сите когнитивни способности својствени за луѓето – може да стане реалност во следните 5 до 10 години. ...

Додека традиционалните медиуми со години претпазливо флертуваат со вештачката интелигенција, италијанскиот дневен весник „Il Foglio IA“ отиде чекор понатаму и му претстави на светот нешто навистина револуционерно: првиот весник чија целата содржина, од наслови до најмали детали, беше напишана исклучиво од вештачка интелигенција. Уредникот на весникот, Клаудио Цераса, не го криеше својот ентузијазам за оваа иницијатива, гордо посочувајќи дека ...

Организираниот криминал станува се поопасен благодарение на употребата на вештачка интелигенција (AI) и други нови технологии, предупреди во вторникот Европол. Експертите од европските полициски сили со седиште во Холандија гледаат „фундаментална промена“ во средствата, тактиките и структурите на криминалците. Организираниот криминал дестабилизира сè повеќе општества, се повеќе се храни на интернет и значително се забрзува со вештачката ...

Паметни очила со вештачка интелигенција – дали е тоа иднината на компјутерите? Иднината на компјутерите ќе се врти околу паметни очила и слушалки напојувани со вештачка интелигенција, кои ќе можат да им помогнат на корисниците во секојдневните задачи, предложија директорите на Мета. Технологијата на Meta ја спојува дигиталната и физичката реалност Минатата година, Мета предложи нов пар паметни очила со зголемена реалност наречена Orion, кои ...

Истражувачки тим предводен од истражувачи од Универзитетот Корнел во САД разви прстен со вештачка интелигенција наречен SpellRing, опремен со микросонарна технологија што може континуирано и во реално време да го следи „разговорот со прстите“ на американски знаковен јазик (ASL). Во својата сегашна форма, SpellRing може да се користи за внесување текст во компјутери или паметни телефони користејќи знаци со прсти за спелување зборови, како што се ...

„Иднината е веќе тука - едноставно не е рамномерно распределена“, според авторот на шпекулативна фикција Вилијам Гибсон. Вака во „Прајсвотерхаускуперс“ - ПвЦ (PricewaterhouseCoopers-PwC ) го опишуваат чувството што одекнува од резултатите од нивното 28-годишно глобално истражување меѓу главните извршни директори. Станува збор за истражување со кое се опфатени одговорите од 4.701 главен извршен директор, кои го претставуваат секој регион на ...

Растечката потреба и побарувачка за енергетска ефикасност, попаметни мрежи и пониски оперативни трошоци ја поттикнуваат трансформацијата во индустријата за електрична опрема. Теоретски гледано, вештачката интелигенција би била мозокот што управува со различни елементи на мрежата, односно поврзани електрични уреди. Пазарот на капитал ја цени примената на вештачката интелигенција Користењето и развојот на вештачката интелигенција се голем плус за ...

Европските земји со години се мета на критики во однос на нивната продуктивност и често се споредуваат со Соединетите Американски Држави (САД) зад кои заостануваат во овој поглед. Експертите обично го наведуваат доцнењето на дигитализацијата како главна причина за овој јаз, со акцент на клауд-секторот и се попопуларната вештачка интелигенција (од англиски: artificial intelligence – AI). Минатогодишниот iзвештај за европска конкурентност на ...

Компанијата „Телеперформанс“ (Teleperformance SE), најголемиот оператор на повикувачки центри во светот, воведува систем на вештачка интелигенција што во реално време ги омекнува акцентите на индиските работници што зборуваат англиски, со што компанијата тврди дека ќе ги направи поразбирливи. Технологијата, наречена превод на акцент, заедно со отстранување на заднинскиот шум, се применува во повикувачките центри во Индија, каде што работниците ...

Младите банкари што користат вештачка интелигенција за да ги подготват своите резимеа треба да знаат дека се под лупа на агенциите за вработување. Зборови како „робустен“ и „педантен“ се знаци дека кандидатите за вработување во банкарскиот сектор користеле вештачка интелигенција за да ги подобрат своите резимеа, според фирмите за истражување на Волстрит. Други знаци се прекумерно користени фрази, како „постојано еволуирачки“ или кога ...